Во случајот не се работи за стекнување на сопствени акции со издавање на нови сопствени акции. Сопствените акции си постојат уште од приватизацијата - 20тина години. Не издава нови. Главницата не се зголемува бидејќи колку внесе толку изнесе. Ако мнозинскиот акционер е толку сигурен во деловната способност на друштвото зошто не си издаде нови сопствени акции на друштвото (без проблем може да сии изгласа таква одлика) и тиј самиот нека си ги купи.Член 338 од ЗТД
Правата од стекнатите сопствени акции мируваат.
*Или во превод: Сопствените акции немаат право на глас ниту на дивиденда
Меѓутоа како што е опишано горе, купопродажбата се врши со добивката на друштвото и се внимава сопствените акции до денар да одговарат на добивката на друштвото за да од неа не остане ништо. На крајот на трансакцијата преку берзата акциите по број и структура биле како и пред тоа - исти, а добивката ја нема. На кој начин е зголемена главницата или неговата инвестициона способност?
Ако сопствените акции немаат право на глас ниту деивиденда тие соодветно одговараат за обврските на друштвото. Е сега се појавува проблем - Ем содружник ем правно лице. Ако некој доверител има за земање дали ќе земе од него како содружник или од него како правно лице?