jamajka
mode: Calm
- Член од
- 28 април 2007
- Мислења
- 19.575
- Поени од реакции
- 27.408
Горе доле ми е јасно ова, чисто ме интересираа овие америчкиве повеќецевни ракетни системи и ракетите што ги користат. Пошто многу ракети со доста широк дијапазон на дострел користат.На Украинците не им треба некое специфично оружје, им треба целосно нова армија зошто старата ја изгубија. Да мислиш дека 5-6 ракетни фрлачи и 100 артилериски парчиња ќе и помогнат на држава која почнала со 400 Смерчови и преку 1500 артилериски парчиња треба да се правиш луд со сила.
Се што прават во моментов е да ја хранат Руската артилерија со месо, се со цел да купат време. Ама не разбирам за што купуваат време. Да имаше некаква шанса руската економија да се распадне поради санкциите, или да имаше немири поради незадоволство од војната ќе разберев. Ама вака само гинат за џабе. А како поминува време се што ќе се случи е односот на загуби помеѓу украинците и русите да се зголемува како што Руската армија ќе се здобива со поголемо искуство.
Во секој случај оваа војна има краен датум а тоа е некаде околу декември-јануари. Во Украина моментално ништо не работи, ниту нешто се произведува. Кога ќе дојде зимата ќе видиме дали САД и ЕУ ќе можат да хранат и греат 25 милиони народ целосно на своја сметка. Посебно кога и ЕУ ќе биде во огромна енергетска криза.
Не ли е прецизно и наведувано орудие различно? Колку што знам и не толку модерната и ненаведувана артилерија е прецизна до метро. А главната разлика е што ненаведуваното оружје лета по однапред определена тракеторија, додека наведуваното има релативно непредвидлива тракеторија.Најверојатно.
Клинтон сака само да кажи дека не можат да гаѓаат движечки цели и да прават маневри. За се останато се прецизни до метар. Можат релативно лесно да бидат пресретнати од ПВО.
Но сепак се работи за скапи ракети и нема да сменат скоро ништо во судирот.