Векови Русофилство меѓу Македонците

Статус
Затворена за нови мислења.

Византиецот

what you looking at, ass
Член од
14 март 2021
Мислења
2.600
Поени од реакции
6.016
Овде ќе пишуваме на една тема на која не сме баш јагниња.
Вовед километражно долг? реално, и не треба, од Константин Миладинов и Григор Прличев - до македонското русофилско 90% мнозинство денес.

Овај Македонски феномен ниту еднаш не вродил со плод, историски гледано. Спомнатите ликови погоре се ултра трагични и разочарани. Григор оди до таму што вели, дека кога учел во Атина, и ја напишал Сердарот - О Арматлос (па Грците му клале венче и го нарекле новиот Хомер), ниеднаш не бил така ужасно третиран, како во родниот Охрид, каде Бугарски поп, под рамо насилно го истргува Григора од училницата - затоа што учителствувал на Македонски, а не на јазикот на Бугарската Егзархија. Прличев започнува да консумира алкохол, комплетно ги запушта мајка си и сестра си (кои переле тепици кај богати турци), и сите знаеме како завршува таа приказна. Стипендиите понудени од Берлин и Лондон (после пишувањето на О Арматалос), овај македонски интелектуалец ги одбива, токму во времето кога се насочил кон Русија. Константин Миладинов ја пишува Тага за Југ во Москва.

Каде го лоцирате почетокот на овај феномен? Во фактот што сме Словени? Не би рекол. Словени се и Полска, Словачка, Чешка, Хрватска и Словенија, но нивните елити никогаш не трзале вака по Азискиот Бехемот, туку киснеле по универзитетите во Минхен, заедно со колегите грци. Во рускиот систем на управување? Дали вековно тоталитарен систем, со цареви на кои самиот руски народ им дава прекари како Иван Грозни (Ужасни), е она што македонецот го вреднува како лидер, некој кој стварно делува онака како што треба да делува за да изгради словенски утопии (како Путин денес)? Дали Македонците историски биле одушевени од големо-бугарските идеи на Русија? Можеби оттука и поддршката?

Дали некои од вас сметаат дека Франција и Холандија имаат развиен одбојност кон нас заради овај феномен, далеку по присутен во Македонија од било која друга Балканска земја? Дали сметате дека нардот кој навива за Европа да се распадни (така гласи секој 2 пост во овај дел на форумот), треба да се зачлени во нејзината Унија? Се поставува прашањето, кој е лицемерниот овде? Ние? Или Франција? Времето ќе покаже.
 
Последно уредено:

Византиецот

what you looking at, ass
Член од
14 март 2021
Мислења
2.600
Поени од реакции
6.016
аман бе, пак ние криви што сме живи
па види Франција е бастион на Европа, го скенира континентот како Окото на Саурон. А ние сме народ одушевен од поделбата на Европа со ѕид (Берлин). Не звучиме баш како Хрватска, каде 90% од народот се чувствува обратнопропорционално поинаку од нас. Редовно сум со Хрвати, не мора да ти образложувам дали негуваат европски или руски сентимент.
Исто, Тито бил пола Хрват пола Словенец по етникум, да не се заборави. Оттука Југославија го шамара СССР како што им чини. Не - како Тито на Сталин.
 

пунтер

betfair trader
Член од
21 март 2011
Мислења
4.913
Поени од реакции
7.833
па види Франција е бастион на Европа, го скенира континентот како Окото на Саурон. А ние сме народ одушевен од поделбата на Европа со ѕид (Берлин). Не звучиме баш како Хрватска, каде 90% од народот се чувствува обратнопропорционално поинаку од нас. Редовно сум со Хрвати, не мора да ти образложувам дали негуваат европски или руски сентимент.
Исто, Тито бил пола Хрват пола Словенец по етникум, да не се заборави. Оттука Југославија го шамара СССР како што им чини.
ако мене ме прашаш, Франција не само што е бастион туку и најголемо говно во Европа, така да му кажеш на тој што спие со баба му.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.591
Поени од реакции
38.739
па види Франција е бастион на Европа, го скенира континентот како Окото на Саурон. А ние сме народ одушевен од поделбата на Европа со ѕид (Берлин). Не звучиме баш како Хрватска, каде 90% од народот се чувствува обратнопропорционално поинаку од нас. Редовно сум со Хрвати, не мора да ти образложувам дали негуваат европски или руски сентимент.
Исто, Тито бил пола Хрват пола Словенец по етникум, да не се заборави. Оттука Југославија го шамара СССР како што им чини. Не - како Тито на Сталин.
Одвојувањето на политиките на Југославија од тие на СССР е ради судирот на Тито со Сталин, не ради тоа што они се руси и слично. Ти не ги знаеш основните работи по историја.
 

Византиецот

what you looking at, ass
Член од
14 март 2021
Мислења
2.600
Поени од реакции
6.016
Не бе неговиот етникум и константно киснејне во Хрватска (и славната изјава - помалку моќ за Србија, повеќе за покраините) ич нема врска со неговиот етникум. Оди внуците да му ги видиш дали се со руси или негде по Европата денес.

Плус Јосип имал вкус бе, со Елизабет Тејлор терал пријателства, не со извесна Галинова.
Автоматски споено мислење:

Пази го моментот „Големо-Бугарските идеи на Русија“ .... Големи мисли од малиот мозок :)
Сан-Стефанска Бугарија не е наречена Сан-стефанска без причина. Види кој ја иницира и потпишува.
 
Последно уредено:

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.273
Поени од реакции
45.670
Русофилијата во Македонија е реакција на третманот од западот и како таква е очекувана и логична.
Низ историјата, да нема заблуди, Русија си била наклонета кон сите(србија и бугарија) освен кон Македонија и нашето прашање го гледала исклучиво во нивни склоп, плус со една многу срамна постапка и улога во пресрет на Илинденското востание.

Не знам кој револуционер, мислам дека Кирил Прличев, во разочарување има кажано дека славјанството и православието се двете јагнешки кожи врз грбот на рускиот волк.
 

Византиецот

what you looking at, ass
Член од
14 март 2021
Мислења
2.600
Поени од реакции
6.016
Русофилијата во Македонија е реакција на третманот од западот и како таква е очекувана и логична.
Низ историјата, да нема заблуди, Русија си била наклонета кон сите(србија и бугарија) освен кон
Низ историјата, да нема заблуди, Европа си била наклонета кон сите балкански, скоро ослободени земји. И додека интелектуалците од овие земји со задоволство ги прифаќаат нејзините стипендии (еден од нив и Никола, Тесла во Австрија). Сите Македонци почестени стипендисти ја одбиваат? Ете дај разглоби ми го Григор Прличев како лик? Како тоа одбил се европско, а бил разочаран од тоа дека Поп на Бугарската Егзархија, го вади насилно од училница во Охрид во која тој учителствува на Македонски, а не на Бугарски јазик?

За Православните Јагниња и Рускиот Волк. Грција е православна, не е таа ничие Јагне. Во моментов завршува изградба на Грчка Православна Црква во Њујорк, на местото каде паднаа Близначките, во самиот Епицентар на Западот. Прошири ги своите православни видици, некој на запад очигледно одамна го направил тоа.
 
Член од
17 август 2009
Мислења
3.601
Поени од реакции
5.106
@Византиецот
Од погрешна страна навлагаш.
Не сме толку за Русија, па сега потенцираш ред ствари, големо бугарски бла бла, православие, словени, диктатура, иван грозни... колку што сме против безобразието и вообразноста на западот.
Еве погледни од оваа страна. Што мислиш зашто сме сите овде и за Кина освен за Русија? Каде се сега тие изговори, Кина не подржала никогаш ни Бугарија ни незнам кој, нема врска со гени, религија и сл со нас. Па сите сме за Кина.

И гледај малце пошироко, јас сум зачуден колку низ целиот свет освен западот имаат подршка Русија и Кина. Мнозинството во Африка, блиски исток, Азија, Централна и Јужна Америка. Да не претерам со проценти, ама преку 70% од овие земји ги подржуваат Русија и Кина отколку западот.

Е сега иде вистинското прашање и поглед на работите, затоа на почетокот ти кажав од погрешна страна навлагаш на темата.

Зашто 70% од целиот свет е против западот?
Дали поради гнасното минато? Колонијализмот, пљачкањето на ресурси (дури имаше и економски назив таа појава) на земјите под диктатура на западот, после поморскиот подем и истражувањето на нови земји.
Дали поради потчинувањето на сите кои не се европјани, што викаш ти "учени" по универзитети ? Дали поради робовладетелството кое го патентираа онака брутално ? Геноцидните појави каде што ќе стапнат, домородците низ двата амерички континенти, после шпанците во Ј.Америка и англосаксонците во Северна Америка ?
Извитоперениот однос спрема природата и духовноста?
Можеби дека на два пати во светски рамки испровоцираат војни кои беа на работ да ја уништат планетата земја, и домот на луѓето?

Тие вибрации се осеќаат низ целиот свет, тие постапки нивни во минатото не се забораваат така лесно, и тој органски, човечки отпор кон она што знаеш дека може да те уништи во секој момент е појако од секоја "мода", тренд, "универзитети", пари, материјално добра и сл.

А за Прличев и компанија. Можеби можам да претпоставам дека во тие години руската култура, книжевност била многу поблиска, подлабока, посуштинска за него лично, и на иста бранова должина, него ли европската. Ствар на вкусови.
И сега имаш љубители на разни културни правци помеѓу уметниците.
Автоматски споено мислење:

И можеш да го промениш насловот, во- векови западофобство меѓу светот :)
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.142
Поени од реакции
25.569
Вековите “русофилство“ на Балканот е затоа што Русија е иницијална каписла за издигањето на национална свест на сите словенски народи на Балканот, за разлика од западот, кој инвестирал во Отоманската империја. Нема ниту една словенска нација на Балканот чии просветители не биле школувани и чија идеја не била развивана во Москва.

Да не била Русија, балканските нации немало да имаат свои држави, туку ќе биле раја во некоја денешна Отоманска империја.
 

Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.127
Поени од реакции
2.765
Aми Амерофилство, Западофилство, НАТОФИЛСТВО и ЕУФИЛСТВО меѓу Северџаните???
 

Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.734
Поени од реакции
7.547
...

Дали некои од вас сметаат дека Франција и Холандија имаат развиен одбојност кон нас заради овај феномен, далеку по присутен во Македонија од било која друга Балканска земја?
...
Можеш да дадеш пример каде тоа русофилијата е далеку "попристутна во Македонијa" во однос на остатокот од балканот?

Да ти поможам малку. :D
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
13.242
Поени од реакции
27.584
Дали некои од вас сметаат дека Франција и Холандија имаат развиен одбојност кон нас заради овај феномен, далеку по присутен во Македонија од било која друга Балканска земја?
Ovie imperijalisti imaat odbivnost kon nas poradi toa sto sme pravoslavni, za niv eretici pred se, vprocem, francija i ostali krstonosci se onie sho go unistija miliot ti Konstantinopol i go napravija lom za turcinot so lesnotija da si vleze.

Zosto pa jas da imam pricina da gi sakam Francuzite i Holangjanite? Tie pa sto imaat napraveno za nas?

Toa sto go sklopija terminot "bure barut" poradi nivnite imperijalisticki interesi ovde, pa posle poleka go prefrlija na nas kao demek, nie sme varvari, samo na tepanje mislime.
Zamisli, nekoj sho so svojot sosed vo istorijata ima termin "stovekovna vojna", nekoi sho se bogati poradi kornenje minerali od drugi kontinenti, idat i ti vikaat, vie ste poloshi od nas.
A ne znaat eden dezedorans da si stavat.
 
Последно уредено:
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom