Жолчка

Член од
3 ноември 2009
Мислења
1.543
Поени од реакции
767
сакам да прашам нешто, се работи за жена и кажаа дека мора да се оперира и да ја острани жолчката оти била воспалена, а и препишаа антибиотици кои мора да ги пие до пред операцијата да се направи. Дали некој од вас имал ваков случај или искуство на некој близок ваш ? Тешка е таа операција, докроти по препорака ако може да ми кажете итн.... фала однапред
Јас имав ист случај воспалена жолчка. Антибиотици мора да пие за да се смири отокот на жолчката и да може операцијата да се направи лапароскопски, не со класична операција. Така опоравувањето е многу полесно и побрзо, и има само мали 3 дупчиња. Инаку проблеми после операцијата нема никакви, само првите 3 недели со режим на исхрана. Операцијата е рутинска и се прави секаде и на државна и на приватна клиника.
 
Член од
3 октомври 2018
Мислења
3
Поени од реакции
0

А јас не знам што да правам ...пред 4месеци правев ехо на абдомен и ми открија полипи на жолчката нормално ме ставија ма термин за операција и сега пред два дена правев исто ехо ми викаат немаш ништо како е можно што мислите?
 
Јас на твое место не би размислувал, додека може лапароскопски реши си го проблемот и извади ја жолчната кеса.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.606
Поени од реакции
37.545
А јас не знам што да правам ...пред 4месеци правев ехо на абдомен и ми открија полипи на жолчката нормално ме ставија ма термин за операција и сега пред два дена правев исто ехо ми викаат немаш ништо како е можно што мислите?
... ако немаш болки или нешто компликации не се брзај, нешто што не е дефинирано како треба може да даде дополнителни компликации, на ехо мора да се диференцира дали е камен или полип и секоја големина над 3 цм тогаш се размислува за операција, све што е под 3 цм обично не прави проблеми, па се чека и се следува како ќе се однесува понатаму, можеш и сама да побараш да го видиш на мониторот тоа што го гледа докторот, каменот најчесто е лоциран во средината на жолчното ќесе често околу со поситни камчиња, многу ретко покрај зидот на жолчката, додека полипите најчесто се лоцирани покрај зидот на жолчката, каменот секогаш дава акустична сенка т.е. гледаш едно мало округло бело тоа е камен а надоле се протега сенката на ехо и тоа со сигурност кажува дека е камен, додека полипот не ехо не дава никаква сенка, овие две работи се пресудни да се одели каменот од полипот во ехо дијагностиката и ништо не е страшно и самата тоа да го видиш...

liver- јетра, gallbladder- жолчка, acoustic shadowing - акустична сенка на камен заокруженото со жолто,

жочка без камен лево, десно жолчка со камен и надоле се гледа акустичната сенка со што се потврдува дека е камен!

на овој ехо приказ на жолчка на долниот дел се гледаат многуте камчиња чија акустична сенка е заедничка надоле,

полипите немаат акустична сенка и се прикачени на ѕидот на жолчката,

ете како полипот е прикачен на ѕидот на жолчката а надоле нема акустична сенка како кај каменот!
... околу тоа дека лапараскопијата при остранување на жолчното ќесе е само рутинска операција не би се сложила, оти да се „надува стомакот со јаглерод диоксид“ шо никаде никој не го спомнува (хирургот врши внесување на гасот во абдоминалната празнина преку спец.игла поради подобра визуелизација на стомачната празнина т.е. да не би повредил друг орган во стомакот) така да надувеноста на стомакот ја притиска и подига дијафрагмата и тие што имаат проблеми со белодробието и со дишењето (респираторна инсуфициенција) дури е контрадикторна таква лапараскопска интервенција !

ајде малку околу жолчниот камен, може да биде холестеролски камен кој обично е еден голем со бело-жолта боја или може да бидат повеќе ситни камчиња и пигментен камен кој е мал и црн, а се создава кај пациентите со хронични заболувања, како хемолиза, алкохолна цироза на црниот дроб...
кога димензијата на камењата е помала од 3 сантиметри, тие обично не создаваат проблеми и тие се следат со промена на начинот на исхрана т.е. режим на исхрана со мала застапеност на масти, а доволно јагленохидрати, а постепено се вклучуваат и протеини, треба да се јаде почесто, но во мали количини или ако веќе погрешивме и сме мавнале поголем оброк добро е да се лежи барем половина час, а на предниот жолчен меур да се стави топла облога !
... инаку жолчен напад може да се предизвика со се што предивикува претерано движење на жолчната кеса трчање, возење или при јаки напори при голема нужда. или што зголемува лачење на жолчка т.е. храната - масти, јајца, квасец, сладолед, ладни газирани пијалоци, но и чест фактор за напад на жолчка е и преголемото возбудување, нервоза и стрес...
 
Последно уредено:
Член од
1 јуни 2022
Мислења
3
Поени од реакции
1
Здраво. Мене ми рекоа дека имам полип во жолчката и да го следам со ехо на 3 месеци. Првиот пат беше 8мм, вротиот 7мм, и сега преден еден месец 9, скоро накај 10мм. Сакаат да правам операција за да ја вадам жолчката а јас ич нејќам зошто читав дека после треба многу да се пазиш со исхрана, а нејкам такви ограничувања да имам, млад сум 24 години. Дали некој се соочил со ова и дали има некој природен начин да се намали или исчезне полипот? Нешто да се јаде, да се пие?
 
Подобро се живее без жолчка, отколку со жолчка која прави проблеми. Од искуство ти го кажувам ова. Консултирај се со лекар и направи лапароскопска операција. Сепак јас немав полип, туку камчиња.
 
Ама јас немам болки, најнормално си се чуствувам? Ти од кога ја извади имаше проблеми со храна, и со вежбање?
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.606
Поени од реакции
37.545
Здраво. Мене ми рекоа дека имам полип во жолчката и да го следам со ехо на 3 месеци. Првиот пат беше 8мм, вротиот 7мм, и сега преден еден месец 9, скоро накај 10мм. Сакаат да правам операција за да ја вадам жолчката а јас ич нејќам зошто читав дека после треба многу да се пазиш со исхрана, а нејкам такви ограничувања да имам, млад сум 24 години. Дали некој се соочил со ова и дали има некој природен начин да се намали или исчезне полипот? Нешто да се јаде, да се пие?
...само ти рекоа? немаш снимка и пишана дијагноза, мислам зависи кој „те виде“, денес човек да се прекрсти кој што све не работат по болниците, инаку тие полипи се еден вид израстоци од жолчката т.е. еден вид тумори, големината варира од 5-20 милиметри, ако се поголеми од 1 сантиметар и се единечни имаат поголеми шанси да се развијат во рак, па затоа е таа препорака да се оперира без разлика ако пациентот има или нема симптоми,

Gallbladder_Polyp_Ultrasound.jpg

...еден полип во жолчка обично расте за помалку од 2 милиметри годишно, а често знае да бидат повеќе полипи и тогаш сигурно се бенингни полипи, доколку е присутен само еден полип толку шансата за биде малигнен е поголема.

2586-Polypectomy-732x549-thumbnail-1-732x549.jpg

...пишуваш нешто да се пие или на природен начин да се отстрани тој полип, како би кога тоа е еден вид израсток од ткивото на жолчката, и останува само избор по хирушки пат додека се работи за вистински полип на жолчно ќесе.

Така да постојат три типа полипи на жолчно ќесе (зависи кој го имаш треба да ти го одредат):

Псевдополипи (лажни полипи) на жолчното кесе

Полипи на холестерол, се најчестиот тип, до 90% случаеви на сите полипи на жолчното кесе и тие всушност се неканцерозни израстоци исполнети со холестерол, најчесто при хроничен холециститис т.е. воспаление на жолчното кесе, кое се јавува кога жолчното кесе не се празни доволно.

Воспалителни (инфламаторни) полипи на жолчното кесе
Присутни до 10% воспалителни полипи, всушност тие укажуваат на воспаление на ѕидот на жолчното ќесе најчесто кај пациенти кои имале холециститис или некоја билијарна колика која го блокира каналот на жолчното кесе и обично резултира со болка после јадење, овие воспалителните полипи не се поврзани со рак на жолчното кесе.

Вистински полипи на жолчното кесе
Овие полипи се поретки и имаат потенцијал да тенденција да станат канцерогени, тие најчесто имаат дијаметар од 5-20 mm, додека тие што се поголеми од 1 cm имаат поголема веројатност да станат канцерогени, па тука пациентот добива препорака хирушки да се отстрани на жолчното кесе.

И сега што заклучивме? дека псевдополипите и воспалителните полипи кои се помали од 1 cm и не предизвикуваат симптоми не бараат третман, но лекарите рутински ги следат сите полипи на жолчното кесе со ултразвучни скен и тоа првото скенирање обично се случува 6 месеци по првичното откривање на полипот, потоа последователните скенирања се прават на годишни интервали.

... ако полипот пораснал за 2 mm или повеќе од последниот преглед, лекарот ќе препорача хируршко отстранување на жолчното кесе- холецистектомија. (отворена холецистектомија или лапароскопска холецистектомија по избор на пациентот).
 
Член од
3 ноември 2009
Мислења
1.543
Поени од реакции
767
Ама јас немам болки, најнормално си се чуствувам? Ти од кога ја извади имаше проблеми со храна, и со вежбање?
Никакви проблеми после вадење, за 2-3 недели се враќаш во нормала.
 
argenthessis

Highflyer
Член од
9 јуни 2011
Мислења
1.612
Поени од реакции
2.133
Здраво. Мене ми рекоа дека имам полип во жолчката и да го следам со ехо на 3 месеци. Првиот пат беше 8мм, вротиот 7мм, и сега преден еден месец 9, скоро накај 10мм. Сакаат да правам операција за да ја вадам жолчката а јас ич нејќам зошто читав дека после треба многу да се пазиш со исхрана, а нејкам такви ограничувања да имам, млад сум 24 години. Дали некој се соочил со ова и дали има некој природен начин да се намали или исчезне полипот? Нешто да се јаде, да се пие?

Јас се имам правено лапароскопски поради камчиња во Еуроиталија. Нема никаков проблем послем за исхрана. Треба само да пазиш на исхрана првите 2 - 3 недели можда до месец, главно полесни оброци, избегнување на мрсна храна и избегнување на алкохол. Послем тоа никаков проблем. Е сега би ти препорачал на приватно пред се поради годините, на државното никој не те гледа, дури и лапароскопски да те направат пак нема да ти гарантира никој дека нема да имаш проблеми. Толку се замараат а на некој толку и знаењето му е.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom