- Член од
- 30 ноември 2013
- Мислења
- 2.162
- Поени од реакции
- 4.709
Често кога се прави споредбава околу хајп и цени на играчи, не се зема во предвид фактот што сите, буквално сите премиерлигаши се пребогати клубови, и апсолутно никој од нив нема потреба да продава. Ништо нема да им сменат на Лидс, Астон Вила, Вест Хем или кои и да се 30-40 милиони кои би ги добиле од продажба на некој играч, а од друга страна го губат потенцијално најдобриот свој играч во веќе уигран тим и систем. Затоа се и такви цените, затоа Астон Вила сака 100 за Грилиш, затоа Вест Хем бара такви суми за Рајс, затоа Лестер бараше 80 за Мегваер, да не набројувам понатака. Од друга страна, во Италија на пример, кога веќе се тера таа споредба, екипите од долниот дел од табелата се многу посиромашни, и 20-30 милиони на екипи ко Емполи, Бреша и остали им се буџет за следни сезона-две, па затоа многу полесно ќе се откажат од играчи како Тонали, Барела и слични.
Е сега, нешто што се тера како дискусија е зошто премиерлигашиве се летаат по играчи ко Рајс или Мегваер кога во Италија имаш играчи како (лупам) Тонали и Бастони кои би биле многу поефтини, ама и тука не се зема во предвид фактот дека едниве се домашни играчи, веќе навикнати на лигата, начинот на живот и слично, а другиве треба целосно да менуваат средина и многу често не се снаоѓале во истото, или пак им треба повеќе време. Затоа и многу почесто екипи како Јунајтед кои имаат резултатски притисок ќе се излетаат по некој ко Мегваер надевајки се дека одма би се уклопил отколку да ризикуваат со некој ко Бастони и да чекаат да се навикне на новата средина или да се молат да не го лупне депресија после 2 години и да бара трансфер.
Целава фама околу преценување на играчите на крај веројатно доаѓа од новинарите, поготово последниве неколку години со студиото на Скај Спортс и „аналитичари“ како Невил, Карагер и слични, широко познати на јавноста, кои често се глупираат и преувеличуваат. Сигурно истото го има во Италија, ама многу помалку медиумски експонирано, плус јазична бариера, па е за нас многу помалку достапно. А инаку, факт е дека не само тука на форумов кај нас, туку општо низ социјални мрежи, форуми, луѓе што пратат ПЛ ретко пратат други лиги и обратно, па затоа често некој што прати само Серие А мисли дека Сака е преценето англиско талентче или некој што прати само ПЛ мисли дека Бастони е играч за Чемпионшип.