Дискусија за Атеистите, Исламот, Христијанството и останати убедувања

Член од
3 јуни 2018
Мислења
309
Поени од реакции
135
E што кажа лошо дека Бог ја спасил.
Адвентистичка секта можда
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.901
Поени од реакции
5.030
Шо прајме со секташкава?
Родители има ли девојчево или и они се дабетер?
Или е во некоја секта или не е арна со паметот.

Однесувањето и‘ е типично и лесно препознатливо како „протестантско„. Дури и да се работи за Божја интервенција во лекувањето на болеста, тоа никако не треба да биде „споделено„ преку социјални мрежи, туку дотичнава треба смирено и благодарно да ја прифати волјата Божја, без поставување вакви видео-записи.

Од друга страна, не е ниту прва ниту последна која се излечила од „ковид„ па тоа лечење по автоматизам да биде причина за повикување на името Божјо, и тоа јавно и суетно.
Автоматски споено мислење:

Читај Нов Завет, таму све убо е запишано...
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.901
Поени од реакции
5.030
E што кажа лошо дека Бог ја спасил.
Адвентистичка секта можда
Не е проблем што Бог ја спаси(л), туку проблем е што дотичната тоа го разгласува по социјални мрежи, наместо дискретно да Му заблагодари на Севишниот за нејзиниот продолжен живот во овој Свет.
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.901
Поени од реакции
5.030
Каде поточно во новиотт завет пишува тоа
Во евангелието по Матеј, 27.50, одземено е свештенството од еврејските првосвештеници.

Во евангелието по Матеј, 16.18, Господ Исус го најавува создавањето на Црквата.

Во Делата Апостолски, 2.1-24, Светиот Дух ги посочува Апостолите како први свештеници во Црквата.

Во Делата Апостолски, 2.42, го гледаме крштевањето од првите верници во Црквата Христова.

Во Галатјаните 1,19. споменат е Св.Ап. Јаков, братот Господов, кој е првиот ерусалимски епископ.

Плус, во евангелието по Лука, 5.36-5.39, симболично е најавена замената на Стариот со Новиот Завет.
 
Последно уредено:

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.163
Поени од реакции
12.143

А Исус, откако повторно извика со висок глас, го испушти духот.

А Јас тебе ти велам: ти си Петар и на тој камен ќе ја изградам црквата Своја, и вратите на пеколот нема да ја надвладеат.

Петар значи карпа. Ти си карпа и на тој камен .. :)

Ова е предолго за копирање. Не гледам каде апостолите се преставени како свештеници.

И беа постојани во учењето апостолско, во општувањето, во кршењето леб и во молитвите.

Други, пак, од апостолите не видов освен Јакова, братот Господов.

И што ако е спомнав Јаков? Како тоа епископ станал - никаде не пишува во овој стих :coffee:

Им ја кажа и оваа парабола: „Никој не пришива на стара облека крпа од нова облека; оти и неговата ќе се отпара, а и на старата не ѝ прилега нова крпа.
И никој не налива ново вино во стари мевови; зашто новото вино ќе ги расцепи мевовите, и тоа ќе истече, а и мевовите ќе се упропастат;
но ново вино треба да се става во нови мевови; па така ќе се запази и едното и другото.
И никој, откако пил старо вино, нема да побара ново; оти вели: »Старото е подобро.«“

Ова е само доказ дека не може да се повикуваш на Еврејските пророци од Еврејската Тора, Закон, а потоа со истото „вино и знаење“ да си ги полниш сопствените учења со туѓото, додека се обидуваш да ги оцрниш оние кои го дадоа законот на кој се повикуваш и на чии столбови ти лежи учењето.
Затоа евреите и јудаизмот постојат и денес, затоа и исламот постои денес, затоа и христијанството постои денес. Сите во разни мевови.

Сето ова погоре е само твое толкување и разбирање на нештата, никаде не пишува тоа што го зборуваш.

П.С. Копирано е од тука, во однос на стиховите. Да не има друга поверодостојна света книга на христијаните, да направиме споредба? :coffee:
 
Кога веќе ме цитираш, онака неповикан, а те нема кога од мене добиваш прашања на кои одговараш со монолози, дај барем поднаучи „3 редови„ од мојата вероисповест, за да имаме за што да муабетиме...

Вака, те оставам да разговраш со себе...
Автоматски споено мислење:

Во евангелието по Матеј, 27.50, одземено е свештенството од еврејските првосвештеници.

Во евангелието по Матеј, 16.18, Господ Исус го најавува создавањето на Црквата.

Во Делата Апостолски, 2.1-24, Светиот Дух ги посочува Апостолите како први свештеници во Црквата.

Во Делата Апостолски, 2.42, го гледаме крштевањето од првите верници во Црквата Христова.

Во Галатјаните 1,19. споменат е Св.Ап. Јаков, братот Господов, кој е првиот ерусалимски епископ.

Плус, во евангелието по Лука, 5.36-5.39, симболично е најавена замената на Стариот со Новиот Завет.
@Nikola001p, Се поправам; Матеј, 27.51.
 
Последно уредено:

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.163
Поени од реакции
12.143
Кога веќе ме цитираш, онака неповикан, а те нема кога од мене добиваш прашања на кои одговараш со монолози, дај барем поднаучи „3 редови„ од мојата вероисповест, за да имаме за што да муабетиме...

Вака, те оставам да разговраш со себе...
Автоматски споено мислење:

@Nikola001p, Се поправам; Матеј, 27.51.
Тешко да ме оставиш да разговарам сам со себе, ова е форум... на секоја твоја мисла, мора да се додаде дополнително инфо, инаку за каде сме?
Не може да не додржиш да ми коментираш кога ти зборувам за новиот завет кој што стои на законот на евреите кои упорно го негирате и велите злобно дека е „поништен“. ДА ги укинеме и евреите... тоа „големо зло“ на Земјата!?

Гледаш, да не ти коментирав, немаше да се поправиш.
Не знам зошто веднаш се лутиш...

Прашањата за „татко на лагата“. Тоа го имавме од еден лик MIKI1 кој постојано нешто прашуваше други членови што не се христијани за работи кои ги има во христијанството...

Кој е таткото? Што е змијата? Старо-нова лага која е? ИТН ИТН

Тоа се муабети за да се одвлечка дискусијата подалеку кога ќе заглави верникот со своите толкувања како нештата „биле поставени“. :)

Никаде нема од ова што ти толкуваше „за новата црква и поништување на се останато“ (Многу јаки овие првите христијани, сфе укинаа) како факт во новиот завет на христијаните.
Затоа и не ставаш цитати бидејќи знаеш дека веднаш ќе се види дека „ти така си ги разбираш нештата“ или „некој свет отец ти ги протолкувал така“ и ете те тебе да ги прераскажеш...
 
Joshua_Tree

Samo na minuvanje...
Член од
21 март 2010
Мислења
1.402
Поени од реакции
4.775
...лукавиот можи без нас,но ние не можиме без него
...некаде ја имав прочитано оваа изрека :)
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.901
Поени од реакции
5.030
...лукавиот можи без нас,но ние не можиме без него
...некаде ја имав прочитано оваа изрека :)
Ова е само делумно точно.

Лукавиот не може без нас, оти тој токму на нас „удира„, оти не може да „удри„ по сам Бог, не е толку моќен, туку се фаќа за „полесното„ па мава по човекот.

Ние не можеме без лукавите, оти на секој крстен лик му се „лепи„ по еден лик од лукавите, кој го шпионира крстениот, го наведува на гревовно однесување и сите гревови ги бележи, за да може (лукавиот) да го клевети (крстениот) после телесната смрт, односно на поединечниот суд на секоја човекова душа.
 
Joshua_Tree

Samo na minuvanje...
Член од
21 март 2010
Мислења
1.402
Поени од реакции
4.775
Ова е само делумно точно.

Лукавиот не може без нас, оти тој токму на нас „удира„, оти не може да „удри„ по сам Бог, не е толку моќен, туку се фаќа за „полесното„ па мава по човекот.

Ние не можеме без лукавите, оти на секој крстен лик му се „лепи„ по еден лик од лукавите, кој го шпионира крстениот, го наведува на гревовно однесување и сите гревови ги бележи, за да може (лукавиот) да го клевети (крстениот) после телесната смрт, односно на поединечниот суд на секоја човекова душа.
...ти пишуваш како си научил,а јас пишувам како сум искусил
...кој е во право во изреката вопшто не е важно,нели?
...или е важно?
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.901
Поени од реакции
5.030
...ти пишуваш како си научил,а јас пишувам како сум искусил
...кој е во право во изреката вопшто не е важно,нели?
...или е важно?
Од каде си сигурен дека јас само сум „научил„ а не сум „проверил„?...

Изреката веќе ја дополнив и дообјаснив.
 
Joshua_Tree

Samo na minuvanje...
Член од
21 март 2010
Мислења
1.402
Поени од реакции
4.775
Од каде си сигурен дека јас само сум „научил„ а не сум „проверил„?...

Изреката веќе ја дополнив и дообјаснив.
...затоа што имаш неодолива потреба да дообјаснуваш и да бидеш во право
...и ете,во право си :)
 
Член од
11 јуни 2021
Мислења
385
Поени од реакции
869
И како да не се насмееш на вакво нешто? :icon_lol:

Screenshot_20220712-070652_Chrome.jpg
 
Последно уредено од модератор:

PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.901
Поени од реакции
5.030
...затоа што имаш неодолива потреба да дообјаснуваш и да бидеш во право
...и ете,во право си :)
Да, знам дека сум во право, а и скромен сум си...по природа.:icon_lol:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom