Дискусија за Атеистите, Исламот, Христијанството и останати убедувања

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.138
Поени од реакции
12.120
...тоа е "одбраниот" народ од Бога што за награда на таа привилегија доби вечна анатема и страдање :)
Не се што е избрано од „Бога“ добива праведност од човештвото. Човештвото како мноштво кое не го разбира човештвото како ЕДНО е зло. Од тоа пак човештво постојано велам дека доаѓаат иницијанти!
Парадокс.
Омразата на човекот кон другиот е тешка болест.

Што очекуваш од луѓе кои распнуваат Богови на Земјата, и за тоа обвинуваат народ кој што е избран од Богот?
Што очекуваш од човештвото кога едно верување во нешто што не може никој да го докаже ниту има потреба од тоа, се мрази меѓусебно насеакде и на секое ниво? Што божественото го смета како да има човечки особини... :coffee:

Тие (евреите) ќе бидат избран народ? Е не може (вели човештвото), ќе ги убиваме, мразиме, ќе им го украдеме Законот и ќе изградиме врз нивните философии и учења наше толкување и верување и тие ќе мора да заминат во заборав.
А ете ги евреите - никаде не мрднале. Прашањето е зошто? :coffee:
 
Joshua_Tree

Samo na minuvanje...
Член од
21 март 2010
Мислења
1.399
Поени од реакции
4.769

...убаво прашање кое може да се пренесе на сите останати светски верски групации :)
...зошто останале таму некаде заглавени во нивните,од човека измислени,закони,канони и ордени?
...едноставен одговор следи: Затоа што комодитетот и желбата за моќ е посилна од секоја мудрост,религија и учење...човечката 'рѓа :)
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.138
Поени од реакции
12.120
...убаво прашање кое може да се пренесе на сите останати светски верски групации :)
...зошто останале таму некаде заглавени во нивните,од човека измислени,закони,канони и ордени?
...едноставен одговор следи: Затоа што комодитетот и желбата за моќ е посилна од секоја мудрост,религија и учење...човечката 'рѓа :)
Зошто мислиш дека се од нив измислени, човечки? Што ти значи „орден“, бугарски за Ред? :)

Сите стари религии ги исклучуваат другите, ги сатанизираат, зборуваат лошо за нив (тоа им е во канонот, дијаметрално се спротивни една со друга), си ги исмеваат учењата, ритуалите, си ставаат знак еднакво за било од туѓото учење со „зло, илузија, човечки измислени нешта, итн итн“...

Прашањето е ако евреите се измислиле и тоа е човечка работа - што тогаш читаме постојано за ислам и христијанство и како тие се вистинските нешта за човештвото денес и правите романтични сказни што ова или она значело во тие свети книги кои се темелат на јудаизмот? :)
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.877
Поени од реакции
5.005

На кој начин рисјанската вера се темели на јудаизмот, кога ај што истиот веќе е укинат и надминат, туку и самите автори на новозаветните Книги, сите Евреи, ни сведочат за надживеаноста на „старото„ и негова замена со „новото„?

Патем кажано, првата Црква на Земјава е заснована во Ерусалим, од Евреи, покрстени од Евреинот Петар, водени од епископот Евреинот Јаков, братот Господов.

Сам Христос им заповеда на Апостолите, сите Евреи, да одат по Светов, да ги научат сите народи и да ги крштеваат во името од Троединиот Бог.

И уште ли ќе ламентираш над судбината од Евреите, кои сами себе се анатемисаа, барајќи крвта Исусова да падне на нив и на нивните деца?...
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.138
Поени од реакции
12.120
Доста со лажни христијански истории и зборување на памет за да си оправдаш верувањето.
Ако не знаеш за евреите и нивниот закон, на кој вие како христијани полни со омраза му дадовте простачкиот наслов познат како „стар завет“ - да отвориш историја и да прочиташ, не да шириш омраза кон евреите и сите други бидејќи знаењето за нештата поврзани со религиите ти се едвај колку чергата на христијанството. Излези од тој меур и погледни го човештвото и неговата историја надвор од призмата на религијата од која си дел и те задоила со догма!

Во ред е, верувај - туркај си надежта, ама вакви глупости - дај прибери се.

Не можам да те читам кога пишуваш вакви глупости. „Сам христос им заповеда“ - беше ти таму и виде како им заповеда.
Како бре вака зборувате за религиите и верувањата, како да се тоа факти, како да сте биле таму, како да е тоа историски момент?

Евреите го имаат месијата и идејата за месија. НИКОЈ ДРУГ! Христијанските секти кои приграбаат се што минува од учење низ Блискиот исток, градат „сончев мит“ од „Месија“ кои само тие го познале, а евреите од кои доаѓа законот - неписмени, не знаат да толкуваат, чекај ние како секта и збирштина од учења, ќе ви кажеме дека грешите и ќе ве уценуваме и мразиме довека!

Нивни се пророците. На евреите! Евреин ќе ги исполни тие пророштва (ако веруваме дека постои бог даден во стариот завет, кој потоа има син во новиот).
Но тоа тешко да се случи... да не кажам, воопшто нема да се случи.
Сеуште никој не го исполнил она што треба да се исполни според еврејските учења за да некој биде прогласен за месија, свештеник и цар.

Сето ова христијанското толкување на еврејските рабини и свети книги - не значи ништо во однос на евреите и нивниот концепт на месија и спасител.
Не знам зошто постојано алудирање како рабините не го познале Исус како месија и тоа е нивна грешка... дали воопшто имало Исус за да биде познаен и крунисан како еврејски цар и првосвештеник во Храмот!

Но, тоа се други теми, каде одиме во сомневање и атеизам - дали постоио богот на евреите, кој пак исто така е бог и на христијаните и муслиманите, но видоизменет или од друга перспектива. :coffee:
 
И што рече, кој е еврејскиот закон и каде е запишан? Ете, јас ти напишав 4 закони и тие се запишани во Светото Писмо, чиј дел е Петокнижието Мојсеево (Тора).

Напиши ни еден еврејски закон, не мораш два...
 
Joshua_Tree

Samo na minuvanje...
Член од
21 март 2010
Мислења
1.399
Поени од реакции
4.769
...ќе те прашам нешто @Хептаграм XI,и сакам најискрено да ми одговориш
...дали е подобро да ги "полираш" човечките негативности или позитивности за да го натераш некого да ги прифати твоите ставови како исправни?
...моето мислење мислам дека го знаеш :)
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.138
Поени од реакции
12.120
И што рече, кој е еврејскиот закон и каде е запишан? Ете, јас ти напишав 4 закони и тие се запишани во Светото Писмо, чиј дел е Петокнижието Мојсеево (Тора).

Напиши ни еден еврејски закон, не мораш два...
Тоа што го нарекуваш „петокнижие“ е ТОРА.
ТОРА на ЕВРЕЈСКИ значи ЗАКОН!

Тоа Е еврејскиот ЗАКОН.
Неписмен си или ми го тестираш трпението? :D
Автоматски споено мислење:

...ќе те прашам нешто @Хептаграм XI,и сакам најискрено да ми одговориш
...дали е подобро да ги "полираш" човечките негативности или позитивности за да го натераш некого да ги прифати твоите ставови како исправни?
...моето мислење мислам дека го знаеш :)
НАТЕРАШ е погрешно!
Треба да се престане со тој Mind set.

Бидејќи сум Телемит ќе ти кажам дека не може да натераш некој да го прифати Законот! Тоа оди наспроти целото учење на Телема од која излегуваат четирите зраци: Слобода, Живот, Љубов и Светлина!

Со присилување, лажење или полирање на нештата за да некој несвесно натераш да мисли дека нештото е за него - тоа е црна магија! Тоа е дело на црните браќа - нема полирање. Или ќе научиш и ќе знаеш - и сам според своето разбирање ќе прифатиш нешто и ќе дејствуваш или ќе страдаш и ќе се туркаш низ животот насекаде :)

Никој не сакам да натерам било што, освен можеби да ве натерам да знаете повеќе и да имате искуство повеќе со различни луѓе, кои не делат исти став со вашиот и кои ве надминале во се и сешто во однос на божественото! :)

Може вака?

П.С. Не го знам твојот став, напиши го во однос на позитивното и негативното полирање на нештата.
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.877
Поени од реакции
5.005
Тоа што го нарекуваш „петокнижие“ е ТОРА.
ТОРА на ЕВРЕЈСКИ значи ЗАКОН!

Тоа Е еврејскиот ЗАКОН.
Неписмен си или ми го тестираш трпението? :D
Ти го тестирам неписменлакот.

Еве пак...

Евреите го напишаа Стариот Завет. Евреите го напишаа Новиот Завет.

Наградно прашање за тебе; дали Евреите ги надминале Евреите или Евреите ги надминале Евреите?....
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.138
Поени од реакции
12.120
Ти го тестирам неписменлакот.

Еве пак...

Евреите го напишаа Стариот Завет. Евреите го напишаа Новиот Завет.

Наградно прашање за тебе; дали Евреите ги надминале Евреите или Евреите ги надминале Евреите?....
Не, евреите не го напишаа новиот завет.
Тоа е лага. 3-4 века редактиран „свет текст“ - кој што содржи пцовки и обвинувања кон евреите, може себе си да се лажеш.
Мене, остави ме подалеку од тие лаги.

Грчките преведувачи беа неписмени и платени од државата! Религија која оди рака под рака со царштината, заминува во амбис.
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.877
Поени од реакции
5.005
Не, евреите не го напишаа новиот завет.
Тоа е лага. 3-4 века редактиран „свет текст“ - кој што содржи пцовки и обвинувања кон евреите, може себе си да се лажеш.
Мене, остави ме подалеку од тие лаги.
Кој е таткото на лагата? Ваљда и ова не го знаеш...или го знаеш...
 
Joshua_Tree

Samo na minuvanje...
Член од
21 март 2010
Мислења
1.399
Поени од реакции
4.769
Тоа што го нарекуваш „петокнижие“ е ТОРА.
ТОРА на ЕВРЕЈСКИ значи ЗАКОН!

Тоа Е еврејскиот ЗАКОН.
Неписмен си или ми го тестираш трпението? :D
Автоматски споено мислење:

НАТЕРАШ е погрешно!
Треба да се престане со тој Mind set.

Бидејќи сум Телемит ќе ти кажам дека не може да натераш некој да го прифати Законот! Тоа оди наспроти целото учење на Телема од која излегуваат четирите зраци: Слобода, Живот, Љубов и Светлина!

Со присилување, лажење или полирање на нештата за да некој несвесно натераш да мисли дека нештото е за него - тоа е црна магија! Тоа е дело на црните браќа - нема полирање. Или ќе научиш и ќе знаеш - и сам според своето разбирање ќе прифатиш нешто и ќе дејствуваш или ќе страдаш и ќе се туркаш низ животот насекаде :)

Никој не сакам да натерам било што, освен можеби да ве натерам да знаете повеќе и да имате искуство повеќе со различни луѓе, кои не делат исти став со вашиот и кои ве надминале во се и сешто во однос на божественото! :)

Може вака?

П.С. Не го знам твојот став, напиши го во однос на позитивното и негативното полирање на нештата.
...ти ги "полираш" негативностите"
...не го правиш тоа свесно,затоа соговорниците имаат впечаток дека ги напаѓаш,или дека се местиш како авторитет над нив :)
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.138
Поени од реакции
12.120
...ти ги "полираш" негативностите"
...не го правиш тоа свесно,затоа соговорниците имаат впечаток дека ги напаѓаш,или дека се местиш како авторитет над нив :)
Јас ги напаѓам нивните познавања за нештата (зборувам за луѓето од форумот кои доаѓаат на овој подфорум и реално не се заморуват со религиите и што и од каде доаѓаат учењата и верувањата) за кои зборуваат напамет или паушално, што е видено од видеа или прочитано на кратко некаде по нетот, ги напаѓам и полирам нивните еднострани напади на другите (што не беше проблем порано христијанинот со сет ум да мисли дека има праведност во тоа што зборува за неправославни христијани, за католици, за нехристијани), но голем проблем е ако истото се прави кон нивните верувања и учења, тогаш си секташ, зло итн итн (секако си зло всушност и за едните и за другите од старите религии, ако не си со нив...

Затоа сум голем непријател, бидејќи го правам она што тие го прават задскриени зад „светите отци“ и „љубов за ближниот“... а разбирање за нештата слабо.

Кога на христијанин му велиш дека неговата религија лежи во прегратките на еврејските рабини и еврејските учења и верувања - тие се прават дека не разбираат што им зборуваш и дека не е така... и ќе ги убедуваат сите околу нив дека ти си зло и дека намерно ја искривуваш вистината.
А човекот, научен да не се заморува со „академско изучување на нештата“ и да се навлезе подлабоко во сета таа историја на верувања и учења, ќе прифати она што му се кажува на подобар начин, помилозвучно што ќе му е на увото... и без проблем ќе го прифати погрешното.

Затоа треба остро и добро полирање :) Не знам зошто треба да се плашиме од нешта кои може да ни го променат верувањето и надежта за во иднина, ако тоа не направи подобри! За една догма или верување да измислуваме лаги - е безумно и апсолутно погрешно нешто.

И кога почнуваш да полираш тие нормално сметаат дека ги напаѓаш нивните религии и богови. Како може еден бог да има проблем и да е заплашен од виртуелен лик како Хепта? Му требаат верници, не свештеници, верници да го бранат, да изнаоѓаат „толкувања“ за да оправдаат било што поврзано со учењата на нивните религии?
Нема потреба од тоа... мислам нема логика да има потреба од тоа.

А за авторитет што зборуваш - кој нормален би се сметал себе си за авторитет на форум, со виртуелен лик? Мислам, каков е тој авторитет? Не разбирам како некој би помислил нешто такво...
И пак ќе кажам: јас имам одговорност само за она што го зборувам и што мислам да кажам со напишаното, кој како разбира и како си прави слика за сето тоа - е негов проблем, секој суди според себе самиот.
Можеби тие другите се со наум да бидат авторитет, а некако не им оди од рака и ете наоѓаат виновник дека друг сака да се наметнува како авторитет.

Авторитет бре на форум :) Хаос.
 
Член од
11 јуни 2021
Мислења
385
Поени од реакции
869
Шо прајме со секташкава?
Родители има ли девојчево или и они се дабетер?
Или е во некоја секта или не е арна со паметот.

Kajgana Shop

На врв Bottom