J
joli1
Гостин
Како млад тетовчанец не можем, а да не ти реплицирам на постов. За некој работе си у право, за некој па ич.Teтово е најголемата дупка у држаава. Незнам како тој народ живее таму. Не се способни улиците да си ги напраат, асфалтираат, закрпат. Администрацијата им е тапа, та биле на власт ДУИ, ДПА, Беса или Алијанса... Една асална регионална депонија бе уште немаат каде ѓубрето/отпадот да го фрлаат/складираат. Зиме најзагаден воздух на планетава. Лете све поплави ги млатат/зафаќаат. Криминал и корупција до небеси. Дивоградби, леле мајко. Шар Планина ојде капутт, незнам дали едно е*ено дрво остана здраво и право. Гледано од денешна перспектива еве средина од 2022 год. сме, овие некои/неколку конфликтни зони да се отцепеа од РМ пред дваесетина години ќе изгубевме мал дел од територијата на државава, ама барем немаше да бидеме до ова дереџе денешно каде имаме Албанска власт/влада, повеќе Албански министри и директори од Каури и плус масовно бутање на Албанци во администрацијата, многу повеќе од нивната реална процентуална етничка застапеност во земјава... јбг политиката е комплексна работа, треба на време да се мисли што да се прави и како ќе се прави... да не биде после работата оде воз у кукуруз...
Дека е најголема дупка, не би се сложил. Ипак, за разлика од некој градој у Македонија, Тетово е ипак далеку поразвиен, со голем број на бизниси, со голем обрт на пари, ноќен живот, итн, ама сепак ќе кажам дека е далеку од идеално место за живеење.
Да не забраемо дека Тетово у време на Југославија бил индустриски гигант, дека Скопје првата струја ја има добивано од Тетово, дека се одржувале зимски игри на Шапка, како и тоа дека Тетово бил еден од најзелените градови во тогашна СФРЈ. Тетово бил далеку порано населен пред Скопје и добар дел останати други градови во Македонија.
Све тоа што го наброја ти е резултат на екстремно корумпирани политичари, преполна администрација како и тоа што се е централизирано во Скопје, т.е никакви капитални инвестиции Тетово не доби од страна на ниту една влада. Со слични проблеми се соочуват и други градови во Македонија.
За крај, мислим дека од целиов твој пост најмногу ме револтираше моабетот за отцепување на Тетово и полошкиов регион. После војна која најмногу тетовчаните ја осетија, после толку дадени животи, после толку инаетење и при систематско етничко чистење, после толку децении пробување да се одржи македонското во овој град, ти би го дал целиот тој регион на тацна? Каква врска има Тетово, тетовчани, овој регион, поготово македонците од овој регион, заедно со нивните имоти, фамилијарна историја и останати работи со моменталните случувања во Македонија? Од каде се политичарите кои што ги потпишаа најсрамните договори во историјата на Македонија? Од каде се политичарите кои што на секои избори им даваат комплетна јурисдикција на албанските партии во овој регион во замена за мнозинство во влада? Мислиш дека кога би се отцепиле овие градови дека не би почнале да се отцепуваат и другите градови, населби, итн?