Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија

Дали очекувате дека новата власт и новата Претседателка ќе го ревидираат Преспанскиот договор?


  • Вкупно гласачи
    291
  • Гласањето е завршено на .

PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.999
Поени од реакции
5.184
Јакимовски: Комито Мицкоски, не се плаши, потпиши гаранција дека ќе го поништиме францускиот предлог
Лидерот на Гром и градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски, јавно упати повик до лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски со кој му предлага, наместо да најавува собирање на 150 илјади потписи од граѓани за поништгување на францускиот предлог, едноставно заедно со него, да потпише гаранција дека кога ќе се смени власта дека овој договор ќе биде поништен. „Ајде комито не се плаши, ГРОМ е зад тебе!“, напиша на Фејсбук Јакимовски.

Се чини дека Стевчо (соседот со цела населба...) ај што му „раскина„ на Мицковски па сега уште сака секој Македонски тековен и иден неуспех да му го припише на Мицко...оанака, предвремено, за да си ги “изме рацете„.

Не можам да се сетам по што е „ГРОМ„ толку битна партија за Македонија, освен како партија-приврзок.
Автоматски споено мислење:

Џабе зборите си вие,кур не ги боли,мува не ги лази,и нив и тие до нив си лапаат тендери,профити,службени бенефиции,кола,телефон,патувања..и така и ако.
Прегледај го приврзокот 338848

Прегледај го приврзокот 338849
Типов го заболе(л) рукот за Македонија...најјаките патриоти се токму оние кои се физички најоддалечени од Македонија и од Македонскава бедотија.

Изгледа во Брисел убо‘ се живее...
 
Член од
1 ноември 2007
Мислења
81
Поени од реакции
249
Па,не знам баш.Мислам дека и не и се брза толку, дека беше блеф, а од друга страна па можеби била условувана со европски пари, ама пак со овој договор добија се што посакуваат.
За нивниот план знам отприлика што е.
Сега со потпишувањето на овој договор од страна на Македонија, Бугарија де факто има одврзани раце за делење на пасоши, бидејќи до сега ЕУ ги спречуваше и не и дозволуваше.
Сега после изборите во Бугарија, тие ќе си донесат закон во кој секој што сака да добие нивни пасош од Македонија, истиот да го добие како секој бугарски граѓанин, по редовна постапка, т.е што се однесува на нас тоа би значело бг пасош без пари, и верувај скоро цела Македонија ќе се бугаризира, тоа е нивниот план
Osven Albancite...niv ne gi sakaat.
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.067
Поени од реакции
23.515
Што ги обврзува да преговараат според оваа рамка ако дојдат на власт? Ништо.

Само со ова ќе се оствари желбата на Франција да се блокира Западниот Балкан од членство на ЕУ. И сето тоа изведено преку Бугарија.
Pa neznam, si velam odobruvanjeto od sobranieto.
I potsetime imam zaboraveno, sto ne obvrzuvase da pregovarame za imeto?
Pak nekoj tuka , oficijalen pretstavnik na vlasta se slozil da sedni na masa i da pregovara za nesto sto ne e za pregovaranje. Kako zavrsi toa, manje vise site znaeme.
 

Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.315
Поени од реакции
21.511
Не можам да се сетам по што е „ГРОМ„ толку битна партија за Македонија, освен како партија-приврзок.
За Македонија не, ама битна е за Северна, бидејќи пратеник од ГРОМ (кои беа дел од коалицијата со ДПМНЕ), во 2018 гласаше за промена на уставното име на Македонија, по што следуваше магично исчезнување на судски обвиненија против Стевче и негово пуштање од притвор.
 
Член од
25 јуни 2012
Мислења
2.498
Поени од реакции
2.407
Најголема лага што се сервира од Сдс е тоа дека МНОЗИНСТВОТО од народот било за Еу и Нато. Да, може било во 1991, ама во 2022 тоа мнозинство е претворено во 30% од народот што живее тука, и 10% кај етничките Македонци. Картата на која се манипулира членството “мора да влеземе ЕУ да се задржи власта“ (не велам народот намерно туку членството нивно, дека очигледно се плашат на улица да излезат од што народот ги сака), е карта која не пали. Значи не е прашањето дали сакате сакате влез во Еу и Нато по цена да се распродаде се што е поврзано со оваа напатена земја и нација, туку прашањето е дали воопшто сакате влез во Еу и Нато, а одговорот е 'не'. Грото од народот не сака да влага во сојузи со никој кој го уценува, го омаловажува и работи во интереси спротивни од Македонските, единствено сака да соработува со секој и да играме паметно со тие малку ресурси што ги имаме тутун, вино итн, не боли кур и ако запад си го мобилизира топовското месо тука како резултат на нашата “непослушност“ на тоа дека не сме сакале да бидеме уценувани веќе, веќе ништо не преостана да се изгуби, се е изгубено, кој живот можеш да го изгубиш кога нема живот тука никаков, меѓу другите работи токму и поради 30 години тунел визија дека Еу и Нато е единствен спас и дека готово умираме без нив, а од нив само штета и кур во раце за возврат. Затоа и минатото и сегашното, веројатно и идното Сдс и Вмро, кое се финансира од западни пари и во кое се инсталираат западни платеници има порака од нас глупавите луѓе кои ја влечеме земјата назад е дека сте провидни и дека со секоја постапка и прозападна изјава ви се намалува бројот, а нашиот се зголемува.
Најголема лага во Македонија е дека народот не треба да се замара со политика. Е затоа после гледаме како не се цени мислењето на мнозинството (голем број на луѓе не ни излегуваат на избори зашто се шири тоа размислување дека еден глас ништо нема да смени/глупо е да се замараш со политика и сл.). Пример за ова што го зборам:


Излезност во Германија: 76,6 %
Излезност во Македонија: 52,02 %.

Германија -- синоним за јака економија; светски познати брендови; скоро секој што сака да се исели од тука би сакал таму.
 
Член од
25 јуни 2012
Мислења
2.498
Поени од реакции
2.407
Па реално народот секогаш треба да биде прашан и на референдум да си го искаже своето мислење по било кое побитно прашање за државата...
Арно ама на тој референдум треба да излезат сите, се што е над 18 год. без разлика на партии, идеологии, нација, вера, раса, класа... топтан све што може да се движи до своето гласачко место, а не глупости од типот мене не ме интересира, не ме занима ништо, ја не искачам, ја ќе бојкотирам, ќе си праам ајвар и сл. Македонците ниту излегоа во доволен број на оној референдумот есента 2004 кој беше против новата територијална поделба на некои општини во државава, ниту пак народот излезе да гласа против Преспанскиот договор на 30ти септември 2018 иако фино лепо секој граѓанин си имаше демократска можност да си се изјасни, но не се направи тоа и после Цацко бил крив !
Има и една грешка во политичката сцена кај нас што како Македонци не сме обединети за важни прашања. ДПМНЕ-овците со години и години се понашаат како да се единствените патриоти, е тука е клучот на тоа зошто немало излезност во 2004, зошто народот не излегол против Преспанскиот и сл. Со текот на годините, патриотизмот се еквивалентира со бидување член на ВМРО-ДПМНЕ. Тука е згрешена работата.
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.325
Поени од реакции
7.683
Вие овциве комуњарски може до утре да квичите, но бојкотот си ја оствари целта - референдумот беше неуспешен и невалиден. Тоа го потврди и институцијата надлежна за тоа, и самиот пастир, јавно, на говорница. :icon_lol:

Така да, џабе уште коси кубење, референдумот беше неуспешен и невалиден, а промената на уставното име беше направена насилнички, на севернокорејски начин, со уценување пратеници, со поткупи, со амнестии. Пуштаа пратеници од притвор еден ден пред гласањето. Твоите "демократски" пастири газот си го избришаа со демократијата и правната држава, баш како во некој режим, и тоа е тоа.

Сакаа да има цензус за да може да си ги мијат рацете со народот, демек народот така одлучил, да не е вината само на Заев, ама јеби га, не им успеа обидот за damage control, и тоа е тоа, редно е вие штабскиве куртони да си продолжите со вашиот мизерен живот и да си барате други нешта за релативизирање.
Штом сите се овци комуњарски, тогаш вие али експрес патриотите се утепавте па во одбрана на тоа во што најмногу се крстите.
Ако народ толку му беше за името, требаше бар 800-900.000 гласови со НЕ да има.
Еве да речеме тоа се случеше, владата ако не го послушаше народот, тогаш народ ќе имаше право се да блокира. Крај краева и да наредеа на мвр да крши од ќотек (но ако има 300.000+ на улици, мвр ќе се приклучи), бар непријателите надворешни ќе видеа дека не сме до толку демотивирани и К не боли за све. Вака излегува дека сме утепани, за ништо во живот не би се бореле, ама за офкање први.

Ако владата сакала да измијат раце со народот, алиекспрес патриотите си измија рацето со пратениците кои потпишаа. Цел свет вложи огромни финансии и енергија (први светски ешалони слетуваа секој ден) да не прексрсти, вие алиекспрес патриотите не сакавте ни со прст да мрднете, бар да им ги поматиме плановите. БЕз труд и енергија, ништо не се добива, затоа џабе глумата.

Комуњарите и политичарите мува не ги лази што името е сменето, а и се понатака што ќе се случува, а вас ем ве боли и тешко, ем ништо не правите да не дојде до тоа. :toe:
 
Член од
14 ноември 2013
Мислења
7.251
Поени од реакции
22.924
Поздрав од Брисел, каков грев, ова е врвот на неговиот живот, да отиде на бацирака кај неговиот макро :pos:

Толку се вообразени и забегани што навистина немаат идеја што ќе се случи за две години. Толку се утепани што се умислени дека до крајот на животот ќе бидат на власт. Кое врескање ќе биде тоа, ДПМНЕ/Левица колку повеќе ќе ги крши од ќутек толку повеќе поддршка ќе имаат. И во најдоброто сценарио за нив, рецимо "конструктивно" ДПМНЕ кое не оди по големите риби ко Заев, Рада и Обиџуко (па и некои средни), овие пацериве што ќе останат од Б и В тим ќе го јадат за сите заедно. А нема да имаат ни имунитет ни џандари да ги бранат ако некој случајно по грешка им запали кола или ги ишамара пред влез. А ако по некоја среќа дојде најлошото сценарио за нив, реваншистичко ДПМНЕ со Левица во влада... има да биде многу многу гадно за нив.
 

The Savior

Is with me
Член од
29 јули 2021
Мислења
5.114
Поени од реакции
9.787
Ако народ толку му беше за името, требаше бар 800-900.000 гласови со НЕ да има.
Тоа така си размислуваш ако сеуште веруваш дека во МКД живеат 2 мил.жители...
 
Член од
29 декември 2007
Мислења
579
Поени од реакции
1.359
Генчовска: Македонски јазик не признавме и такво нешто ќе нема во документите во ЕУ
им се посра во уста, одма, ни ден не почека...

толку дибеци во властта, ама и опозицијата...собери потребни потписи, да се свика РЕФЕРЕНДУМ со 3 точки
1. Преговори со ЕУ по француски предлог и блгарски протокол
2. Конфедерација со Турција
3. Конфедерација со Србија
Албанија и Блгарија не треба, тие се е во точка 1
Па да видам дали ЕУ нема да го повлече француско-блгарскиот предлог, посебно СЕГА кога Турција влегува во Брикс
бај тхе веј имаше Фродем идеја за конфедерација со Турција, мислам уште кога беше ветото на Макрон
Јас мислам кога веќе не сме држава туку некаква територија најдобро да бараме да сме американска територија. Нешто статус на ниво на Порторико. Кога веќе ни го променија името , и заебаваат кој кога стигне, ред да се сожалат над ретардираното и несмасно дете кои тие го створиа и да се грижат за нас. Нема што да му мислиме веќе. Имало дупки на некоја улица, протести пред американска амбасада. Поскапело горивото, протести пред американска амбасада. Премиерот ни е кретен, протести пред американска амбасада.
Ако САД не не храни и брани, тогаш не ни останува друго да си го вратиме името и да си бараме друг спонзор, Русија, Кина, Папуа Нова Гвинеја, Гватемала и шо годе…
 

Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.315
Поени од реакции
21.511
Штом сите се овци комуњарски, тогаш вие али експрес патриотите се утепавте па во одбрана на тоа во што најмногу се крстите.
Ако народ толку му беше за името, требаше бар 800-900.000 гласови со НЕ да има.
Еве да речеме тоа се случеше, владата ако не го послушаше народот, тогаш народ ќе имаше право се да блокира. Крај краева и да наредеа на мвр да крши од ќотек (но ако има 300.000+ на улици, мвр ќе се приклучи), бар непријателите надворешни ќе видеа дека не сме до толку демотивирани и К не боли за све. Вака излегува дека сме утепани, за ништо во живот не би се бореле, ама за офкање први.

Ако владата сакала да измијат раце со народот, алиекспрес патриотите си измија рацето со пратениците кои потпишаа. Цел свет вложи огромни финансии и енергија (први светски ешалони слетуваа секој ден) да не прексрсти, вие алиекспрес патриотите не сакавте ни со прст да мрднете, бар да им ги поматиме плановите. БЕз труд и енергија, ништо не се добива, затоа џабе глумата.

Комуњарите и политичарите мува не ги лази што името е сменето, а и се понатака што ќе се случува, а вас ем ве боли и тешко, ем ништо не правите да не дојде до тоа. :toe:
Бафра, смири живци, постот мој се однесуваше на комуњарите кои уште квичат за референдумот и пробуваат да префрлат вина на народот, а толку ревносно агитираа дека ако сме сакале да го зачуваме името, требало да излеземе да гласаме Против. Веројатно дека многу добро ни мислеле. :icon_lol:

Ако ти делиш исто мислење со комуњарите, не значи дека си комуњар и дека требаш да се вреѓаш од мојот пост, туку само си наивен и политички неписмен.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom