Апсолутно е напад на македонскиот јазик и идентитет. Тоа е и целта на Бугарија.
Види да ти објаснам.
Значи секој национален идентитет се заснова на некоја голема борба или војна во која победила нацијата. Наша таква победа е втора светска војна во која вака или така, се најдовме на правата страна и ја победивме фашистичка Бугарија.
Таа победа е ОСНОВА НА НАШИОТ ИДЕНТИТЕТ.
Бугарија сега сака да го уништи тоа, да се заборави нејзиното фашистичко минато и да ни го потпикни со ЕУ куртон. Ако успее во тоа, автоматски нема да има македонска нација пред 1945 година, ниту македонски јазик.
Има посебна клаузула во договорот дека нашиот јазик ќе биде признаен од ЕУ како македонски јазик ако влеземе (освен Бугарија). Па нема никаква врска ова.
Не гледам како е основа на нашиот идентитет. Фактички ништо историско не е битно за нашиот идентитет, тоа само историчари и националисти го фермаат. 95% од Македонците ти гарантирам дека пред ветото не ни се СЕЌАВАА дека го учеле ова со фашистичка Бугарија во школо.
Идентитетот на просечниот човек е формиран главно од културата на државата, односно од сегашноста. Историчари и националисти го преценуваат знаењето на просечниот државјанин за неговата историја - јас би рекол дека историјата има само околу 5% удел во државниот идентитет.
Меѓу другото, што е со другите земји околу нас? Дали тие предаваат за фашистичка Бугарија (стварно не знам)? Ако е да, тогаш тоа што нас ќе ни го сменат нема да има никакво влијание бидејќи на светска стаза, Бугарија веќе ја гледаат како фашистичка во минатото. Ако не, и ова само кај нас се предава, тогаш на светска стаза не можеме ништо бидејќи светската историја не ги гледала како фашисти. И ова пак ми потврдува дека оваа концесија е потполно незначајна и во двете случаи.