Нема шанси Русите да им прифатат, премногу имаат инвестирано до сега. И не само тоа туку и професионалните сили на Украинците како и нивната опрема се повеќе од преполовени и ако се продолжи со вакво темпо до крајот на есента Украинската војска ќе биде распарчена. Потоа ќе има борби со дисперзирани и отсечени формации али нема да има повеќе никаков организиран отпор.. Какви било преговори или примирје без обезбедени Одеса и Харков за Путин ќе значат внатрешна дестабилизација и масовни протести и немири. Путин би бил будала од галактички размери кога би си ја имплодирал така земјата од внатре кога е на пат на победа само за да им удоволи на хировите на либералите.
На крајот на денот бројките се бројки, Украинците губат повеќе од 1000 војници на ден, тоа е неодржливо. До Јануари со такво темпо тоа би биле некој 250-300 000 мртви и ранети. А како уфрлаат се повеќе свежо мобилизирани и старци/деца на фронт загубите ќе им растат се повеќе. Исто така зимата дополнително ќе им ја искомпликува логистичката ситуација, додека недостатокот од камуфлажа и отежнетата мобилност ќе ги направи уште толку полесни цели за руската артилерија. Не е Украина Индија или Кина па да апсорбира вакви загуби. Деловите под Русија веќе има едно 6-8 милиони народ, по странство по официјалните бројки 8.5 милиони избегале. Немаат повеќе од 15-18 милиони народ вкупно на територијата која ја контролираат. И 10% да мобилизираат што би било многу неверојатно тоа се 1 500 000 до 1 800 000 војници. И тоа е ако земеме дека ќе мобилизираат и мажи и жени. Генерално освен ако не се тешки фанатици или немаат долга воена традиција, секоја армија се распаѓа после жртви од 20-30%.
Премногу е лоша ситуацијата по нив, единствениот начин да ја направат војнава доволно крвава за Русите да се потсопрат ќе беше ако Русите објавеа мобилизација и имаше борби долж целиот фронт. Во моментов едноставно ситуацијата е катастрофална по Украинците, Русите им ја диктираат локацијата на војната и овие немаат друг избор освен да фрлаат човечко месо во огнот. Многу слично како што Германците планирале кај Вердун само што на Русите им успева тактиката. А Русите на крајот на денот сепак сеуште се контролираат, дека можат во кој било момент да им ја прекинат струјата сите мостови на Дњепар да им ги срушат.
реков претходно ќе речам пак. Путин е најпрагматичен и најгенијален геополитички играч на денешницава, тоа не значи дека не прави грешки.
Имате погрешна перцепција зошто оваа војна се води. Заборавете денацификација, ослободување и остали причи за добра ноќ. Од Втора Светска војна навакај секоја војна се води за ресурси, а тоа е најчесто нафтичка. Оваа војна започна во 2014 со новонајдените нафтени и гасни полиња во Донбас, Азовско и Црно море, ова е само продолжение.
Најсилното оружје на Русија се енергенсите, ако Украина влезе на светска сцена како извозник на гас и нафта, Русија геостратешки губи СЕ. Ова е "Да се биде или не" војна за Путин и Русија. Го заболе Путин и за нацисти и за сепаратисти, пара и моќ е во прашање.
Сте се запрашале ли зошто толку ревносно чеченците се борат? Нели Чеченците ги мразеа Русите? Знаете ли колку Чеченија има да изгуби?
Секоја војна има цел, ама целта не е кажана на ТВ
Харков не е стратешки битен од оваа гледна точка, ама Одеса и те како е. Затоа на Украинците ова им е најдобра карта. Времето ќе покаже