Можеби и грешам, но кој ПР го тера Лапорта за да им се претстави како некаков месија на фановите на Барса.
Околу Де Јонг, не го продававаме и Де Јонг не сака да си замини, не е Јунајтед само заинтересиран (читај дополнителен притисок Јунајтед да попушти нешто во преговорите и да плати плус). АМА, Де Јонг ќе мора да прифати намалување на платата и според неофицијални информации кои се шпекулираат за 50 до 70% од таа што му е планирана за следна сезона (околу 20м евра годишно) ако остани. Е, сега јасно е дека најголем дел од играчите се платеници, а и јасно е дека Де Јонг би прифатил да остани во Барса ама сигурен сум дека НЕ за толкаво намалување на неговата плата. Во денешно време од љубов према клубот не остануваат играчите (со чесни исклучоци). Има веројатност Де Јонг да премини кај нас, а Лапорта тоа ќе им го продава како дека играчот не сакал да ја намали платата претставувајќи го како платеник. По некоја веројатност ако остани Де Јонг, ќе се презентира како голема негова победа. Вин-вин ПР. Слично го оправда ланското заминување на Меси.
Слична ми гледа и ситуацијата околу Дембеле, само не знам дали има некој друг клуб е сериозно заинтересиран за него.
Од друга страна, финансиската ситуација на Барса и политиката како ја водат ми делува на стратегија купи ден, продај. Односно некаков финансиски опстанок во мандат на Лапорта, а потоа нека му ја мислат другите. Да продаваш процент од телевизиски права е индиректен кредит. Ги зема тие 200м сега, наместо 200м+ на 25 години (како растеа приходите од телевизиски права изминативе 10 год, само може да претставуваме како ќе растат во наредните 25 год?!). Овие 200м за 25 год можеби ќе изгледаат капка во морето. Наместо клубот да се фокусира на консолидација за да на долг рок биде во подобра финансиска состојба, на клубот му е битно на краток рок да обезбеди опстанок без откажување од луксузи, а потоа на подолг рок нека се мислат кога ќе им се исцрпени сите финансиски можности и тоа во ера кога платите на фудбалерите мислам дека уште повеќе ќе се зголемат.
Пак уште и Рафиња, Левандовски...пакет дил (обештетување+плата+провизии) кое ќе ги чини повеќе од 50% од тие 200м што ги зедоа сега.