Песина, Крањо, Ранокија и Сенси се досегашните засилувања за Монца.
Се збори на големо дека и Икарди бил неверојатно близу.
Ако ги донесат Икарди и Дибала, или Икарди и Белоти или пак евентуално Белоти+Дибала секоја чест на Галијани. Ма, еден од овие тројца да донесат ќе биде неверојатен потег.
Патем, што е со Белоти? Не гледам некои новости за него...
Јас искрено мислев дека ќе потпише за Милан ама сега кога се одлучија за Ориги, кој би бил идеален клуб за него знаејќи го фактот дека сите топ тимови се покриени на таа позиција? А сигурно не го напуштил Торино за да се пресели во Сампдорија...
Да не испадне на крај толку одбиени понуди, толку вести за него а он со Пирло во Фатих Карагурмук.