Христос е последната „крвна жртва“. Во последно време се крева врева но не се спречува курбан, не ни мислам дека може да се спречи...
Гледам/читам многу маки со курбан што носат и се држат стари ритуали меѓу народот...
„А, вие се надевате на курбаните што ги колете… со тоа да му угодите на Бога. Не знаете ли дека тие курбани се идолска жртва, еврејска жртва, а не христијанска. Тој христијанин што коле курбан не е христијанин, туку евреин или идолопоклоник, и тој свештеник што со запалена свеќа служи над главата од овенот (курбанот), лаже само заради добивка, заради пари, заради месо, оти во законот христијански никаде не пишува свештеник да служи на овен, а христијанин да коле курбан.“
-
За курбаните и суеверието