Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија

Дали очекувате дека новата власт и новата Претседателка ќе го ревидираат Преспанскиот договор?


  • Вкупно гласачи
    291
  • Гласањето е завршено на .
Член од
16 октомври 2020
Мислења
2.626
Поени од реакции
5.558
Аууууууф е ова е веќе врвот, човекот кој правно не убедуваше дека бојкот на референдум е спас на името, кој беше лидерот поради кој седевме дома и не гласавме сега ќе ја спасува државата преку референдум, која трагедија е ова од епски размери, а да си излеговме машки на првиот рефенредум немаше да има ништо сега од ова, арно ама ......
Па баш бојкот на референдумот ги спречи квислинзите да го сменат името и затоа беа приморани со сила во собрание да ја легитимизираат промената. И тоа со купени пратеници од ДПНЕ.
 

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.497
Па реално народот секогаш треба да биде прашан и на референдум да си го искаже своето мислење по било кое побитно прашање за државата...
Арно ама на тој референдум треба да излезат сите, се што е над 18 год. без разлика на партии, идеологии, нација, вера, раса, класа... топтан све што може да се движи до своето гласачко место, а не глупости од типот мене не ме интересира, не ме занима ништо, ја не искачам, ја ќе бојкотирам, ќе си праам ајвар и сл. Македонците ниту излегоа во доволен број на оној референдумот есента 2004 кој беше против новата територијална поделба на некои општини во државава, ниту пак народот излезе да гласа против Преспанскиот договор на 30ти септември 2018 иако фино лепо секој граѓанин си имаше демократска можност да си се изјасни, но не се направи тоа и после Цацко бил крив !
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.576
Поени од реакции
27.413
Да, ама кај виде дека грците Струм ја викаа Струмица?
Струм, стрим ми личи на индоевропска, чим го има и кај англискиот stream со слично значење.
А реката е наречена по едно од Македонските племиња, Струмјани.
 
Член од
23 септември 2015
Мислења
889
Поени од реакции
443
Ни народот ни политичарите не ни одлучуваат да бидеме реални....други држави одлучуваат е сега дали преку сдс или преку ВМРО или друга партија ке се спроведи то што е предвидено не битно тоа што е зацртано ке се оствари
 
Член од
3 јуни 2022
Мислења
1.599
Поени од реакции
3.861
Ќе беше чудно Жмицко и компанија од типот Тимчо да не измислат некоја ваква фора со која им даваат шанса на Сдс/Дуи наместо да останат доследни дека нема уставни промени и тоа е тоа. Ама кога јајцата ти се под кирија во странски амбасади тоа ќе се случува, барем Апасиев се надевав дека не е толку глуп ама..
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.854
Поени од реакции
36.889
Глупости живи е ова со референдумот. Излезноста не може да се достигне ако еден политички играч се реши да бојкотира. За Преспански договор со цела машинерија, странски фактор, плус со цел шиптapски блок не успеаја да го достигнат, нема да се достигне ни сега.

Треба да го блокираат цело Собрание, да го искористат фактот што имаат секаде нивна локална власт и да ги натераат на предвремени избори.

Ова е утната стратегија.
 
Член од
28 август 2013
Мислења
4.418
Поени од реакции
13.439
Глупости живи е ова со референдумот. Излезноста не може да се достигне ако еден политички играч се реши да бојкотира. За Преспански договор со цела машинерија, странски фактор, плус со цел шиптapски блок не успеаја да го достигнат, нема да се достигне ни сега.

Треба да го блокираат цело Собрание, да го искористат фактот што имаат секаде нивна локална власт и да ги натераат на предвремени избори.

Ова е утната стратегија.
Викаш овојпат бојкотот ќе се важи? :D
 

ultras1988

4600
Член од
6 февруари 2014
Мислења
3.028
Поени од реакции
7.131
Па баш бојкот на референдумот ги спречи квислинзите да го сменат името и затоа беа приморани со сила во собрание да ја легитимизираат промената. И тоа со купени пратеници од ДПНЕ.
Една работа ме интересира, колку труд вложувате да се убедите во лагата дека со бојкотирање на референдумот сте спречиле нешто, спречување значи таа одлука да не се донесе а не да се измени начинот на кои тие ќе го спроведат сценариото, дали купиле 8, 80 или 180 пратеници е тотално небитно кога тие ја оствариле својата цел а тоа е промена на името и редефинирање на државата а ти на крајот од денот си губитник кој си дава лажна претстава и се лаже самиот дека со тоа што седел дома спречил нешто, сме спречиле ралеее.
Имавме златна шасна со референдумот, масовно излевање, гласање ПРОТИВ, спречување со тоа на Преспански договор кои ќе немаа начин како да го спроведат после успешен референдум, нови избори по кои СДСМ ќе паднеше и немаше да добиеме таква катастрофа од држава која имаме сега во каква што живееме.

И една битна поука мислам дека е во Швајцарија или можеби друга држава но имаа такво правило, на референдумот нема цензус и секоја одлука која ќе се донесе со него е правосилна а за тие што не излегле да гласат се подразбира дека немат мислење за тоа прашање и се согласуват со мислењето на тие што гласале, по таа дефиниција во нашиот случај сите што седевме дома се согласуваме со одлуката која ја донеле оние кои излегоа да гласат на референдумот а тоа е ЗА прифаќање на Преспанскиот договор, убава поговорка си имаме ние за тоа, после ебење нема каење.
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
Да, ама кај виде дека грците Струм ја викаа Струмица?
Струм, стрим ми личи на индоевропска, чим го има и кај англискиот stream со слично значење.
Strimon и Astibo се означени како латински имиња иако немаат никакво значење на латински. Stream на латински е amnis. И ако одиме со аналогија со Bardarium, тие реката Струма ја именувале по месниот назив Струма. Ова не се факти извадени од научни книги, туку поврзување на точки.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.854
Поени од реакции
36.889
Викаш овојпат бојкотот ќе се важи? :D
Сите знаеме дека сега ќе се важи. Не им ја сфаќам поентата, јасно е дека нема да успее референдумот. Чуму референдум?
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
Левица да немаше пратеници во Собранието, кои туркаат интензивна националистичка пропаганда, чисто се сомневам дека Дпмне ќе преземеше било каква иницијатива за сузбивање на правната сила на Францускиот предлог.

Ќе одеа со класичната пропаганда "продадовте сѐ" и без да мрднат со прст ќе добијеа политички поени. Во тој конкретен случај, со својата пасивност, ќе беа коизвршители. Баш поради таа националистичка пропаганда на Левица, имаат конкурентност за борба за слично гласачко тело, тело кое го гледаше недостатокот од интерес за политичка борба и зачувување на националниот идеал кај Дпмне со постојниов политички врв.

Таа политичка пасивност може да резултира со губење на дел од постојното гласачко тело, што преку прелевање кон друга поактивна политичка структура, што преку губење интерес за гласање. Истата се пресликува од избори кон избори каде се помалку и помалку граѓани излегуваат на гласање.

Секоја голема, а воедно и штетна, политичка одлука ја дадоа без борба. Од Преспанскиот договор (за кој обезбедија и пратеници), законот за јазиците, законот за државјанство (за кој обезбедија и кворум), методологијата на пописот, дури и за Договорот за добрососедство и пријателство со Бугарија и последователните комисии и тела кои беа во причинско-последична врска со тој договор.

Молчеа и пред сквернавењето на образованието со "Мила Царовска програмските политики" чија ретардираност отиде дотаму да забранува учебници во училиштата и зборови во нашите речници!

Молчеа и пред сегрегацијата на народот по здравствениот (вакциналниот) статус, апсолутно никаде ги немаше. Имаа пенал по пожарот во Тетово. Го промашија. Од нивното европско здравство починаа 9.000 граѓани. Целиот здравствен систем колабираше, а тој Клинички центар сеуште е само една обична скица која фаќа прашина повеќе од 10 години.

Тука се и енергетската криза зачинета со огромна инфлација. Дури и целата Влада падна. Што повеќе им треба?

Добија и лотарија на локалните избори кога и дел од партиското раководство на Сдссм одлучи да се кандидира независно, а дел се врати кон својата политичка матрица (албанската, па и дел назад во Дпмне) и направија чистка на политичката мапа. И испливаа на површина, сега имаат и техничка логистика и финансиска инекција од локалните самоуправи. Можат да ја блокираат речиси целата држава. Да организираат протести во секој поголем град. Згора на сѐ, на чело на Сдссм е тотален политички анонимус, човек кој не ужива голема доверба во самата партија, човек кој во овој момент заостанува зад Мицкоски на сите излезни анкети.

Дали треба референдум? Апсолутно да. 3/4 од граѓаните не го поддржуваат овој Предлог кој сеуште го кријат од очите на јавноста, а чисто се сомневам дека албанското гласачко тело ќе биде мотивирано да излезе на гласање. До собранието доставија само Информација, потпишана од Ковачевски, за преговарачката рамка, во која немаше апсолутно никаква информација за содржината од тој Предлог, па и од Спогодбата која ја потпишаа денес со Бугарија. Одма ЕУ се произнесе дека јазикот не е признат и одма став на бугарската дипломатија која не го признава македонскиот јазик! А и која е ЕУ да ни признава јазик, која македонскиот јазик е признаен во ООН од 93-та!

Убаво е сите прашања да се решат билатерално, но тука сме во подредена улога. Ако нешто не прифатиме, одредена формулација или бугарски научен факт, може да добиеме ново вето. Тешко дека Бугарија ќе отстапи од сите точки и барања и ќе дозволи почеток на преговорите на Македонија со отворени билатерални прашања, само да се смени Уставот на Македонија! Дури и последново е само обичен морков, најголемата политичка пречка на владиното мнозинство затоа што нема доволно пратеници за промена на Уставот, а притоа немаат ни внатрепартиска политичка сигурност за задржување на власта по наредните парламентарни избори.

Ако дојде до референдумско изјаснување, ќе излезам и ќе гласам Против овој предлог. Доволно беа уцени и закани, барања и сопки. Згора на се, ако и утре го добиеме тој датум, и да ги имплементираме сите реформи, полноправна членка нема да станеме ни во наредните 2 децении.
 

LepiDzoni

Profesionalen ulichen cigan
Член од
25 јули 2014
Мислења
1.383
Поени од реакции
3.581
Apasiev predlaga t.n. dopolnitelen referendum za da se izjasnat gragjanite na vekje donesenata odluka na sobranieto za prifakjanje na francuskiot predlog. Ako referendumot uspee, vcerasnata odluka na sobranieto se ponistuva.

Od druga strana Mickovski ja prifakja odlukata na sobranieto od vcera i odi cekor ponataka na se ili nishto varijanta predlagajki referendum koj ako uspee ili ne uspee, dava izgovor za vmro da pridonese vo moznite ustavni izmeni vo bliska idnina.

Bez razlika dali bilo koj od ovie dva predlozi ke bide prifaten i uspesen ili neuspeshen, tie definitivno ne se identichni predlozi so toa shto edniot od dvata e ochigleden trojanski konj za makedoncite.
 

kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
13.524
Поени од реакции
24.801
Аууууууф е ова е веќе врвот, човекот кој правно не убедуваше дека бојкот на референдум е спас на името, кој беше лидерот поради кој седевме дома и не гласавме сега ќе ја спасува државата преку референдум, која трагедија е ова од епски размери, а да си излеговме машки на првиот рефенредум немаше да има ништо сега од ова, арно ама ......
sigurno nemase nisto da ima...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom