...не би рекла,
тетовчаните кои како локални патриоти се удирале во град до последен момент кога пукна конфликтот му ја киднаа во Србија, а најголем број го наполнија Скопје посебно Ѓорче што со право е веќе скопска населба со тетовчани, а тоа дека ,,толку,, дадени животи, не велам дека немало, но во тој реон се бореле од цела МКД, посебно прилепчани, велешани,
Не живиш у Тетово, затоа и го праеш моабетов.
Буквално истото го пиша тоа што го пиша претходниот член што ме цитираше, т.е си доаѓате до одредени претпоставке, го сфаќате мојот коментар како што вас ви одговара, а не каков што уствари е.
Никој не го оспори фактот дека воени лица, резервисти од други градови го дадоја сопствениот живот за Тетово и Македонија, ја никаде не го реков тоа. Но, у никој случај не можеш да ми кажеш дека тетовчани не го бранеа Тетово. Почит и слава на секој кој што несебично го дал сопствениот живот за зачувување на Македонија и Тетово. Нека почиваат у мир!
Тоа што тетовчани го пројдоја 2001-ва, вие од Скопје одредени на форумов што паламудите не ни можете да го замислите, деца израснаја идејќи у школо дур над глава им леташе артилерија и метци, до ден денешен имаш голем број на деца со говорни мани како резултат на трауми од ратот (лично познавам неколку), имаш цивили кои што со месеци беа малтретирани и до ден денешен не можат мирно да заспијат и патат од пост воен синдром, има луѓе од околните села кои што беа киднапирани и до ден денешен не се знае кај завршиле, огромен број на викендици, куќи запалени, опљачкани, итн.
Доволно е да ти кажем дека до ден денешен секој пут когај има огномет у Тетово, постарите генерацие, па и помладите прво мисља дека се пука надвор, а не дека е огномет. До тој степен тетовчани се психички уништени од војната.
... екстремно корумпирани политичари исклучиво од албански етнос само го доукрадиле и докрајчиле тоа што го почнале токму македонските локалните политички патриоти кои се одговорни за пропаста на тоа што спомнуваш комбинат Тетекс, Медицинска пластика, Гроцка, Единство, кожарата не знам како се викаше, Комунапроект што граделе при крај како аксционерско друштво фушерај згради,
...горе на Шапка како администратор на терен да не бил Албанец случајно што се дозволи градење на негализирани викендици,
....спортски објекти, стадион и неизградената спортска сала случајно Албанец да не ви е крив?
...тоа време кога требаше да се гради и да се унапреди токму македонските локални патриоти на власт почнале со крадење со тоа акционери и уништување и безвреднување на државната имовина, кој Албанец тука имал некоја улога?
...тие после дојдоа и го продолжиле истиот тренд, а сега веќе нема што да се украде и што веќе да се уништи освен државното земјште да се присвои и изградат фушерај згради впрочем како е и трендот по некои скопски општини, се уништи Алумина, Треска, Технометал, Железара... Албанецот случајно да не е крив?
Екстремно корумпирани политичари од албански етнос, потпомогнати од македонски политичари кои за станче, за кеш, за вработување на сопартијци и самите себе дозволија Тетово да биде руинирано.
Тетово е одамна у јурисдикција на албанските партии со дозвола на најголемите македонски партии. Ниту една македонска политичка партија не проба да го заштити Тетово и народот кој што живи у него.
Сите тие фабрики кои што ги наброја беа криминално приватизирани, како и мнозинството фабрики у Македонија. Нема никаква врска со локални патриоти, туку со луѓе кои што излжаја и им се закануеја на сопствени другари, познаници и колеги за личен интерес.