Две работи во кои потполно се согласувам со тебе. И мене ми е јасно дека Морати нема да ги прави грешките што ги правеше Моџи и на многу попаметен начин ќе ги организира работите.
Второто исто така се согласувам, одмазда е ова ништо друго. Мада незнам за што Интер се одмаздува, никогаш немало судиски грешки против нив. Барам видео доколку го тврдите спротивното, секако на натпревар кој не бил против Јуве. Сакам да кажам никој не го оштетувал дирекно, налетал само случајно на Јувентус. Милан беше оштетуван и против други тимови кога играл и сеуште е оштетуван, тоа го гледам со мои очи и никој не можи да ме разубеди.
И не ме убедувај, мое мислење е дека Интер има формирано систем. На него си стојам, не сум јас обвинител да барам докази. Доказите за мене се натпреварите кои ги гледам и смешните судиски грешки кои тешко некој ќе ме убеди дека се случајни, многу тешко зошто се АПЛА и се повторуваат непрекинато!
Ти имаш твое мислење, не инсистирам јас да го промениш.
Зошто би Формирал систем покрај Берлускони , Галијани или еве Моџи , што го правиш ти Морати , најмоќниот човек во Италија , испаѓа дека и Коза Ностра може вода да му носи , он од 95та е во Интер , зошто баш во 2007/2008 му текнало да си формира еден систем со кој лесно би можел да го диригира Калчото , зошто чекал повеќе од десет години , години во мизерија , резили , протести на навивачи и тн и тн , зошто не го направи тоа на натпреварот со Лацио сезоната 2001/02 , и баш сега кога и пред почетокот на сезоната се знаеше кој ке го води Калчото и оваа сезона со оглед на афтерефектот од Калчополи он решил да формира систем кој btw би бил премногу очигледен и со тоа да го уништи пред Се самиот Интер .
Морати не би рекол дека е паметен кога е во прашање Фудбалот , има 100 промашени инвестиции направено за Интер , али надвор од теренот ДА , интелигентно постапува со работите , и да паметен е и знае доколку се обиде да го наследи Моџиполи ке го наебе како и неговиот претходник , дал сега , дал наредната сезона или за 3 , 4 години он ке биде откриен без оглед на Се , тоа е факт , ние тоа го знаеме а камоли он така да со тоа Интер би бил и дефинитивно уништен (никогаш не играле во Втора Лига) а Морати линчуван од страна на навивачите .
Свесен си за колкав ризик зборуваме , само ретардиран би се впуштил во истиот , така да не верувам дека Морати пред Се би го уништил Интер како клуб .
Одмаздата на Морати беше Калчополи , доволна беше , а сега ова што се случува е дискутабилно , глупаво и непотребно , али убеден сум дека Морати не стои зад истото , да некој го уништува Јуве со судиските одлуки , постојат органи кои истото ке го решат .
И го цитирам прецедателот на Џенова :
" If they want to moan then what should we do? If Juve wrote a letter then Genoa should write a book or a dossier.”
*dossier = Koлекција
Глобално , судењето во Италија е за никаде , не се само Јуве или Милан или Интер во прашање , ова одамна го говорам , и јас се надевам дека во иднина ке се превземат некои сериозни мерки кога е во прашање судењето , немој да мислиш дека се ситам кога на Интер им е даден гол од офсејд или даден им е пенал , напротив , таквите победи ми се лејм , фејк , го уништуваат моментот на победата , на титулата и тн и тн со други зборови , го униптуваат целото Калчо .