Бидејќи денес е прв училишен ден на децата, да се потсетиме за едукацијата на децата, за „учителите“ кои намерно ги касапат за некакви си „нивни идеали“
„
Секое дете е Бог на својот сопствен Универзум, а
едукацијата ја развива неговата контрола.
Не смее да се подучува ништо освен како да владее со својата околина.
Вистината е првиот услов; тоа мора да ги согледа сите факти научно.
Храброста е втор услов; тоа мора да ги зграпчи сите факти одлучно.
Организацијата е третиот услов; мора да ги интегрира сите импресии и прописи.
Мора да биде дозволен апсолутен авторитет над неговите реакции, но неговата тенденција да се прелаже себеси или да бега од реалноста мора да се каутеризира со упорно соочување со одбивните реалности.
Тоа мора да знае незамаглено, да се осмелува бестрашно, да одлучува интегрално и да молчи возвишено.
....
Едукацијата ги припрема индивидуите да се соочат со средината.
Од детството децата треба да се соочат со фактите кои се незагадени од објаснувањата.
Оставете ги да мислат и да делуваат за себе; оставете го нивниот вроден интегритет да се иницира самиот себе!
Наведете ги да ги истражуваат сите животни мистерии, да ги надминат сите опасности.
Лажноста и стравот се нивни единствени непријатели.
Нека присуствуваат на раѓањето, бракот, смртта; нека слушаат поезија, филозофија, историја; принудете ги на разбирање, но не и негово дефинирано изразување.
Наведете ги да се соочат со гребени, големи бранови, животни, и така сами да ја пронајдат сопствената формула на освојувањето.
Доверете им ја вистината неуморно, внимавајќи само да го направите нејзиниот опсег серазбирлив; доверете им ја за да ја употребат.
....
Секое дете е апсолутно.
Не осмелувајте се да му создавате
предрасуди или да го
ограничувате!
Дајте му на семето фер игра да проникне!
Во зрелоста неговиот ум ќе го усоврши својот вистински плод, кој е самоодреден и самоизбран!
Се осмелуваш ли да ја свиткаш таа нежност кон твоите каприци и теории?
Кој те преколнува да ги проценуваш Чудата скриени од твоите очи?
Наметник, глупав! Дали твоите претпоставки гарантираат чудесна мудрост?
Оставете го да ги сретне и измери работите, да ги одмери своите сили, да ја премине безбедно бездната
– Земјата пее: “Ако знаеш и сакаш, ти можеш!”
Целиот есеј е предолг (кој е извадок од
„Препород на Магиката“), но може да го прочитате
тука.