Абортус (општо) и дали оправдувате или не?

  • Креатор на темата Креатор на темата ThA-BiTcH
  • Време на започнување Време на започнување
Не мешај термини и не прај straw man, биолошки фетусот е посебен организам, генетски комплетен со уникатна днк. Секако дека е зависен од мајката, но тоа не го прави дел од нејзиното тело. Фетусот е засебен организам (човек во рана фаза на развој) и најбитно е дека е жив, што значи абортусот е убиство на човечко битие.
Генетски е посебен но физиолошки е зависен и поради тоа мајката одлучува што ќе биде со него.
Замисли некоја има несакана бременост а има други планови. Ќе и расипе кариера ќе загуби стотици илјади евра ќе неможе да најде лесно друг нема да може да патува. Само од загубите од приходи од неработење и кариера кој би се дадени во здравството како придонеси може да се спасат десетици човекови животи. Едно бебе кое ќе има катастрофа живот плус и една мајка несреќна можеби и татко и едно дестина мртви поради пониски приноси во здравството. Се на се упропастени или уништени 15 животи поради еден фетус кој и така ќе го има покасно. Тотално апсурдно и лудо.
 
Пак се повтараме, се согласив дека е зависен од мајката, но тоа не го негира фактот дека е ЖИВО човечко суштество, единка и припадник на човечкиот род.
Многу хипотетики маваш, што правеме ако абортираното(убиеното) бебе е уствари некој гениј што ќе го спаси човештвото од сите проблеми ?
Може да го даде на посвојување. За да не дојде до несакана бременост може да бидат одговорни и да користат контрацепција. Полов однос не е нешто заебнација, fun and games, тоа е сериозен чин кој носи сериозни последици.
"Еден фетус кој и така ќе го има покасно" , не, неможе да го има покасно, ако веќе е убиено како ќе го врати ? Може да има друго.
Тотално лудо и апсурдно е убивање на човечки битија заради задоволство и неодговорност.
 
Или следниот хитлер/сталин/мао. Или ескобар/капоне. Или заев/квислинг.
Тоа не е аргмуент што сакаш да го имаш. Претераното клецање води до гнаса и пренатрупаност како фавели и гета. Или до препоулација и немање ресурси. Човештвото треба е рационално, и со рационално однесување нема да се создадат такви средини.
За жал имаме 7 и кусур милијарди, и имаме луѓе со по 30 деца.
И сега сме на праг на светска војна.
Ефектот на пеперуга е кучка нели.
 
Пак се повтараме, се согласив дека е зависен од мајката, но тоа не го негира фактот дека е ЖИВО човечко суштество, единка и припадник на човечкиот род.
Многу хипотетики маваш, што правеме ако абортираното(убиеното) бебе е уствари некој гениј што ќе го спаси човештвото од сите проблеми ?
Може да го даде на посвојување. За да не дојде до несакана бременост може да бидат одговорни и да користат контрацепција. Полов однос не е нешто заебнација, fun and games, тоа е сериозен чин кој носи сериозни последици.
"Еден фетус кој и така ќе го има покасно" , не, неможе да го има покасно, ако веќе е убиено како ќе го врати ? Може да има друго.
Тотално лудо и апсурдно е убивање на човечки битија заради задоволство и неодговорност.
Ако е од несакана бременост многу е поверојатно да е идиот или убица. Абортус е крајна мерка за планирање на семејството. Абортус не е убиство тоа е вид на планирање семејство. А со план и организација се е подобро за сите. Фетус е повеќе како риба или жаба во 20та недела од човек.
 
Последно уредено:

Фетус биолошки ти е целосен жив човечки организам, и ако не е убиство тогај што е? При абортус тој човечки организам умира и не е риба ниту жаба, туку човек во рана фаза на развој.
 
Само генетски е биолошки и анатомски и физиолошки е зависен и не е човек. Да не се повторувам. Постручен сум од тебе сигурно за ова.
 
Постручен сум од тебе сигурно за ова.
Ваша стручност, како може неродено човечко суштество да се појави како наследник, па дури и како даночен должник (се наследуваат и обврски, а не само права)? Како може, во КЗ, да има казна затвор од 10 години па до доживотна казна затвор за лишување од живот на женско лице кое е бремено, макар и еве во вториот месец на бременоста? Законодавецот, во овој случај, тоа женско лице, го вреднува повеќе! Зошто? Системски, не секој живот вреди еднакво! Аналогијата со робовладетелството е адекватна.

И ако алудираш на тоа дека нероденото бебе е паразит, чисто информативно, постојат и надворешни, не само внатрешни паразити, водејќи се по истата логика, повтроно зависи од мајката или од друго човечко суштество наредните неколку години.

Ако алудираш дека нема свест, тогаш, Ваша стручност, кога човекот ја оформува/стекнува свеста?

Ако алудираш на тоа дека претставува трошок за семејството, општеството средината, така сите се извесен трошок. Дали треба да почнеме од физички ликвидации на најниските општествени слоеви кои се зависни од социјална помош? Ако нагло им го скратиш тој социјален бенефит, постои реална можност од социјални немири, па дури и зголемување на стапката на криминалитет! Па дури и социјалната помош е само еден од социјалните трансфери, што останува со другите? Тука сме на слична коорелација, за намалувањето на социјалните трансфери, но е потребна социјална реформа. Зошто? Затоа што една функциите на власта е да балансира меѓу економскиот прогрес и социјалната праведност. Кај нас има дисбаланс и со овие економски и социјални политики, многу тешко дека ќе доживееме било каков позначителен економски прогрес. Последната сламка за спас лежи во зголемување на даноците. Дали е разумно? Не.

De facto, абортусот е убиство. De jure, не секогаш. Тоа би требало да се промени, проблемот лежи во општествената свест. Веќе напишав еднаш, мора да се врати назад старото законско решение каде абортусот беше дозволен до првиот триместар. Сега е дозволен со вториот, што е прекасно. Во 7-от месец, бебето е веќе оформено, па дури и постои можност во и по 7-от месец да биде предвреме живо родено. Политиката е правење компромиси, а со моменталната политичка слика, тешко до понатамошни рестрикции, независно од политичките случувања во САД. Зошто САД? Затоа што сите западни "вредности" избираат од САД, се до оној момент кога САД го изгуби авторитетот на глобалната мапа, пред сѐ политички.
 
Јас зборувам за ембриолигија не за право. И западните вредности се најдобри од сите.
 
Ембриологија.
Добро де тајпо, и и о се една до друга. По ретардирана работа од грешки во пишувањето кога се нема аргументи нема. Многу го користат тоа...или ќе тролаат за мене што сум правел нешто ирелевантно со темата. Познати шеми за лузери.
 
Познати шеми за лузери.
Ти дадов контрааргументи на сите теми кои досега ги опфати, ти се фати за ембриологијата. Ирелевантно е како изгледа, дури и тие институти на правото одамна се напуштени (за човеколикоста и стекнувањето на правна способност). И тоа што ти го поистоветуваш со жаба има одредени (наследни) права, но очигледно го нема основното, најелементарното, човеково право, правото на живот.

Суштината на оваа тема е правно-морална. Правото, односно законодавецот, логиката може да ја црпи и од медицината, ама како што гледаш, правото нема логичка константна. За моралот, се држам до категоричкиот императив. Правото и моралот не секогаш се во коорелација.

пи.ес. Очигледно и јас имам свој фан. :love:
 
Само генетски е биолошки и анатомски и физиолошки е зависен и не е човек. Да не се повторувам. Постручен сум од тебе сигурно за ова.
Не си, појма немаш. Генетски комплетен организам кој припаѓа на човечкиот род незнам зошто уопште треба да го потенцирам ова, фетусот ти е фаза на развој на човекот, исто како бебе, дете, адолесценција , возрасен итн. Значи не е жаба или риба или нежив организам, тоа е посебен човечки биолошки жив ентитет во една од почетните фази на развој, единка и припадник на човечкиот род ( не е риба или жаба ). Ако не го убиеш ќе се развие и порасне во возрасен човек, а не жаба или риба.
 
Пилешките јајца живи ли се(дури и ако се оплодени?)
 
Не си, појма немаш. Генетски комплетен организам кој припаѓа на човечкиот род незнам зошто уопште треба да го потенцирам ова, фетусот ти е фаза на развој на човекот, исто како бебе, дете, адолесценција , возрасен итн. Значи не е жаба или риба или нежив организам, тоа е посебен човечки биолошки жив ентитет во една од почетните фази на развој, единка и припадник на човечкиот род ( не е риба или жаба ). Ако не го убиеш ќе се развие и порасне во возрасен човек, а не жаба или риба.
Ќе биде ама во тој момент не е. Има разлика. Анатомски нема везе со возрасен човек.
Автоматски споено мислење:

Ти дадов контрааргументи на сите теми кои досега ги опфати, ти се фати за ембриологијата. Ирелевантно е како изгледа, дури и тие институти на правото одамна се напуштени (за човеколикоста и стекнувањето на правна способност). И тоа што ти го поистоветуваш со жаба има одредени (наследни) права, но очигледно го нема основното, најелементарното, човеково право, правото на живот.

Суштината на оваа тема е правно-морална. Правото, односно законодавецот, логиката може да ја црпи и од медицината, ама како што гледаш, правото нема логичка константна. За моралот, се држам до категоричкиот императив. Правото и моралот не секогаш се во коорелација.

пи.ес. Очигледно и јас имам свој фан. :love:
Има човекови права, право на телесен интегритет и право на среќен живот. И едно и друго би се прекршиле ако се забрани абортус.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom