Крф

Член од
13 јануари 2015
Мислења
811
Поени од реакции
276
Здраво, годинава со девојка ми се мислиме за Крф. Гледам нашиве агенции имаат сместување во Ипсос. Како е таму?
И дали со моторче 50цц се стига сегде, односно дали е со големи угорници островот па да не може да не искачи? (Лани на Скијатос бевме и со 50цц сегде стигнавме). Ве молам за подетална рецензија од некој што бил скоро, како се плажите, што да се посети и сл.
 
wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.654
Поени од реакции
34.083

Lani bev, so cc50 se stiga sekade. Pod uslov da ne ste sekako 100+ poedinecno. :D

Ipsos bev smesten, mala plaza i losa, ne bev ni eden den na plaza tamu, samo po restorani navecer. Site plazi se blisku od ipsos i se stiga brzo (dasia, barbati...), nie i do krf stariot grad bevme so motorceto od ipsos.

Poveli link nie sto posetivme. Sidari, kontigialos, paxos/antipaxos, divi plazi... toa voglavno hightlights spored mene. Zurki ima vo Ipsos ama togas bese striktno malku so vakcinite, ali voglavno vo 20tite italijanci/italijanki

Ne zameruvaj na speluvanneto na iminjata
 
Фала ти многу. Абе за плажи знам дека на остров секој ден на различна се оди (спред мене), па затоа мотор ќе земам,за градската во Ипсос затоа и не ми е битно. А убаво градче за невечер ли е? Има ли каде да се прошета? Или некое друго градче да барам за сместување? Барем вечерта да не палам мотор. И која цена го ренташе од ден?
 
Последно уредено:

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
6.107
Поени од реакции
25.439
Фала ти многу. Абе за плажи знам дека на остров секој ден на различна се оди (спред мене), па затоа мотор ќе земам,за градската во Ипсос затоа и не ми е битно. А убаво градче за невечер ли е? Има ли каде да се прошета? Или некое друго градче да барам за сместување? Барем вечерта да не палам мотор. И која цена го ренташе од ден?
Навечер е ОК, ама не е како Керкира, главиот град на островот кој е стварно прекрасен, мини Дубровник. Иначе плажите на источниот брег се понеубавите плажи, а обично таму се смештаите што ги нудат нашите агенции, Ипсос и Мораитика најчесто. Убавите плажи се на западниот брег, Глифада, Агиос Гордис, Палеокастрица и потценетата на нет а преубава во живо Санта Барбара. Ама ако си во Ипсос таа подалеку ќе ти биде.
 
Член од
7 јуни 2012
Мислења
33
Поени од реакции
63
Фала ти многу. Абе за плажи знам дека на остров секој ден на различна се оди (спред мене), па затоа мотор ќе земам,за градската во Ипсос затоа и не ми е битно. А убаво градче за невечер ли е? Има ли каде да се прошета? Или некое друго градче да барам за сместување? Барем вечерта да не палам мотор. И која цена го ренташе од ден?
Ипсос е една улица локали (кафичи, ресторани, сендвичари, клубови) покрај градската плажа, шо е сосема типично за грчките туристички места. Има доста, би рекла 2-3 бара, уште толку паба.. шо е сосема океј. Овде е и шеталиштето покрај плажа и е океј, само што улицата е ептен фреквентна и коли фрнчат нонстоп. Има и мало пристаниште со чамци и бротчиња за рентање за посета на околните плажи. Ова беше доста интересно, се посетуваат одлични диви плажи кај шо на секој саат-два доаѓа бротче со пијалоци и храна. Се на се, гратчето е мало, всушност не е ни град, ами излетничко место, и нема нешто којзнае што да се прави, ама е сепак океј.

Исто имаш во соседните области по еден два локала, знам во Дасија имаше еден добар, ама пак ти треба мотор до таму. Во секој случај, Керкира ми остави најдобар впечаток за излегување. Разгледај автобуски линии, имам слушнато дека е добро поврзан цел остров.

Инаку, ние (лани, август) го изнајмивме скутерот за 15 евра од ден, ама може ќе најдеш и за поефтино. Чинам имаше некој попуст ако ги изнајмиш за повеќе денови, ама нам ни требаше само 4 оти останатите бевме на целодневни екскурзии. Е, сега не знам колку е бензинот, ние чинам поминавме со 10тина евра.

Во однос на плажи, источниот брег има потопла/попријатна вода, но плажата е камчеста и препорачувам задолжително да си земете гумирани чевли. Е, западните плажи се филм, песочни, долги, широки, за мерак, ама водата е постудена и зависи во кој период ќе одите. Во секој случај, топло ги препорачувам Контогиалос и Сидари (само овде водата беше претопла), со напомена за Контогиалос дека е предизвик да се стигне до неа. Палеокастрица и не ми остави некој голем впечаток, ама е пак океј да се посети. Има убава панорама и забавен/интересен аквариум.
 
Фала ти многу. А кажи ми моторот од Ипсос го земавте? Има за рентање во Ипсос?
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.315
Поени од реакции
18.398
Една информација. Кое е најиделно место за сместување, да не биде ептен пензионерско а по можност да не се уџум убавите плажи. Лани во левкада бев во главниот град, дали е слично и во Керкира? Или да барам некое од помаливе места, Ипсос, Сидари и тн?
Во кавос сум бил, така да тоа не.
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.143
Поени од реакции
13.295
Кога сме веќе кај потценети плажи: Giali Beach. Само 17км од Ипсос - каде што најчесто носат нашите агенции.

@Menethil Ако може да бираш, тогаш не се сместувај во Ипсос. Тука сите одат таму бидејќи тоа само го нудат агенциите, а не дека местото е оаза снова. Местото на моменти дава вајб на Паралија (тезгите), знае и да смрди дур се шеташ (кожа, храни и ѓубре од ресторани), во внатрешноста има мочуришта кај што на времето беа смештаите од Јупитер. Плажата е камења, чиста е, ама водата ко на пристаниште да се бањаш. Се шета за 20 минути од еден до друг крај. Оди во главниот град, имаш убави улички како стар град, некои мини тврдини имаше исто, средено е, имаш бус превоз насекаде (иако нема да ти треба дека ќе си со кола), веројатно ќе се поскапи смештаите ама тотално друг амбиент е од Ипсос и Кавос.
 
Последно уредено:
Член од
17 август 2011
Мислења
10.315
Поени од реакции
18.398
@FilipMKD007 Fala za odgovor. Inaku prvicno gleav za glavniot grad ali smestaite se dosta poskapi. A za sidari ako znaes, dali e apla penzionersko.
 
STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.665
Поени од реакции
14.539
Со што ќе одиш?
 
STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.665
Поени од реакции
14.539
Со кола ќе бидам. Само отприлика не знам во кој регион да се стационирам, зашто островов делува малце поголем од лефкада.
Изврти на темава, имам пишувано мое видување во поголем пост.

Чим си со кола - смести се во Dassia.
Добра плажа нема самото место, ама за навечер градот ти е на 5 минути со кола...

Плус местото е поврзано со север, југ и запад прилично добро, добра база е за Крф.

едит - не Dassia. Мислев на Gouvia, ќе ти дадам контакт ако сакаш, пиши ПП @Menethil
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.315
Поени од реакции
18.398
Изврти на темава, имам пишувано мое видување во поголем пост.

Чим си со кола - смести се во Dassia.
Добра плажа нема самото место, ама за навечер градот ти е на 5 минути со кола...

Плус местото е поврзано со север, југ и запад прилично добро, добра база е за Крф.
Да глеав има некој смештаи окулу градот, мислев поише дали е океј тој регион зашто неам појма кај се убавите плажи. Ќе го разглеам твојот пост па ќе видам. Секако нема мн избор, на букинг 98% од смештаите ми ги дава фатени за датите :D
 
STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.665
Поени од реакции
14.539
Јас бев тука лани. Добар смештај на топ локација за обиколување на островот и за одење до градот секоја вечер.

http://www.booking.com/Share-h8PWy6

Пиши ми кои дати, ако сакаш ќе го прашам човеков сега.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom