Дискусија за Атеистите, Исламот, Христијанството и останати убедувања

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.172
Поени од реакции
12.157
Фала на друштвото вечерва, баш фино може да кажам дека сме пиеле кафе ( јас навистина го пијам ) :coffee:
Заминуваш?

Лесно ви е вам што само форумот ве држи будни околу религиите и ритуалите :)

Karma is a bitch. :cautious:
 
Член од
30 август 2021
Мислења
1.243
Поени од реакции
2.629
Заминуваш?

Лесно ви е вам што само форумот ве држи будни околу религиите и ритуалите :)

Karma is a bitch. :cautious:
Не, мислев ти отиде, супервизирам вечерва тим, им викам лево малку десно малку но најмногу сум буден за да не се осетат сами и им праќам љубов. Со тебе буквално само си разговарам... искрено со кафенце. :coffee:
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.172
Поени од реакции
12.157
Не, мислев ти отиде, супервизирам вечерва тим, им викам лево малку десно малку но најмногу сум буден за да не се осетат сами и им праќам љубов. Со тебе буквално само си разговарам... искрено со кафенце. :coffee:
Мора и други теми да чепнам, та не си саде ти тука :)
 
Член од
30 август 2021
Мислења
1.243
Поени од реакции
2.629
Не мора да бладаш вака во доцни часови напален од други подфоруми.

Офтопик си мисли малку...
Скроз сум во темата, за њуејџерка праам муабет и кој е проблемот со тоа. :coffee:

Постои само една уметност - уметноста на живеењето, се е една тема.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.172
Поени од реакции
12.157
Скроз сум во темата, за њуејџерка праам муабет и кој е проблемот со тоа. :coffee:

Постои само една уметност - уметноста на живеењето, се е една тема.
Подфорумот е религија. Не секоја религија е уметност на живеењето.
Ќе беше проблем да е така.
 
Член од
30 август 2021
Мислења
1.243
Поени од реакции
2.629
Не си фер Хепта, со пример илустрирав кој е проблемот на тоа останато според насловот убедување - њуејџ.
Родителите не го раскинале атачментот со децата. :coffee:
 
Член од
30 август 2021
Мислења
1.243
Поени од реакции
2.629
Хепта фала на друштво вечерва, искрено. Кафица испиена.
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.293
Поени од реакции
7.650
Тоа што ти сметаш дека основите на религиите се базирани на алегории за астрономски случувања и се останато што си наредил - е твоја работа, јас мислам дека погрешно ти е познавањето на нештата.
Како може да е моја работа, кога религиските прикаски, целосно одговараат со движењето на планетава во однос на сонцето и останатите планети.... случајност можеби :cautious: !!!
Ако велиш погрешни ми се информациите, што не сподели информации од "твојата апсолутна вистина", или како и останатите религии, само твоето гледиште на работите е вистинското, без никаква поткрепа :toe: .

Од друга страна едно е егзотерија и религиите за народот, друго е езотерија која бара иницијација и практична примена на „алегориите“ и самото знаење кое се пренесува низ времињата.

За последното, да - така делуваме, како проповедници од старите религии. Благодарам за комплиментот, можеби градиме интересна историја која ќе се раскажува после 300 години... НО разликата е што истото се прави и пред христијанството, но тие се залетаа премногу, бидејќи наместо правилно да наследат иницијација и учење, тие го узурпираа и упропастија, направија од него погрешна егзотерија, неодобрена од големите хиерофанти од тоа време...

Не ги следеа правилата на проповедање и заминаа во екстремности - прогонуваните станаа прогонители и уништувачи.
Аха, сега е комплимент, ама кога се однесува другите, се залетале, неправилни процедури итн итн.
Тоа ти така си се доживуваш, но дали е тоа точно, треба да оставиш други да кажат, не за друго, туку како да се подобрите. 95% од писанијата ти се критики за " старите " учења, наместо јасно и концизно да покажете што е понудата на "новиот" еон / религија, а не исто ко претходните, затскриено, долго на широко, може вака и така, но и онака ако е, ок е. Опозиција и дежурен критичар е најлесно.

И не, прогонуваните не станаа прогонители, туку истите што нив ги прогонувале, само сменија рувото и продолжија со своите добро познати пракси. Народ ко народ само е слеп послушник пред авторитет. Римскиот император откако го прифатил христијанството, повикувајќи се на новата религија, се им одземал на претходните храмови, значи пак истите што претходно краделе, палеле, колеле, си продолжиле, само сега во друго име.

Мирољуб Петровиќ ве во право за све јас него би ти го препорачал да го запратиш, астрологија универзум хороскопски знаци не постојат ништо нема тука
Јас би ти препорачал мене да ме заследиш, па после пиши му на Мирољуб и тој да го направи истото :anco:.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.172
Поени од реакции
12.157
Јасно и прецизно се знае што критикувам од старите религии. Кај може во еден пост да соберам се... да можев, книги ќе пишував :LOL:
Зарем не си ме читал? Бараш закон кој што зборува за апсолутна слобода да ти го „прецизно и концизно“ дефинирам... до толку не ја гледаш разликата?

Или бидејќи ти е слично моето критикување на старите религии со „некогашните критичари на тогашните стари религии“, демек си запознаен со нивните коментари (кои и да се тие, повеќе беа стари иницијантси учења кои заради христијанството и политиката заминаа во илегала за да опстанат низ времињата) мислиш дека Телема е баш како нив?

За толку време што сум на форумот и ако си ме читал и малку размислил што зборувам, ќе видиш која е критиката... а пак ако си се дрзнал да прочиташ екстра нешто што е тоа различно во Телема и религиите на старото време - ти ќе беше 100 години пред мене сега во разбирањето на нештата. :coffee:

Со тоа, ќе знаеш што е спротивно во Телема од старите религии и учења!

Ти изгледа не знаеш историја и коментираш за нештата како да си гледал документарци од Discovery каналот... нема да го коментирам тоа што го знаеш за религиите и нивната историја на настанување.

„Понудата“ на новиот еон кој знае колку пати е кажана на форумов, во темата за Телема.
И не може кратко и јасно и концизно да се каже за нештата од проста причина не дека нештата се скриени и недостапни, секому му е достапно се ако му е тоа волја, ништо на сила.... туку оставено е на секој поединец, како ѕвезда, како рамноправен дел од бесконечното, сам по своја волја ги спознае симболите, ги проучи истите и практично проба да го применува она што е дадено во Книгата на Законот, по свое разбирање и умешност.
Нема догма вака треба или онака треба. Нема догма во однос на тоа кај е човекот во однос на божественото, нема догма во однос како да е уредено човештвото.

Поточно постои документ кој е збиена форма на Законот на Телема, кој што е даден за човештвото, за секој маж или жена - без разлика!
Тоа е Правата на Човекот или Liber Oz.
Види таму што има и спореди со старите религии и „државните религии“ како начин на размислување и уредување на светот! Не може повеќе така, шеријатски правен поредок да доаѓа од света книга, мислам...

Ти од мене бараш да ти коментирам света книга. Тоа е строго „забрането“ поточно непожелно во новиот еон. Јас како разбирам и дејствувам е мој проблем со прифаќањето на Телема, резултатите се доказот на моето погрешно, парцијално или воопшто неразбирање на Законот. Тоа што го бараш од мене е старо-еонски формат: кажи ми што нудите!
Слама ти нудам за да помалку те боли грбот од ударите на судбината - може така? Не барај вакви нешта од мене.

Седни, запознај се со философијата на Телема, разгледај ја ако имаш време и волја и пробај ја на дело - ако можеш.

Нема догма во овие работи кај поединецот, нема ограничување.... новиот еон е за човекот: се е искуство.

И ова за народот... од истиот тој народ доаѓаат иницијанти. Не верници да се разбереме: доаѓаат иницијанти. Така да „народ ко народ“ зависи со кој си опкружен и колку може да предизвикаш промена на другите кога ќе дојдат во допир со тебе :love:
 

PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.930
Поени од реакции
5.071
90% од вернициве веруваат на слепо бидејќи така пишувало во Библијата или во Куранот, останатите 10% објаснуваат што е како е ама не целосно бидејќи и тие не знаат како да објаснат нешто што не постои. Атеизмот вика Бог не постои, ти како верник треба да докажеш дека постои а не атеистот да бара докази дека не постои.
А како се објаснуваат нештата кои не постојат?

Ако не постојат, тогаш само:
- или констатираш дека не постојат,
- или изнесуваш причини ради кои нештата (кои не постојат) не можат да постојат, оти зададените услови не допуштаат нивно постоење.

Ако атеизмот вели дека Бог не постои, тоа е само прост став изнесен од неупатени, кои без никакво предзнаење за Бога велат дека Он не постои, без да изнесат грам причини за Божјото непостоење. Наспроти нив, има(ме) дел од населението кое верува во Бог, а има(ме) и достојни поединци, кои можат искуствено да посведочат за Божјото постоење.
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.293
Поени од реакции
7.650
Ти изгледа не знаеш историја и коментираш за нештата како да си гледал документарци од Discovery каналот... нема да го коментирам тоа што го знаеш за религиите и нивната историја на настанување.
Ти не треба да коментираш за другите што знаат, туку да кажеш што ти знаеш, па ние самите ќе споредиме што е пологично или поточно.
И што кажа врска движењето на планетава околу сонцето .... оти рече грешни ми се информациите, ама не ги кажа точните информации. Сигурно тајна се, треба секој сам да дојде до тоа знаење и да си ги толкува како сака.

Слама ти нудам за да помалку те боли грбот од ударите на судбината - може така? Не барај вакви нешта од мене.

Седни, запознај се со философијата на Телема, разгледај ја ако имаш време и волја и пробај ја на дело - ако можеш.
Знам дека слама нудиш, тоа и ја кажав, но не сум стока па да ти ја примам сламата. Спакувај ја во попримамлив целофан, може ќе ја прифатам, ама ваква каква што ја нудиш, иста е како со тие што кажуваш дека застраниле.
Сум седнал, сум читал од Телемата, ама штом е пишувано округло па на ќоше, сакам кажам, не знам речам, заеби. За децата тоа што го имате напишано на блогот ти е јасно концизно напишано, ова другите книги, очигледно не сум достигнал високиот степен на сфаќање.Ај кога ќе пораснам, ќе пробам пак.

@Bafra а што ти дан си некој астролог/астроном , јогин/гуру
Следи ме што пишувам и ќе видиш подобро ќе ти е него ли од Мирољуб писанијата. Од јога, доволно ти се 6те Тибетантски вежби, се друго ти е ако сакаш за чалам.

@Bafra е алхемичар само уште не знае. :)
Скромност јбг. Но сега ме заинтересира, за да кажеш за некој што е, треба и ти да си таков, т.е. да имаш познавања од таа област. Штом кажуваш дека сум алхемичар, тоа значи дека и ти си алхемичар, па од прва процени, или како :toe:
 
Член од
30 август 2021
Мислења
1.243
Поени од реакции
2.629
Ти не треба да коментираш за другите што знаат, туку да кажеш што ти знаеш, па ние самите ќе споредиме што е пологично или поточно.
И што кажа врска движењето на планетава околу сонцето .... оти рече грешни ми се информациите, ама не ги кажа точните информации. Сигурно тајна се, треба секој сам да дојде до тоа знаење и да си ги толкува како сака.



Знам дека слама нудиш, тоа и ја кажав, но не сум стока па да ти ја примам сламата. Спакувај ја во попримамлив целофан, може ќе ја прифатам, ама ваква каква што ја нудиш, иста е како со тие што кажуваш дека застраниле.
Сум седнал, сум читал од Телемата, ама штом е пишувано округло па на ќоше, сакам кажам, не знам речам, заеби. За децата тоа што го имате напишано на блогот ти е јасно концизно напишано, ова другите книги, очигледно не сум достигнал високиот степен на сфаќање.Ај кога ќе пораснам, ќе пробам пак.



Следи ме што пишувам и ќе видиш подобро ќе ти е него ли од Мирољуб писанијата. Од јога, доволно ти се 6те Тибетантски вежби, се друго ти е ако сакаш за чалам.



Скромност јбг. Но сега ме заинтересира, за да кажеш за некој што е, треба и ти да си таков, т.е. да имаш познавања од таа област. Штом кажуваш дека сум алхемичар, тоа значи дека и ти си алхемичар, па од прва процени, или како :toe:
Пошто си злато од човек, си ги трансмутирал подолните елементи..... во злато. :)
Само се секираш син ти каква снаа ќе донесе дома и исто ко и јас, пробуваш да ја опраеш неа, јас него, чисто да се каже дека сме пробале. Блиску ли сум? :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom