Векови Русофилство меѓу Македонците

Статус
Затворена за нови мислења.

Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.533
Поени од реакции
22.188
Русофилијата во Македонија е реакција на третманот од западот и како таква е очекувана и логична.
Низ историјата, да нема заблуди, Русија си била наклонета кон сите(србија и бугарија) освен кон Македонија и нашето прашање го гледала исклучиво во нивни склоп, плус со една многу срамна постапка и улога во пресрет на Илинденското востание.

Не знам кој револуционер, мислам дека Кирил Прличев, во разочарување има кажано дека славјанството и православието се двете јагнешки кожи врз грбот на рускиот волк.
Реално глупо е такво -филство ако некој не ме сака ќе го обожавам другиот. Реално и немаме причини за русофилство освен ете словенски народи сме тоа ни е заедничко, како и со други народи. Туку мали народи како ние или Србите делумно лечат и комплекси па развиваат некоје филство кон големи народи/дражви. Иначе општо одбивам таков вид филство према други народи како што се практикува меѓу луѓето, како величење на Путин на пример.
Автоматски споено мислење:

Вековите “русофилство“ на Балканот е затоа што Русија е иницијална каписла за издигањето на национална свест на сите словенски народи на Балканот, за разлика од западот, кој инвестирал во Отоманската империја. Нема ниту една словенска нација на Балканот чии просветители не биле школувани и чија идеја не била развивана во Москва.

Да не била Русија, балканските нации немало да имаат свои држави, туку ќе биле раја во некоја денешна Отоманска империја.
Не верувам дека кај денешен Македонец, Србин итн. русофилството влече корени баш од тоа што опиша. Иначе последната реченица е теза на стаклени нозе.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.575
Поени од реакции
27.410
Русофилијата во Македонија е реакција на третманот од западот и како таква е очекувана и логична.
Низ историјата, да нема заблуди, Русија си била наклонета кон сите(србија и бугарија) освен кон Македонија и нашето прашање го гледала исклучиво во нивни склоп, плус со една многу срамна постапка и улога во пресрет на Илинденското востание.

Не знам кој револуционер, мислам дека Кирил Прличев, во разочарување има кажано дека славјанството и православието се двете јагнешки кожи врз грбот на рускиот волк.
Не гледам во песните народни Македонски да се кудат Русите, додека во нив Европа е блудницата Бабилонска.
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.432
Поени од реакции
11.286
- Словенските народи ни се најблиску до јазик и култура, а Русија е најмоќната словенска земја.

- Русија ги претрпела најтешките војни и ужаси низ историјата. Речиси половина од жртвите во ВСВ се од Советскиот Сојуз. Не може да се оспорат заслугите на Русија кога е во прашање ослободувањето на Европа.

- Хајката против Русија е последица од социјализмот. На Русија треба да гледате од времето на Петар Велики, а не Сталин.

- Понатаму, Русија е земја која ги создаде најголемите писатели, композитори, физичари, хемичари и воени лидери.

- Русофилијата најмногу е во пораст поради антизападноста и Владимир Путин.
 
Член од
30 април 2022
Мислења
248
Поени од реакции
347
Страшно мудри сте на тема русија сад украина. Таму кај што сте најпотребни потфрливте.

Византиец иди на геј парада не отварај теми молим те.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.575
Поени од реакции
27.410
- Словенските народи ни се најблиску до јазик и култура, а Русија е најмоќната словенска земја.

- Русија ги претрпела најтешките војни и ужаси низ историјата. Речиси половина од жртвите во ВСВ се од Советскиот Сојуз. Не може да се оспорат заслугите на Русија кога е во прашање ослободувањето на Европа.

- Хајката против Русија е последица од социјализмот. На Русија треба да гледате од времето на Петар Велики, а не Сталин.

- Понатаму, Русија е земја која ги создаде најголемите писатели, композитори, физичари, хемичари и воени лидери.

- Русофилијата најмногу е во пораст поради антизападноста и Владимир Путин.
Не би се сложил дека социјалистичкиот период е причина за хајката против Русија. Можеби е еден од инструментите кои помагаат во хејтот. Ниту пак мислам дека Владимир Путин е сам по себе причина за тоа. Путин доста пријателски беше отворен кон западот во своите 20 години од владеењето. Причините се далеку посебични одколку што генерално тоа се претставува.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.288
Поени од реакции
26.168
Не верувам дека кај денешен Македонец, Србин итн. русофилството влече корени баш од тоа што опиша. Иначе последната реченица е теза на стаклени нозе.
Не зборам за денешен. Прашањето во воведниот пост му беше зошто русофилството постоело. Феномен кој историски не вродил со плод. :D

За последната реченица прашај ги Курдите, кои никогаш немале голема сила на нивна страна, колку се стаклени тие нозе.
 

dantemkd

demon hunter
Член од
5 јануари 2013
Мислења
10.502
Поени од реакции
9.750
Не дека ги бранам Русите кои не не фермаат. Ама зошто да се замараме што мислат западните држави за нас апсолутно ништо бенефит немаме а гледаат да ни ја уништат и онаа стабилност што ја имавме.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.808
Поени од реакции
42.442
византијчево е тотално неписмено по историја. Баш тие што ги дичи го растурија Константинопол во крстоносните војни. Нема елементарно знаење, освен што прочитал за таа Комнина.

Тоа да се викаш византиец и да го глорифицираш западот е тешка когнитивна дисонанца.
 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.780
Поени од реакции
49.639
Не гледам во песните народни Македонски да се кудат Русите, додека во нив Европа е блудницата Бабилонска.
Нигде не реков дека улогата на Европа во тоа време била поволна за нас, само реков дека руската не била како што се надевале, а прашање е дали и во денешен контекст би била поволна.
За Русија нашето прашање како одделно ,скоро и да не постоело, освен во некои маргинални кругови и секогаш било гледано во рамки на Бугарија и Србија. Така од прилика би било и денес, кога нивната воља би доминирала на Балканот.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.288
Поени од реакции
26.168
Нигде не реков дека улогата на Европа во тоа време била поволна за нас, само реков дека руската не била како што се надевале, а прашање е дали и во денешен контекст би била поволна.
За Русија нашето прашање како одделно ,скоро и да не постоело, освен во некои маргинални кругови и секогаш било гледано во рамки на Бугарија и Србија. Така од прилика би било и денес, кога нивната воља би доминирала на Балканот.
Царска Русија, да. Никогаш не стигнала во геополитичка ситуација да има корист од македонското прашање.

За Комитерната, не би рекол дека го гледале како периферно.
 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.780
Поени од реакции
49.639
Царска Русија, да. Никогаш не стигнала во геополитичка ситуација да има корист од македонското прашање.

За Комитерната, не би рекол дека го гледале како периферно.
За царска зборам. Сепак, денес Путин на тие традиции се повикува, па доколку е така, ред е да знаеме на каков евентуален аранжман се претплаќаме. :D

Ако некој незадоволен од бугарското малтретирање, мисли дека Русија од истото би го спасила, треба да е свесен дека Бугарија е историски руска губернија за која Русија крварела и во која и денес руското влијание е силно сошиено и меѓу народот и во самиот апарат , па нека си пресмета на чија страна би застанала Русија кога во хипотетичка ситуација би требала да бира.
 

пунтер

betfair trader
Член од
21 март 2011
Мислења
5.454
Поени од реакции
9.157
За царска зборам. Сепак, денес Путин на тие традиции се повикува, па доколку е така, ред е да знаеме на каков евентуален аранжман се претплаќаме. :D

Ако некој незадоволен од бугарското малтретирање, мисли дека Русија од истото би го спасила, треба да е свесен дека Бугарија е историски руска губернија за која Русија крварела и во која и денес руското влијание е силно сошиено и меѓу народот и во самиот апарат , па нека си пресмета на чија страна би застанала Русија кога во хипотетичка ситуација би требала да бира.
Можеби сум наивен ама не мислам дека некој очекува спас од Русија, никој нема да не спаси ако не се спасиме сами.
Сега во последниов случај бевме пред свршен чин, али ако некој не спаси тоа беше Бугарија или бугарите, мора да им се заблагодариме. Според зацртаното сценарио на северрџанскава влада требаше све да се случи брзо и тајно преку ноќ како што беше изведено со промената на името од Македонија во ФИРОМ кога преку ноќ еден ден се разбудивме и слушнавме на вести што договориле идиотиве. Во конкретниов случај бугариве почнаа прерано почнаа да лиферуваат што е договорено и нивните медиуми излегоа со податоци многу порано него што беше зацртано во сценариото со што кај нас јавноста беше запознаена порано него предвиденото и се напрај каков таков притисок за на крај испрдоков на говното од муртино да се повлече од тоа што испланирал. Е сега дали бугариве вака изиграа намерно или ненамерно тешко е да се каже, дури си мислам дека дури и намерно кажаа што ни се спрема, а не знам зошто.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom