Od Ukraina se barashe da bide neutralna i nishto poveke ama NATO sakashe vojna i vojna dobi ...i mnogu poveke, go sakaa Krim, a za toj Krim vo istorijata tolku samo vojni vodeshe Rusija.
Тоа е многу интересна точка.
Русија со години предупредуваше на опасноста што следува, ако процесите на евро-атланска интеграција продложат, односно ако продолжи процесот на украинско зачленување во НАТО.
Но, Западот беше упорен и покрај константните забелешки на Русија околу ова. Тие забелешки беа игнорирани, со двојно-аршински премиси од типот - земјата имала право самата да одлучи. Секако, тоа не важи во обратните случаи. Точно се знае, на пример, Македонија под чив чадор е и одлучувањето, околу тоа, во земјава, е само во теорија.
Веројатно руските забелешки беа константно игнорирани, затоа што на Западот му беше битно Украина да влезе во НАТО, па со децении ги игнорираа.
Но сега, уште на сам почеток на инвазијата одма ја прифаќаат оберучке неутралноста на Украина и нејзиното незачленување во НАТО, без око да им трепне. Од сите наведени причини за војната, кои Путин ги кажа, ова е првата која е прифатена, да биде елиминирана. И НАТО и мато и Украина и Албанците и ИСИС и геј комјунитито во сан Франциско... сите одма рекоа нема гајле за тоа, Украина ќе биде неутрална.
Кога ќе фрлиш поглед на претходните настани, опишани во првиот дел од мојот пост, делува сосема несериозно и смешно, од аспект на водење на глобална политика.