jamajka
mode: Calm
- Член од
- 28 април 2007
- Мислења
- 19.578
- Поени од реакции
- 27.426
Гледај го наративот на прозападните медиуми и ќе видиш дека не е така. Путин уствари ги држи сите конци, а луѓето околу него се хипнотизирани и генерално луѓето во Русија се хипнотизирани. Дури види и на форумов како некои се лишени од основна логика. Сеуште постојат луѓе кои веруваат дека војнава ќе заврши како војните во Југославија пред 20 години. Здравиот разум никад не бил на волку ниско ниво, кога е во прашање западниот мејнстрим.Ја гледате нашата држава каде што имаме нула институции, организации и фракции ( што е намерно направено) и мислите дека ситуацијата е иста на секаде. Ако сакаш да имаш држава која е функционална и која има некаква моќ, мораш да создадеш силни институции и мораш да имаш еден куп луѓе со моќ под тебе. Путин не владее сам, ниту пак се 10 луѓе.
И овие фракции и организации се сите доста значајни, имаат доста голема моќ на терен и не може да бидат игнорирани. Освен ако не си луд и сакаш да ти заврши главата во торба.
Комунистите, либерал-демократите ( кој не се либерал-демократи), монархистите, милитаристите, црквата, етнички малцинства, итн ... сите веќе повеќе од две декади се залагаат за по-агресивна надворешна политика, вртење кон далечниот исток/африка и јужна америка и справување со олигарсите. Единственото што ги држи под контрола е Путин, и ништо повеќе. Да беше до нив либералните структури во Русија веќе ќе висеа по бандери, додека војниот рок ќе беше по минимум 5 години. Овие групи сите контролираат доста важни сектори од Русија.
И сега конечно ја имаат својата шанса и работите се вртат во насоката која они ја посакуваат. Се национализираат поранешни државни фирми, се гради инфраструктура накај Сибир и Далечниот Исток, се отвараат нови индустриски капацитети, Западното влијание се чисти, во ДНР и ЛНР веќе целиот имот на сите олигарси е конфискуван, итн ... Затоа и одат како доброволци во толкави бројки накај Украина и затоа има таква шареноликост на силите на терен. Да пробаш да ги запреш сега е како да пробаш да запреш лавина. Наместо да го истурат гневот во Украина ќе го истурат во Русија врз него.
Слична ситуација би било ако Сталин во 1944 им рекол на генералите, абе го ослободивме Советскиот Сојуз што има да гинеме понатаму , склучив примирје. Ќе го нашле мртов за некој сааат и војната ќе продолжела. Ситуацијата пред и откако ќе протече крв не е вооошто иста. Па Трамп и рече на војската да ја напушти Сирија во рок од една недела, војската буквално му рече НЕ и за 3 дена му почнаа процедура за импичмент во контрес. На толку високи позиции нема апсолутна власт.
Па дури и да свртиме нс воен аспект, иако речиси е невозможно Русија да изгуби во Украина, наместо соодветно мсм да го ублажи поразот, не само што сеуште се тера наратив за апсолутна победа во Украина, туку и се тера приказна за смена на режимот во Русија. Ако знаеме дека оваа геостратешка партија Русија ја игра против НАТО, тогаш поразот западните земји самите си го прават помпезен.
Целата оваа ситуација, само покажува колку НАТО уствари е воено импотентно, И колку лидерите на НАТО земјите живеат во облаци.
Што ќе се случи само можеме да претставуваме, но едно е сигурно либтардите се помалце и помалце ќе имаат влијание во светот. А промените ќе се случуваат на западот, а не на исток.