Ваша стручност, како може неродено човечко суштество да се појави како наследник, па дури и како даночен должник (се наследуваат и обврски, а не само права)? Како може, во КЗ, да има казна затвор од 10 години па до доживотна казна затвор за лишување од живот на женско лице кое е бремено, макар и еве во вториот месец на бременоста? Законодавецот, во овој случај, тоа женско лице, го вреднува повеќе! Зошто? Системски, не секој живот вреди еднакво! Аналогијата со робовладетелството е адекватна.
И ако алудираш на тоа дека нероденото бебе е паразит, чисто информативно, постојат и надворешни, не само внатрешни паразити, водејќи се по истата логика, повтроно зависи од мајката или од друго човечко суштество наредните неколку години.
Ако алудираш дека нема свест, тогаш, Ваша стручност, кога човекот ја оформува/стекнува свеста?
Ако алудираш на тоа дека претставува трошок за семејството, општеството средината, така сите се извесен трошок. Дали треба да почнеме од физички ликвидации на најниските општествени слоеви кои се зависни од социјална помош? Ако нагло им го скратиш тој социјален бенефит, постои реална можност од социјални немири, па дури и зголемување на стапката на криминалитет! Па дури и социјалната помош е само еден од социјалните трансфери, што останува со другите? Тука сме на слична коорелација, за намалувањето на социјалните трансфери, но е потребна социјална реформа. Зошто? Затоа што една функциите на власта е да балансира меѓу економскиот прогрес и социјалната праведност. Кај нас има дисбаланс и со овие економски и социјални политики, многу тешко дека ќе доживееме било каков позначителен економски прогрес. Последната сламка за спас лежи во зголемување на даноците. Дали е разумно? Не.
De facto, абортусот е убиство. De jure, не секогаш. Тоа би требало да се промени, проблемот лежи во општествената свест. Веќе напишав еднаш, мора да се врати назад старото законско решение каде абортусот беше дозволен до првиот триместар. Сега е дозволен со вториот, што е прекасно. Во 7-от месец, бебето е веќе оформено, па дури и постои можност во и по 7-от месец да биде предвреме живо родено. Политиката е правење компромиси, а со моменталната политичка слика, тешко до понатамошни рестрикции, независно од политичките случувања во САД. Зошто САД? Затоа што сите западни "вредности" избираат од САД, се до оној момент кога САД го изгуби авторитетот на глобалната мапа, пред сѐ политички.