На Украинците не им треба некое специфично оружје, им треба целосно нова армија зошто старата ја изгубија. Да мислиш дека 5-6 ракетни фрлачи и 100 артилериски парчиња ќе и помогнат на држава која почнала со 400 Смерчови и преку 1500 артилериски парчиња треба да се правиш луд со сила.
Се што прават во моментов е да ја хранат Руската артилерија со месо, се со цел да купат време. Ама не разбирам за што купуваат време. Да имаше некаква шанса руската економија да се распадне поради санкциите, или да имаше немири поради незадоволство од војната ќе разберев. Ама вака само гинат за џабе. А како поминува време се што ќе се случи е односот на загуби помеѓу украинците и русите да се зголемува како што Руската армија ќе се здобива со поголемо искуство.
Во секој случај оваа војна има краен датум а тоа е некаде околу декември-јануари. Во Украина моментално ништо не работи, ниту нешто се произведува. Кога ќе дојде зимата ќе видиме дали САД и ЕУ ќе можат да хранат и греат 25 милиони народ целосно на своја сметка. Посебно кога и ЕУ ќе биде во огромна енергетска криза.