Ќе мора ти да прикочиш малку...
Со твојот говор што ми го одржа, мораше така, бидејќи скокаш текст намерно или не, возбуден можеби заради тоа што погрешно си разбрал дека секој атеист е глупак и слично... како да некој му е гајле или ќе те сопре да бидеш атеист или му е битно што си...
Биди атеист, не биди нижтожен ограничен глупак кој што нема толеранција. Тоа е првиот вид на атеист според Кроули.
Небитно ми е како ти личам... да сакав да ти изгледа убаво текстот, ќе вртев, ќе сучев ќе филувавме малку така...
НО со која цел би правеле така? Да ти се допадне Телема? Или јас да ти се допаднам?
Телема може да ти се допадне или не, да ја прифатиш или не само со читање на Книгата на Законот, Коментарите кон истата од Големиот ѕвер, како и многуте философски расправи кои ги има и од Кроули расфрлани низ неговите книги, а денес ги има и во книги од сегашни Телемити.
Не можам јас ништо околу тоа.
Како ти личи, твоја работа. Би било силување да те убедувам дека е нешто друго од тоа што ти го гледаш...
Ти спомна Ништожен глупак а не допиша зошто е така наречен од Кроули. Скокна со идејата нетолеранција, па Телема заминала и останати шеговити несериозни муабети.
Јас дополнив, ти почна со Телема заминала, нов еон... каде така? Ќе ме зезаш?
Тешко, не можам да имам толеранција кон нетолерантност. Извини.
Ако го имаш правото да бидеш што и да си избрал да си, не ги заморувај другите да бидат како тебе или ако имаат видување за нештата различни од твоите!
Не може да си нетолерантен кон другите.
А такви луѓе има и денес: наметливци, кои се повикуваат на слобода, толеранција но само кога ним им одговара, штом ќе дојдат до ѕид и некој ќе им каже, туркај си патот, никој не ти брани, има и друго - тие почнуваат да беснеат и да забегуваат.
“Every Star has its own Nature, which is “Right” for it.
We are not to be missionaries, with ideal standards of dress and morals, and such hard ideas.
We are to do what we Will, and leave others to do what they Will.
We are infinitely tolerant, save of intolerance.”
—
New Commentary, II:57