Дрвена даска, неконвенционален начин на принесување на храна?

Член од
7 септември 2016
Мислења
19.699
Поени од реакции
34.936
something+deep-fried+in+a+shoe.jpg shrimp.jpg

... во последно време тренд во повеќето ресторани, сендвичари и пицерии е принесување на храната на неконвенционален начин и тоа на дрвени даски, плочи, контајнери, за да се привлече окото на гостинот и да биде необично од обичното сервирање, но тука доаѓаме до прашање дали е тоа можеби начин да се привлече вниманието на нашето око, за да би го излажале нашиот вкус, односно воодушевени од новото аранжирање на храната и поинакво принесување, нема да внимаваме на втора класа квалитет на храната и начинот на приготвување можеби утка поради брзо одмрзнување и пребрзо печење, а со тоа и карбонизирање на месото!

Cutting-Board-header-1396x785.jpg wooden-serving-board-hygeine.png

... доколку на дрвената даска сечеме на пример сирово пилешко, свинско месо, а потоа ја користиме истата даска за сечење на зеленчук за приготвување на салата, можно да се случи вкрстена контаминација - бактериите од пилешкото се пренесуваат во доматот, месото термички ќе го обработиме и не ќе да има проблем, ама доматот сечен на контаминирна даска го јадеме како салата свежо и тука веќе имаме проблем.

chef-preparing-vegetable-dish-on-tree-slab-1267320-1_600x600.jpg

... е сега, ако таква дрвена даска се применува за принесување на храна во ресторан, кога низ таа дрвена маса поминува секаква храна, дали ние како гостин ќе бидеме заштитени од можно труење од бактерии од дрвената даска преку принесената храна на неа?

... еден ресторан во Бирмингем бил посетен од Одделот за животна средина за да се процени нивото на хигиена на објектот и бил казнет со 50.000 фунти поради послужување храна на нехигиенски дрвени даски и загрозување на здравјето на своите клиенти.

дали ние знаеме каква даска од дрво користиме?
... јаворот се смета за тврдото дрво со ситно зрнеста дрвена структура која има капиларното и има својство да ја повлекува течноста, заробувајќи ги бактериите, меките дрва како чемпрес такви изработени даски имаат поголеми зрна, што му овозможува на дрвото полесно да се расцепи, формирајќи жлебови каде бактериите можат да напредуваат, единствено дрвена даска изработена од срцевина на бор не дава бактеритите да се развиваат поради составот на самото дрво, сето тоа докажано со миркобиолошки методи.

...дали вие одобрувате и сте задоволни и воодушевени од поинакво принесување на храна од несоодветен начин на дрвена даска, плоча и никогаш не сте помислиле за можната контаминација со бактерии, а со тоа и можна интоксикација со храната која ќе се контаминира од тие бактерии, посебно во балканските простори каде многу не се внимава во хигиената во рестораните, а воедно нема некои редовни санитарни контроли кои би го санкционирале таквото нехигиенско работење!
 
TOT

sorcerer
Член од
2 јануари 2019
Мислења
790
Поени од реакции
1.289
Не да смрдат тие даски :D
Сребро е божја ствар, или посребрено па после него иде порцелан, се друго е глумење лудило.
Автоматски споено мислење:

А на лап топ, конвенционален начин на принесување храна е?
Замисли си имал camsex претходната вечер, а сабајле јадеш шпагети на лаптопот :ROFLMAO:
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.699
Поени од реакции
34.936
А на лап топ, конвенционален начин на принесување храна е?
... погрешно го пишуваш, мислиш на „лаптоп“? ако тоа се однесува на претходниот пост во тема што се јаде во моментот со фотографија, тоа не ми е принесување на храна туку само поставување за фотографирање, ти тоа добро го знаеш ама ти се тера сеир!

5d8dd0a6fb33f839b4dfcb69-large.jpg

...инаку постојат посебни комбинирани садови за принесување на храна во комбинација на нив да се постави ајфон или таблет!
 
Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.179
Поени од реакции
16.031
Не да смрдат тие даски :D
Сребро е божја ствар, или посребрено па после него иде порцелан, се друго е глумење лудило.
Автоматски споено мислење:

Замисли си имал camsex претходната вечер, а сабајле јадеш шпагети на лаптопот :ROFLMAO:
Нема веза, битно да е добро дезинфициран, може да се јаде :D
Автоматски споено мислење:

... погрешно го пишуваш, мислиш на „лаптоп“? ако тоа се однесува на претходниот пост во тема што се јаде во моментот со фотографија, тоа не ми е принесување на храна туку само поставување за фотографирање, ти тоа добро го знаеш ама ти се тера сеир!

Прегледај го приврзокот 335001

...инаку постојат посебни комбинирани садови за принесување на храна во комбинација на нив да се постави ајфон или таблет!
Не, на шлап топ мислам.
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
17.784
Поени од реакции
9.561
Дрвените даски за сечење или за сервирање на храна, апсорбираат многу помалку бактерии од пластичните даски. После секоја употреба треба само да се измие под млаз вода и да се остави убаво да се исуши....не се перат во машина за миење на садови.
Одржување на даските, за да изгледаат убаво е лесно, со тоа што повремено треба да се премачкаат со некое прехрамбено масло, пример маслиново, но мислам дека постојат сега и некои специјални премази за тие даски.
Имам разновидни форми, обожувам да аранжирам храна на нив, посебно кога имам гости...и..не, не ми е воопшто страв од бактерии или како што мислиш дека храната на даска сервирана ќе се контаминирала.
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.553
Поени од реакции
21.578

Стави некоја слика во темата "Што готвите во моментов?" да видиме и ние нешто од тие твои аранжмани во разновидни форми.
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
17.784
Поени од реакции
9.561
Стави некоја слика во темата "Што готвите во моментов?" да видиме и ние нешто од тие твои аранжмани во разновидни форми.
Имам даски со разни форми, криви леви од баба ми, многу интересни.
Слики од мои аранжирања нема да ставам, нормално, да не дојде до препознавање, а и гости дома се изретчија, нажалост.
@bijons употребуваш ли дрвени лажици дома или и од нив ти е страв?
Ајвар со што мешаш :P
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.699
Поени од реакции
34.936
Имам даски со разни форми, криви леви од баба ми, многу интересни.
Слики од мои аранжирања нема да ставам, нормално, да не дојде до препознавање, а и гости дома се изретчија, нажалост.
@bijons употребуваш ли дрвени лажици дома или и од нив ти е страв?
Ајвар со што мешаш :P
...првенствено мислам за принесување на храна аранжирана на дрвена даска во јавни угостителски објекти, да не ги набројувам, во домашни услови приготвување на храна и принесувања на домашна трпеза сигурно нема да се случи често тровање од контаминирана храна со бактерии, односно зависи од педантноста и хигиената на домаќинката или тој што ја приготвува и аранжира храната.

...би те прашала дали некогаш си доживеала тровање со храна од ресторани, дали си ја доживеала салмонелата, дали имаш такво искуство? јас Да! последен пат во ,,Јавна соба,, шведска маса поставена храна на дрвени даски на еден јавен настан, тие што не зеле храна токму од тие дрвени даски ,,се спасиле,, другите останатите Господ го ,,видовме,,!

...храна која термички се обработува како ,,твојот ајвар" што се пржи со саати не ми го давај за пример за загадување со бактерии од дрвена лажица, но дали ти би јадела со дрвени лажици храна во ресторан што поминале толку раце и усти и прашање во тие дрвени пукнатини што све од бактерии се размножиле?
 
Фала му на Бога, не сум имала тровање до сега, а тоа што ти имаш окусено здравствен проблем со салмонелата, не мора да било од даската, не можеш да тврдиш ако не извршиле контрола санитар.инспекција....салмонела можеби имало во некоја храна што била ставена на даската.

Дрвото е природно антибактериско, ако има пукнатини се знае како се одржува, како се дезинфицира со оцет и сода бикарбона(многу лесно)....
Дали би јадела со дрвена лажица во ресторан?
Јадела и баба ми и прапрапра, па не добивале тровање, а тоа време сигурно не ги миеле лажиците со врела вода и средство за миење на садови....така да не ти држи моабетот дека дрвените даски и прибор за јадење се опасни за здравјето на луѓето.
ПС
Јадам сладолед на стапче дрвено:)
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.699
Поени од реакции
34.936
cold-cuts-wooden-board-prosciutto-bacon-salami-sausages-meat-platter-appetizers-served-pickle-...jpg

... се распрашавме кога пријавивме тровање, кажано е дека тие не приготвуваат храна, едноставно нарачено е преку кетеринг достава на ,,ладна даска,, и тоа преку ден, а настанот си беше навечер.

Board-3-634x1024.jpg How_To_Make_A_Crostini_Board-10-768x1024.jpg

и цел тој период се „местеа“ шведските маси и си седеше храната на тие дрвени даски, но имаше и нормални чинии за принесување на храна, сите тие кои ја пробаа храната од дрвената даска, сите дегустатори на дрвени даскаши доживеавме мноооогу незгодни симптоми, па затоа сум претпазлива колку што можам!

How_To_Make_A_Crostini_Board-5-768x1024.jpg

...овој раб во дрвената даска на кој начин ќе се измие? и дали е правилно дрвена даска да се „навлажнува“ со вода?
Дрвото е природно антибактериско,
... може да се каже дека дрвото е природно антибактриско, но мора да се прецизира кога и како, а не вака пошто, а да се примени како дрвена даска за принесување на храна и да стои на неа храната не би рекла ниту јас, ниту други микробиолози кои докажале на присуство на бактерии и несоодветна примена токму на дрвената даска за принесување и чување на храната на неа.

03a6940518af9fb248c5e0812ed36ba0.jpg

... инаку даска од дрво изработено од бука, јавор, топола склони од зарезите на ножот каде во тие пукнатини поради зрнастата дрвена струтура и те како е одлично место за експресно размножување на непожелните бактерии и контаминирање на храната поставена на тие дрвени даски, исклучок прави само даска изработена од срцевината на бор која ете поради хемискиот состав бактериите не го сакаат и го одбегнуваат,

Јадам сладолед на стапче дрвено:)
... токму така, јадеш сладолед на стапче извадено од фрижидер замрзнувач, каде температурата е под нула и не баш патогените бактерии „обожаваат скијање по мраз“, а и после штом ќе го излижеш сладоледот, дрвеното стапче не го применуваш за да се обложи со друг сладолед, туку го фрлаш!

Јадела и баба ми и прапрапра, па не добивале тровање, а тоа време сигурно не ги миеле лажиците со врела вода и средство за миење на садови
22.jpg

... спредбата не ти е соодветна, пишуваме за несоодветна примена на даска од дрво, таа иновација не е да стои храна не неа или да се принесува, се знае зошто се користи даската од дрво во кујната, па тоа била и прапра баба или ти сега, прави разлика за каква примена се користи изработеното дрво, ако е чинија е чинија, а не дрвена даска за сечење во ист момент ќе ја користиме и за сечење на месо, зеленчук и за принесување и за украсување како ордевери на храна!
 
Последно уредено:

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.339
Поени од реакции
79.139

Kajgana Shop

На врв Bottom