Да, не е лошо ако остане Скринијар и дојде Бремер, зашто у ниедно сценарио не беше можно да дојде Дибала и тимов да остане as it is.
Али ја мислам дека ако дојде Бремер ќе си иде и Шкринијар, така да тоа не е идеален развој на настаните за нас, затоа и беше добро да се земе Дибала и некако да се замаскира замиунвањето на Шкринијар во ПСЖ, пак ќе бевме јаки.
Вака и без Дибала останаа и постојат изгледни шанси и без Шкринијар да се.
Денес ваљда им е клучен ден за Бремер, и Јуве загризаа за него така да нема да е лесно со оглед дека они двајца битни стопери изгубија летово, и Киелини им отиде, плус добија добра пара за Де Лигт.
Марота е ставен у многу лоша ситуација, договара играчи а клубот не е во состојба да ги финализира тие трансфери, исто беше со Дибала кој чекаше и чекаше за да се создадат услови да дојде во Интер и на крај заврши у Рома, сеа можно е и со Бремер, у меѓувреме стрепиме за ПСЖ и Шкринијар.
Иначе Госенс има мала повреда на мускулот, ништо сериозно ама со оглед дека го изгубивме Перишич лево летово кој лани ни беше еден од најдобрите играчи, нема да е лошо да се убоде некоја алтернатива за лево периодов исто така, не ми делува на сигурна опција Госенс за цела сезона со оглед на тоа дека ланската повреда очигледно има лош ефект врз неговата физичка спремност, и лани реално воопшто не се изнаигра скоро цела година, и кога дојде кај нас дремеше на клупа зашто Перишич беше стартер.