Доста болна тема за која се избегнува отворена и искрена дебата, се пишува два-три коментара и потоа се продлжува на други теми, лично имав и обид да ја заживеам дебатата ако ништо друго со соодветна тема но ниту тоа не даде некој резултат.
Да расчитиме една работа кај нас на сценава има погрешен впечаток дека босанците се само една група, напротив ги има неколку покрај за нас единствно познатите BH Fanticos , тука се исто така како добра група BH Legion, има едни Ljuti Krasnici, има и други но овие три така сум ги прател, имат поделба која е од разни аспекти, во глобала самите групи се повеќето пред се BHF емиграција кои и не навиват за локалните клубови туку само репрезентација.
Како прво ние имаме погрешен начин на решавање на проблемот, секогаш се мисли дека тоа треба да биде некакво обединување на сите македонски навивачки групи, па заедно на репрезентација ќе навиваме, како прво тоа како една целина нема како да се реализира од повеќе причини, може само да се регулира со некој кодекс но и тоа не значи некоја права организирана форма за навивање на репрезентација.
За да има навивање на репрезентација треба да се основа посебна навивачка група која ќе дојде од луѓе кои биле дел од сцената а се имат повлчено од своите матични групи или луѓе ете кои се едуцирани но не се дел од навивачки групи поради икс причини а сакаат да организираат навивање на репрезентација, ваква идеја беше веќе пласирана преку Обединета Фаланга која беше соодветно со моите почетоци во сериозното навивање, значи 2011/12 кога група на поранешни навивачи и бизнисмени кои сакаа да ја финансираат идејата меѓу кои беше и Алкалоид, правеа состаноци со групи, првичниот проблем им беше ФА/СПБ кои не сакаа да се заедно во екот на нивното најголемо ривалство а целиот проект беше миниран и завршен со официално јавно соопштение на Комити на својата вебстраница (штета повеќе не е активна) дека не се согласуваат со целиот проект поради името кое алудирало на веќе активна група на сцената Фаланга Штип, имаа и други некој подточки ама таа беше главната, причините мислам реално беа други.
Потоа имаше еден пресмешен проект од АМС со еден штракнат чудак за формирање група Верна Фаланга , но тоа никогаш не доби сериозен одзив, дури беше тема на потсмев.
Едноставно единствен начин на кој може тоа да се реши е тој пат, формирање на нова навивачка група која ќе навива само за репрезентации со свое раководство а групите од сцената да не ја доживуваат непријателска и да дозволуваат на своите членови кои имат желба и сакат да бидат активен дел од организирањето на истата, состаноци, обединувања како тоа последното се само мачен процес кои не носат ништо добро ни за сцената а уште повеќе за репрезентацијта.