Јасно и прецизно се знае што критикувам од старите религии. Кај може во еден пост да соберам се... да можев, книги ќе пишував
Зарем не си ме читал? Бараш закон кој што зборува за апсолутна слобода да ти го „прецизно и концизно“ дефинирам... до толку не ја гледаш разликата?
Или бидејќи ти е слично моето критикување на старите религии со „некогашните критичари на тогашните стари религии“, демек си запознаен со нивните коментари (кои и да се тие, повеќе беа стари иницијантси учења кои заради христијанството и политиката заминаа во илегала за да опстанат низ времињата) мислиш дека Телема е баш како нив?
За толку време што сум на форумот и ако си ме читал и малку размислил што зборувам, ќе видиш која е критиката... а пак ако си се дрзнал да прочиташ екстра нешто што е тоа различно во Телема и религиите на старото време - ти ќе беше 100 години пред мене сега во разбирањето на нештата.
Со тоа, ќе знаеш што е спротивно во Телема од старите религии и учења!
Ти изгледа не знаеш историја и коментираш за нештата како да си гледал документарци од Discovery каналот... нема да го коментирам тоа што го знаеш за религиите и нивната историја на настанување.
„Понудата“ на новиот еон кој знае колку пати е кажана на форумов, во темата за
Телема.
И не може кратко и јасно и концизно да се каже за нештата од проста причина не дека нештата се скриени и недостапни, секому му е достапно се ако му е тоа волја, ништо на сила.... туку оставено е на секој поединец, како ѕвезда, како рамноправен дел од бесконечното, сам по своја волја ги спознае симболите, ги проучи истите и практично проба да го применува она што е дадено во Книгата на Законот, по свое разбирање и умешност.
Нема догма вака треба или онака треба. Нема догма во однос на тоа кај е човекот во однос на божественото, нема догма во однос како да е уредено човештвото.
Поточно постои документ кој е збиена форма на Законот на Телема, кој што е даден за човештвото, за секој маж или жена - без разлика!
Тоа е Правата на Човекот или
Liber Oz.
Види таму што има и спореди со старите религии и „државните религии“ како начин на размислување и уредување на светот! Не може повеќе така, шеријатски правен поредок да доаѓа од света книга, мислам...
Ти од мене бараш да ти коментирам света книга. Тоа е строго „забрането“ поточно непожелно во новиот еон. Јас како разбирам и дејствувам е мој проблем со прифаќањето на Телема, резултатите се доказот на моето погрешно, парцијално или воопшто неразбирање на Законот. Тоа што го бараш од мене е старо-еонски формат: кажи ми што нудите!
Слама ти нудам за да помалку те боли грбот од ударите на судбината - може така? Не барај вакви нешта од мене.
Седни, запознај се со философијата на Телема, разгледај ја ако имаш време и волја и пробај ја на дело - ако можеш.
Нема догма во овие работи кај поединецот, нема ограничување.... новиот еон е за човекот: се е искуство.
И ова за народот... од истиот тој народ доаѓаат иницијанти. Не верници да се разбереме: доаѓаат иницијанти. Така да „народ ко народ“ зависи со кој си опкружен и колку може да предизвикаш промена на другите кога ќе дојдат во допир со тебе