Ептен оф-топик сте отишле со муабетов. Ама ова што го прочитав, не можам да го преќутам! (Првиот дел од постот ти е сасвим ок и се согласувам со тебе. Тој дел го избришав од риплајов.)
Па ако има нешто преценето и преплатено на светов, тоа ти е баш електроника! Нигде и на никој друг дел/производ не се штанцаат толку пари колку на електроника! Само таму можеш на иста плочка да ставиш друго име, и да ја продадеш три пати поскапо!
И ова ти го кажувам прва рака оти работам во таа индустрија! Додуша малку бев во електроника, поголемиот дел од кариерата ми се (електрични)харнеси за Мерцедес. Ама истото важи и тука!
Не знам за Рено и Дачија примерот, ама
сигурно знам дека ако е иста плочка, робот става, робот леми, и ти
неможеш да му кажеш на роботот овие плочки леми ги полошо или ставај помалку калај!! Тоа нигде го нема. Значи или не се исти(ште не значи пак дека едната е понеквалитетна) или те лажеле!
Кај consumer electronics повторно плаќаш-преплаќаш име! Иако во поголем дел е истиот производ со различна лепенка, произведен на иста линија, по исти стандарди!
Баш во електрика/електроника неможеш да забушаваш никако! Или работи или не! Нема средина тука. Разлика може да има само во добавувачот(производителот) на компонентите (пр. дали кондензаторите ќе бидат од јапан или кина), ама и тука се работи на големо па најчесто целиот процес е оптимизиран со едни те исти добавувачи. Ем посигурно ем поефтино!
А немој да мислиш дека големите брендови се гадливи од поефтино или мејд ин чајна
Едит:и кога сум веќе на оваа тема да додадам уште нешто(за тоа колку се преплаќа електрониката т.е. марката).
Другар што е по озвучење, си зема Јамаха појачало! Грев невиден у тие кругови! Па таму јамаха важза нешто “комерцијала”!
Таму мејд ин џапан не признаваале! Енглеско по могучност, и колку понепознато име толку подобро. (Аудиофили забегани!)
И фино лепо имав можност да го видам со отворен капак наспрам едно друго мн многу ценето енглеско појачало(слична цена/класа) што им важи за поим за квалитетен звук.
Ма не ме јеби… Јамахата беше свемирски брод за тоа! Па ја им се восхитувам на јапонците! Тоа така фино скоцкано, заштрафено, наредено… како бонсаи да гледаш, како икебана! Па нема жичка да штрчи, да не е залепена, спроведена, собрана, лемењето солза! Плочките нацртани перфекција! Компонентите групирани по учебник! Сите компоненти што можеш да им прочиташ беа made in japan, а сигурен сум дека и тие што не пишуваше беа made in japan! Каде каде потешко(поголеми тороидни трафа). Уметност!
Наспрам тоа Кембриџ аудио беше како да го склапале деца од VII-мо одделение на час по ОТП! Дури и џековите му крцкаа оти толку “точно” беа заштрафени! Made in japan ради реда по негде(остатокот бог те пита)!
Не навлегувам кое дава подобар звук, оти лично мислам дека тоа е жива глупост и умишљавање!
Ама по се, тоа енглеското 3х поефтино треба да биде. А и сигурно е! Али име..
Пошто нели: Во електроника тоа што го плаќаш тоа и го добиваш(?!)