Фудбалски/трансфер дискусии

Член од
30 ноември 2013
Мислења
2.162
Поени од реакции
4.709
Често кога се прави споредбава околу хајп и цени на играчи, не се зема во предвид фактот што сите, буквално сите премиерлигаши се пребогати клубови, и апсолутно никој од нив нема потреба да продава. Ништо нема да им сменат на Лидс, Астон Вила, Вест Хем или кои и да се 30-40 милиони кои би ги добиле од продажба на некој играч, а од друга страна го губат потенцијално најдобриот свој играч во веќе уигран тим и систем. Затоа се и такви цените, затоа Астон Вила сака 100 за Грилиш, затоа Вест Хем бара такви суми за Рајс, затоа Лестер бараше 80 за Мегваер, да не набројувам понатака. Од друга страна, во Италија на пример, кога веќе се тера таа споредба, екипите од долниот дел од табелата се многу посиромашни, и 20-30 милиони на екипи ко Емполи, Бреша и остали им се буџет за следни сезона-две, па затоа многу полесно ќе се откажат од играчи како Тонали, Барела и слични.

Е сега, нешто што се тера како дискусија е зошто премиерлигашиве се летаат по играчи ко Рајс или Мегваер кога во Италија имаш играчи како (лупам) Тонали и Бастони кои би биле многу поефтини, ама и тука не се зема во предвид фактот дека едниве се домашни играчи, веќе навикнати на лигата, начинот на живот и слично, а другиве треба целосно да менуваат средина и многу често не се снаоѓале во истото, или пак им треба повеќе време. Затоа и многу почесто екипи како Јунајтед кои имаат резултатски притисок ќе се излетаат по некој ко Мегваер надевајки се дека одма би се уклопил отколку да ризикуваат со некој ко Бастони и да чекаат да се навикне на новата средина или да се молат да не го лупне депресија после 2 години и да бара трансфер.

Целава фама околу преценување на играчите на крај веројатно доаѓа од новинарите, поготово последниве неколку години со студиото на Скај Спортс и „аналитичари“ како Невил, Карагер и слични, широко познати на јавноста, кои често се глупираат и преувеличуваат. Сигурно истото го има во Италија, ама многу помалку медиумски експонирано, плус јазична бариера, па е за нас многу помалку достапно. А инаку, факт е дека не само тука на форумов кај нас, туку општо низ социјални мрежи, форуми, луѓе што пратат ПЛ ретко пратат други лиги и обратно, па затоа често некој што прати само Серие А мисли дека Сака е преценето англиско талентче или некој што прати само ПЛ мисли дека Бастони е играч за Чемпионшип.
 
Член од
4 октомври 2010
Мислења
8.239
Поени од реакции
14.534
И ние како публика, како фанови, сме виновни. Го сакаме тоа форсирање, затоа што сакаме да имаме голем талент, дали како нација или како клуб.

Сите што плукаат по хајпот што го правеле англиските медиуми, нека проверат само што пишувале тука за талентите од нивните примавери.

Да баталиме Белоти, Бернардески и слични, кои играле и некој озбилен фудбал.

Нема фан клуб во последните 10 години во кој не се форсирани еден куп таленти кои ќе бидат топ фудбалери или барем првотимци.

А замисли сега кога некој млад фудбалер почнува и да покажува нешто на врвно ниво и кога место во фан клуб, ќе се пишува низ сите медиуми, плус илјадници обични луѓе на твитер.

Ете ви тоа што го викате хајп. Нема тука некоја филозофија.
 
Член од
27 мај 2013
Мислења
3.526
Поени од реакции
4.704
Мене ми е многу јасно зошто се такви цените какви што се во ПЛ. Не ми се јасни фановиве, чист пример ќе го земам овој Рајс, 90% од Твитер го сметаат за генерациски талент. Ама само седни и гледај го него на утакмиците, евидентно е дека дечково ниту има некоја посебна визија, ниту има вансериски технични способности, нути е некоја атлета, буквално ништо посебно, ништо повеќе од солиден играч за екипа како Вест Хем.

Истото важи за Грилиш. заборави дека е енглез и гледај го, ништо повеќе од солиден фудбалер, вакви ко него по Франција/Холандија има со лопата да ги копаш.

Зошто никој никогаш не спомнал за Трент нешто или на времето никој не ги спорел Лампард, Бејл, Руни, Џерард, Тери, Бекам, Рио, Сколс(овој е дури потценет)? Бидејки е очигледно дека хајпот имал поткреп.

Со вакви просеци како Рајс, Грилиш се оди со глава во ѕид. И тоа е лично мене што ми смета.

И не е вистина дека истото го прават и жабарите, медиумите пробуваат да хајпаат просеци како Скамака, ама читни по Твитер ќе видиш колкав дел од фановите го делат истото мислење :D 0%.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
32.596
Поени од реакции
66.337

Ја не верувам дека има ниту еден фан тука на ПЛ кој оправдал цена на Грилиш од 100 милиони фунти, иако цената му е таква заради тоа што имаше уште 4 годишен договор со Вила, или пак Рајс дека вреди над 100 милиони фунти. Англичаниве се спрдаат со тоа дека секој трансфер на англиски фудбалер иде со 30% English tax.

E сега, на Твитер се ке најдеш, зашто тука врие од "експерти" кои не се никакво мерило за релевантност.
 
Член од
15 ноември 2008
Мислења
5.764
Поени од реакции
11.753

Епа што те буни тогаш ако ти е јасно зошто и како Вила и Вест Хем ги вреднуваат толку високо Грилиш и Рајс. :D

Батали твитер, еве лани на твитер после европското имаше итаљанска пропаганда дека ако Киеза бил французин/шпанец ќе бил у муабет за Balon d'Or, истиот Киеза што изигра се на се 3 добри утакмици на европско а сезоната имаше полош G/A од Анте Ребиќ.

Сите се исти кур, џабе се преокупирате и се замарате со вакви глупости.
 
G@rfielD

Модератор
Член од
10 февруари 2007
Мислења
10.751
Поени од реакции
9.786
Ја не верувам дека има ниту еден фан тука на ПЛ кој оправдал цена на Грилиш од 100 милиони фунти, иако цената му е таква заради тоа што имаше уште 4 годишен договор со Вила, или пак Рајс дека вреди над 100 милиони фунти. Англичаниве се спрдаат со тоа дека секој трансфер на англиски фудбалер иде со 30% English tax.

E сега, на Твитер се ке најдеш, зашто тука врие од "експерти" кои не се никакво мерило за релевантност.
Имаше такви што го споредуваа Грилиш со Мбапе, само ме мрзи да копам...
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Ја не верувам дека има ниту еден фан тука на ПЛ кој оправдал цена на Грилиш од 100 милиони фунти, иако цената му е таква заради тоа што имаше уште 4 годишен договор со Вила, или пак Рајс дека вреди над 100 милиони фунти.
Важи. Ќе се обидеме барем малце да ти поверуваме.

Буквално лани летоска имаше еден куп ликови што го креваа Грилиш на пиедестал како тоа е играч кој сам игра во екипа, играч кој е двигател на екипата и може сам да ја носи до успеси, играч кој со малце подобар состав околу него ќе немал крај на магиите. Сити ќе се прошетале до титулата со него во состав, немало потреба да се игра лигата, бла бла бла бла бла бла бли.

Неколку месеци подоцна го гледаме Грилиш на клупата за резервни фудбалери и ако не дај боже ја повтори ланската сезона во оваа што следи, ќе го начекаме кај Романо како прави трансфер во Вест Хем.

И за Рајс сте паднати у кома како тој да е спасителот, поготово па вие фановите на Манчестер, он е играчот што ви треба за да ја држи цела средина сам а нападот да ја донесе титулата.
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
2.327
Поени од реакции
5.368
Рајс го форсираат зошто Англичаните немаат видено асален мидфилдер од дамна. И затоа сега од пуста желба он да биде тој го форсираат, а не ја гледаат реалноста. Рајс е фудбалски ограничен, ќе ти ја стегне одбраната ама во напад ништо нема да направи. И да сака да направи нешто повеќе во напад не може, зошто со таква градба на тело толку се способностите. За екипа како Вест Хем е супер, ама титули да освојуваш со него не можеш. Пеп и Клоп го знаат тоа и затоа не ни тргнаа никогаш сериозно по него, ама затоа мислам дека некој друг ќе се изгори со него и тоа ми мириса на Јунајтед, како и секогаш знаат да препознаат играч.

Истото е и со стоперите, од Фердинанд навака кој стигна играше позади па за сега секој да им се гледа како Малдини.
За голман да не зборам, последниот добар голман го гледаа на црно бел екран. Па затоа сега успеваат секоја година да имаат нов иден голман кој конечно ќе го скрши малерот. Пикфорд, Поуп, Хендерсон, Рамсдејл сите овие ги исфорсираа, а реално во било која Европска репрезентација на клупа ќе дремат.

Таму каде што се добро покриени не хајпаат зошто немаат потреба. Па затоа никој не се замара да ги хајпа ТАА, Џејмс или пак крилата, напаѓачите и амф.
 
Член од
8 мај 2022
Мислења
551
Поени од реакции
1.617
Важи. Ќе се обидеме барем малце да ти поверуваме.

Буквално лани летоска имаше еден куп ликови што го креваа Грилиш на пиедестал како тоа е играч кој сам игра во екипа, играч кој е двигател на екипата и може сам да ја носи до успеси, играч кој со малце подобар состав околу него ќе немал крај на магиите. Сити ќе се прошетале до титулата со него во состав, немало потреба да се игра лигата, бла бла бла бла бла бла бли.

Неколку месеци подоцна го гледаме Грилиш на клупата за резервни фудбалери и ако не дај боже ја повтори ланската сезона во оваа што следи, ќе го начекаме кај Романо како прави трансфер во Вест Хем.

И за Рајс сте паднати у кома како тој да е спасителот, поготово па вие фановите на Манчестер, он е играчот што ви треба за да ја држи цела средина сам а нападот да ја донесе титулата.
Грилиш е топ фудбалер, класа играч. Проблемот со него е што направи трансфер во погрешен клуб, кој никако не одговара на стилот на игра на Грилиш. Сити ја игра филозофијата на Пеп, земи ја топката, веднаш додај ја топката, и така до бесконечност се додека не се создаде празен простор да се нападне. Грилиш е играч кој сака да ја гњави топката, да биде главен во акциите. Грилиш беше измислен за Јунајтед, ама заради Бруно не дојде. Не би се изненадил ако си замине за брзо од Сити. Рајс е исто топ фудбалер, физички е доминантен и и дава сигурност на одбраната. Јас би бил пресреќен ако го донесат во Манчестер.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
32.596
Поени од реакции
66.337
Важи. Ќе се обидеме барем малце да ти поверуваме.

Буквално лани летоска имаше еден куп ликови што го креваа Грилиш на пиедестал како тоа е играч кој сам игра во екипа, играч кој е двигател на екипата и може сам да ја носи до успеси, играч кој со малце подобар состав околу него ќе немал крај на магиите. Сити ќе се прошетале до титулата со него во состав, немало потреба да се игра лигата, бла бла бла бла бла бла бли.

Неколку месеци подоцна го гледаме Грилиш на клупата за резервни фудбалери и ако не дај боже ја повтори ланската сезона во оваа што следи, ќе го начекаме кај Романо како прави трансфер во Вест Хем.

И за Рајс сте паднати у кома како тој да е спасителот, поготово па вие фановите на Манчестер, он е играчот што ви треба за да ја држи цела средина сам а нападот да ја донесе титулата.
Те молам, најди едно мислење каде е пишано дека Грилиш сам ке го однесе Сити до титула. Само едно. Од било кого.

За последното, нема што да коментирам, ми импутираш мислења од други фанови, класика за тебе.

И да сака да направи нешто повеќе во напад не може, зошто со таква градба на тело толку се способностите.
Среќа Канте импонира со физичката градба кога ке тргне во напад, му се тргаат ко на Шекил во чекори.
 
Член од
4 октомври 2010
Мислења
8.239
Поени од реакции
14.534
И не е вистина дека истото го прават и жабарите, медиумите пробуваат да хајпаат просеци како Скамака, ама читни по Твитер ќе видиш колкав дел од фановите го делат истото мислење :D 0%.

Само затоа што Серија А има помала видливост.
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
2.327
Поени од реакции
5.368
Е да, баш чудно. Задњи везни со дефанзивни карактеристики не е добар во напад.
Па ако мислите дека сме 2000та тогаш океј е да имате таков играч во тим, кој при секој напад подава само назад.
Автоматски споено мислење:

Те молам, најди едно мислење каде е пишано дека Грилиш сам ке го однесе Сити до титула. Само едно. Од било кого.

За последното, нема што да коментирам, ми импутираш мислења од други фанови, класика за тебе.

Среќа Канте импонира со физичката градба кога ке тргне во напад, му се тргаат ко на Шекил во чекори.
За разлика од Рајс, Канте ретко кога враќа назад. Првин гледа да повлече напред па последна опција ќе му биде да успори.
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Па ако мислите дека сме 2000та тогаш океј е да имате таков играч во тим, кој при секој напад подава само назад.
Автоматски споено мислење:

За разлика од Рајс, Канте ретко кога враќа назад. Првин гледа да повлече напред па последна опција ќе му биде да успори.

Сега сакаш ти да зборуваме за базични работи, мајку му. Единаесет играчи, сите имаат своја улога во колективот, разбирливо.
Кој фудбалер поседува подеднакво добри карактеристики во сите фази од играта? Не познавам таков.

Рајс нема потреба да игра нанапред, преку пасови. Инаку, да си го гледал ќе знаеше дека многу е добар во транзиција и добро повлекува нанапред. Далеку од тоа дека е статичен и ограничен.
Негова примарна задача е да ја зацементира одбраната и со својот физикус да пријави присуство во средината на теренот. Имаш други соиграчи задолжени за офанзивниот дел.

Како да кажеш дека Касемиро не е добар, затоа што не знаел во напад да игра. Не знае. Затоа знаат Модриќ и Крос со прогресивни додавања да те пробијат.

Конкретно за Рајс, ниту во Англија не добива којзнае каков хајп, а не па во светски рамки. Освен од навивачите на Вест Хем, нормално и по некој навивач на Челзи кој очајно го посакува во свои редови.
Околу интересот, Јунајтед, Челзи и Сити и те како сакаат да го ангажираат. На Ливерпул сега не му е потребен.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.432
Поени од реакции
114.098
Канте за Рајс е Марадона. Треба да си ментално заостанат да дадеш 100+ милиони за тип на играч ко Рајс, а искрено не се сомневам дека Јунајтед има капацитет да го направи тоа.

Иначе не се губете за Грилиш, лани пола и више ПЛ фанови у делириум паднавте кога потпиша за Сити, најдобар играч бил, вака така.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom