Фудбалски/трансфер дискусии

dantemkd

demon hunter
Член од
5 јануари 2013
Мислења
11.012
Поени од реакции
10.366
Ова ти што го збориш е од времето на Бартомеу... баш он така работеше од ден за ден, затоа имавме 600 милиони за плати годишно, затоа Ленгле и Умтити зимаат по 15 милиони, затоа ги пушти Гризман и Меси пошо 150 милиони имаа плата...
Како да се ослободи Лапорта од ова?
Ако е во таква ситуација мора да ви го продаде Де Јонг?
Човекот си кажа, го сакаме, ама ако остане ќе мора да намали плата, ако не ќе бараме решение. Исто е и со Дембеле, нејќеше да продолжи го оставиа да си оди, како одминуваше времето се помала плата му нудеа, од 20, сега ќе прифати за 6 милиони.

Лапорта има цел, ама не може срањето од 6-7 години да го исчисти за 1 година...
Ќе му требаат на клубот уште најмалку 2 години за да застане на прави нозе... а веќе се осеќа тоа, по трансферите.

И да, веќе во Барселона никој нема да зема поголема плата од 10 милиони... пошо не ни има да даде клубот. Ако сакаат бујрум ако не ќе бараат други играчи.
Рафиња можеби ќе дојде за таа плата али Левандовски не ви доаѓаат за 10 мил тоа е и помала од што ја има сега.
 
Член од
29 април 2015
Мислења
4.331
Поени од реакции
4.242
Рафиња можеби ќе дојде за таа плата али Левандовски не ви доаѓаат за 10 мил тоа е и помала од што ја има сега.
Со Левандовски се договорени личните услови, 9 милиони по сезона. Рафиња за 6 :)
 
Член од
10 јуни 2018
Мислења
132
Поени од реакции
283
Каков PR лупаат значи и си веруваат навивачите. Левандовски зима 24 мил бруто и агент му е Захави кој за последно евро се бори. Алаба потпиша за Реал за преку 20 мил годишно со плус огромни бонуси за Захави и таткото на Алаба али Левандовски ќе одел за 18 бруто во Барселона сигурно. Според Каталонскиве медиуми сите сакаат да играат да Барселона и тоа пола со упола плати чудно како тоаш се влезени во толксви долгови коа еден де јонг зима 25 мил
 
dantemkd

demon hunter
Член од
5 јануари 2013
Мислења
11.012
Поени од реакции
10.366
Со Левандовски се договорени личните услови, 9 милиони по сезона. Рафиња за 6 :)
Оваа во фан канали го имате видено или некој по веродостоен го објави. Роше сега зима 23 да се врати на 9 не би верувал дека ќе се случи.
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Барселона е пред банкрот, готово, се распаѓа клубот, нема за плати, не може да се регистрираат играчи, стадионот за свадби, колапс.
Продаваат дел од ТВ правата - оп, готово. Се решија сите проблеми. Левандовски, Кунде, Рафиња, останува Де Јонг, не мора да го продаваат, цветаат рози.

Не ми е јасно, а верувам дека и на многумина исто не им е јасно.
Но, едно е сигурно. Пропагандната машинерија од каталонските медиуни е пеколна. Никој не работи во функција на клубот како нив. Влијанието што го имаат е огромно.
 
А кој вика дека била пред банкрот?
Пак мора да се некои медиуми....

@vidooq беше сигурен дека Барса мора да го продаде Де Јонг во Јуни, еве го 4ти дојде, он уште е во Барса...
 
Член од
17 мај 2016
Мислења
3.678
Поени од реакции
4.156
Од друга страна, финансиската ситуација на Барса и политиката како ја водат ми делува на стратегија купи ден, продај. Односно некаков финансиски опстанок во мандат на Лапорта, а потоа нека му ја мислат другите. Да продаваш процент од телевизиски права е индиректен кредит. Ги зема тие 200м сега, наместо 200м+ на 25 години (како растеа приходите од телевизиски права изминативе 10 год, само може да претставуваме како ќе растат во наредните 25 год?!). Овие 200м за 25 год можеби ќе изгледаат капка во морето. Наместо клубот да се фокусира на консолидација за да на долг рок биде во подобра финансиска состојба, на клубот му е битно на краток рок да обезбеди опстанок без откажување од луксузи, а потоа на подолг рок нека се мислат кога ќе им се исцрпени сите финансиски можности и тоа во ера кога платите на фудбалерите мислам дека уште повеќе ќе се зголемат.
Тука си изнапишувал како не треба и колку е лош потегот на Лапорта со продажба на ТВ правата. Да кажеме дека си во право, ај еве слободно допиши твое најидеално решение како да вратиш голем клуб на врвот за помалце од 5 години, знаејќи дека клубот беше на чекор пред банкрот од претходната управа + уништен за наредни 5-10 години. Исто така моментално треба да најдеш 500м за да можеш да купуваш и регистрираш играчи.
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
А кој вика дека била пред банкрот?
Пак мора да се некои медиуми....

@vidooq беше сигурен дека Барса мора да го продаде Де Јонг во Јуни, еве го 4ти дојде, он уште е во Барса...

Да, од она што можеме да го видиме. Немаме увид во финансиите и ситуацијата во клубот.

Од крајност во крајност. Е сега има опција навистина да е Барселона во незавидна положба и дека преку медиумите се обидуваат да амортизираат (еве ќе дојде тој и тој, во ред е), а на крај да не се случи ништо и да ги регистрираат единствено Кристенсен и Кеси.
 
dantemkd

demon hunter
Член од
5 јануари 2013
Мислења
11.012
Поени од реакции
10.366
Не е проблем ќе го вклучиме и Слабхед во трансферот ќе го сменат мислењето. :D
 
C

confusion

Гостин
Мене само не ми е јасно дали Рафиња е глуп или се прави, ќе продолжат договор со Дембеле ама и он ќе игра?
Ако е Дембеле здрав и прав, нема да припари до прв тим и ќе квичи за назад во ПЛ.

Колку и да ме нервираат сега сите информации и спамови околу Барселона, Де Јонг, Рафиња, левери, клевери и беверли, уште толку повеќе ќе ми е мило на сите потпишани играчи и враќање на сцена, кога ќе го кркнат пак од Баерн со 8ца. Не постои по цигански клуб, едноставно, нема.
 
Член од
29 април 2015
Мислења
4.331
Поени од реакции
4.242
Да, од она што можеме да го видиме. Немаме увид во финансиите и ситуацијата во клубот.

Од крајност во крајност. Е сега има опција навистина да е Барселона во незавидна положба и дека преку медиумите се обидуваат да амортизираат (еве ќе дојде тој и тој, во ред е), а на крај да не се случи ништо и да ги регистрираат единствено Кристенсен и Кеси.
Крајот ќе каже, ама како стојат работите до сега поголема е веројатноста да се земат уште 2-3 засилувања плус Кристинсен и Кеси.

Јас сум против Лева (ради годините) и против Рафиња, пошо ако продолжи Дембеле ќе делат минутажа, ама ете на големо се шпекулира за нив двајца.
 
Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.781
Поени од реакции
9.594
Тука си изнапишувал како не треба и колку е лош потегот на Лапорта со продажба на ТВ правата. Да кажеме дека си во право, ај еве слободно допиши твое најидеално решение како да вратиш голем клуб на врвот за помалце од 5 години, знаејќи дека клубот беше на чекор пред банкрот од претходната управа + уништен за наредни 5-10 години. Исто така моментално треба да најдеш 500м за да можеш да купуваш и регистрираш играчи.
Барса пак е и ќе биде на фудбалскиот врв, само објективно е дека во моментов има тимови кои се неколку нивоа квалитативно над Барса. И со инвестиции на Рафиња и Левандовски прашање е дали ќе ги достигне тие тимови. Одговорно е да се консолидира на краток рок, за на среден и долг рок да има основа да крева ниво како порано.

Лапорта очекува дека тековните и сите играчи кои ќе пристигнуваат во Барса ќе играат од љубов. Барем таква приказна продава. Знам дека и самиот не верува во тоа, ама јак ПР има. Сигурен сум дека Рафиња на маса има високи понуди од Челзи, Арсенал и Тотенхем и дека Барса не му нуди значително понизок износ на плата од нив. Левандовски зема 23м евра годишно и ќе оди во Барса на 2 годишен договор да заработи помалку (за двете години) од тоа што ќе го заработи во последната година во Баерн. Не верувам дека би заминале и двајцата во Барса само од љубов и со значително пониска плата...Тие приказни не поминуваат. А во меѓувреме Лапорта бара да им се кратат плати за значителен износ на тековните играчи...еве Де Јонг, Дембеле...

И сега Барса продава ТВ права за да преживее, ама не да преживее и да постави долгорочна стратегија за квалитетен поврат и финансиско консолидирање, туку тековно да тера луксуз.
Одговорно однесување на пазарот е баш ангажман на играчи на кои им истекол договорот како Кеси и Кристиансен и продавање на вишоци и играчи со голема плата дури и за нешто пониско обештетување (како со Кутињо). Исто иневстирање во млади таленти и давање на шанса. Плус Барса има една од најдобрите школи на млади играчи, па во вакви ситуации ќе мора да продолжи да промовира во прв тим. Комерцијализирање на се живо и диво што е возможно до граница да не се наруши традицијата.
И одговорно почна Барса да се однесува, до последниов период по некаков можеби притисок не знам од каде. Левандовски и Рафиња во вакви околности се луксуз за Барса. Ако зеде индиректен кредит од 200м, пишав во постот дека и двајцата во пакет (обештетување+провизии+плати) би чинеле повеќе од 50% од тој износ. А тие 10% кои Барса ги продаде сега за 200м евра, за 25 год ќе генерираа ако не и 100% повеќе приходи. Е сега при евентуална криза за брзо време, ќе се стеснува обрачот од можности под кои ќе може да ги покрива финансиите.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
33.014
Поени од реакции
67.913
А кој вика дека била пред банкрот?
Пак мора да се некои медиуми....

@vidooq беше сигурен дека Барса мора да го продаде Де Јонг во Јуни, еве го 4ти дојде, он уште е во Барса...
На кое мислење конкретно мислиш? Можеби си во право, ама не можам да се сетам дека сум пишал дека 100% доаѓа пред крај на Јуни. Ова со финансиите на Барса ми е познато.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom