Абе реков и на другата тема, ова што се случува треба да се изучува на факултет.
Голем дел од тоа е вештачко пумпање на цените, ако мене ме прашаш треба да биде забрането со закон (злосторничко здружување ќе му дојде ова

), али цел запад е креиран на фејк слика па ќе се навикнеме и ние.
Пример старите станови нема никаква поента да растат симетрично со новите станови, арно ама растат. Разбирливо е пример новите да имаат повисока цена бидејќи: градежните материјали се поскапи, работката рака е поскапа, ама стан изграден во 1970та...
Блиска иднина веројатно ќе растат, далечна не знам, прашање е до кога ќе може го возат светот на таа приказна и кога ќе имаме масовни демонстрации и палење на цели градови. Ова што се случува е буквално мочање врз главата на секој поединец, и повторно враќање во робовладетелско општество само со поинакви методи.
Опресирањето историски никогаш не траело долго, ниту завршило добро, ќе видиме како ќе заврши ова.