Лук Шо, Рос Баркли, Лингард, Деле Али, Рашфорд, Грилиш, Рајс секоја година они имаат генерациски талент али никако некој да стане играч
Душко има 60 гола дадено последниве 2 сезони, ако имаше некој играч од ПЛ таква статистика ќе го правеа на ниво на МБапе
Точно, ова се играчи кои не успеале да го оправдаат хајпот, иако голем дел од нив уште играат во топ клубови во Англија и премлади се за да ги ставиме во таа категорија, а другиот дел се фудбалери чиишто кариери биле условени од тешки повреди и чудни околности.
Убаво, а сега фудбалери од Велика Британија кои успеале да го оправдаат хајпот во последните 25 години, намерно изоставени од таа листа. Ќе земеш една шака фудбалери од одреден временски период и ќе закуцаш. Не бива така. Во продолжение:
Ширер, Сколс, Гигс, Бекам (и една цела неверојатна генерација која подоцна на Јунајтед му донесе тројна круна), Тери, Фердинанд, Бејл, Ешли Кол, Руни. Овие ми се од глава, не се ни трудам да пребарувам по интернет.
Од поновиве генерации: Џејмс, ТАА, Маунт, Сака, Фоден, Рајс, Абрахам, Томори, за Санчо има време, исто и за Грилиш, тука е Кејн, итн.
Од друга страна пак, да видиме некои играчи италијански кои исто така како и нивните колеги од Островот не ги исполниле очекувањата: Гаљардини, Ранокија, новиот Дрогба, Амаури, Десена, Касано, Балотели, Хачим Мастур можеби? Сантон и Миколи?
* да, секако ќе ме цитираш со листа на играчи Италијанци кои всушност успеале и тоа е сосема нормално. Исто во глава знам едно 15 од таа категорија.
И што правиме сега? Секоја лига и земја си го буста своето. Англичаните понекогаш одат и половина чекор понапред и знаат да претераат. Но тоа го прават сите. Прашањето е дали повеќе или помалку. Особено во 2022 година.
Многу важно, никој не им е виновен на Италијанците што се гушат во долгови и прифаќаат секакви понуди за своите најголеми таленти, додека Вест Хем може да удира курч поради својата стабилност и да бара баснословни суми. Меѓудругото.