Византиецот
Codename Duchess
- Член од
- 14 март 2021
- Мислења
- 2.823
- Поени од реакции
- 6.415
Овде ќе пишуваме на една тема на која не сме баш јагниња.
Вовед километражно долг? реално, и не треба, од Константин Миладинов и Григор Прличев - до македонското русофилско 90% мнозинство денес.
Овај Македонски феномен ниту еднаш не вродил со плод, историски гледано. Спомнатите ликови погоре се ултра трагични и разочарани. Григор оди до таму што вели, дека кога учел во Атина, и ја напишал Сердарот - О Арматлос (па Грците му клале венче и го нарекле новиот Хомер), ниеднаш не бил така ужасно третиран, како во родниот Охрид, каде Бугарски поп, под рамо насилно го истргува Григора од училницата - затоа што учителствувал на Македонски, а не на јазикот на Бугарската Егзархија. Прличев започнува да консумира алкохол, комплетно ги запушта мајка си и сестра си (кои переле тепици кај богати турци), и сите знаеме како завршува таа приказна. Стипендиите понудени од Берлин и Лондон (после пишувањето на О Арматалос), овај македонски интелектуалец ги одбива, токму во времето кога се насочил кон Русија. Константин Миладинов ја пишува Тага за Југ во Москва.
Каде го лоцирате почетокот на овај феномен? Во фактот што сме Словени? Не би рекол. Словени се и Полска, Словачка, Чешка, Хрватска и Словенија, но нивните елити никогаш не трзале вака по Азискиот Бехемот, туку киснеле по универзитетите во Минхен, заедно со колегите грци. Во рускиот систем на управување? Дали вековно тоталитарен систем, со цареви на кои самиот руски народ им дава прекари како Иван Грозни (Ужасни), е она што македонецот го вреднува како лидер, некој кој стварно делува онака како што треба да делува за да изгради словенски утопии (како Путин денес)? Дали Македонците историски биле одушевени од големо-бугарските идеи на Русија? Можеби оттука и поддршката?
Дали некои од вас сметаат дека Франција и Холандија имаат развиен одбојност кон нас заради овај феномен, далеку по присутен во Македонија од било која друга Балканска земја? Дали сметате дека нардот кој навива за Европа да се распадни (така гласи секој 2 пост во овај дел на форумот), треба да се зачлени во нејзината Унија? Се поставува прашањето, кој е лицемерниот овде? Ние? Или Франција? Времето ќе покаже.

Последно уредено: