А јас не знам што да правам ...пред 4месеци правев ехо на абдомен и ми открија полипи на жолчката нормално ме ставија ма термин за операција и сега пред два дена правев исто ехо ми викаат немаш ништо како е можно што мислите?
... ако немаш болки или нешто компликации не се брзај, нешто што не е дефинирано како треба може да даде дополнителни компликации, на ехо мора да се диференцира дали е камен или полип и секоја големина над 3 цм тогаш се размислува за операција, све што е под 3 цм обично не прави проблеми, па се чека и се следува како ќе се однесува понатаму, можеш и сама да побараш да го видиш на мониторот тоа што го гледа докторот,
каменот најчесто е лоциран во средината на жолчното ќесе често околу со поситни камчиња, многу ретко покрај зидот на жолчката, додека
полипите најчесто се лоцирани покрај зидот на жолчката,
каменот секогаш дава акустична сенка т.е. гледаш едно мало округло бело тоа е камен а надоле се протега сенката на ехо и тоа со сигурност кажува дека е камен, додека
полипот не ехо не дава никаква сенка, овие две работи се пресудни да се одели каменот од полипот во ехо дијагностиката и ништо не е страшно и самата тоа да го видиш...
liver- јетра, gallbladder- жолчка, acoustic shadowing - акустична сенка на камен заокруженото со жолто,
жочка без камен лево, десно жолчка со камен и надоле се гледа акустичната сенка со што се потврдува дека е камен!
на овој ехо приказ на жолчка на долниот дел се гледаат многуте камчиња чија акустична сенка е заедничка надоле,
полипите немаат акустична сенка и се прикачени на ѕидот на жолчката,
ете како полипот е прикачен на ѕидот на жолчката а надоле
нема акустична сенка како кај каменот!
... околу тоа дека лапараскопијата при остранување на жолчното ќесе е само рутинска операција не би се сложила, оти да се „надува стомакот со јаглерод диоксид“ шо никаде никој не го спомнува (хирургот врши внесување на гасот во абдоминалната празнина преку спец.игла поради подобра визуелизација на стомачната празнина т.е. да не би повредил друг орган во стомакот) така да надувеноста на стомакот ја притиска и подига дијафрагмата и тие што имаат проблеми со белодробието и со дишењето (респираторна инсуфициенција) дури е контрадикторна таква лапараскопска интервенција !
ајде малку околу жолчниот камен, може да биде
холестеролски камен кој обично е еден голем со бело-жолта боја или може да бидат повеќе ситни камчиња и
пигментен камен кој е мал и црн, а се создава кај пациентите со хронични заболувања, како хемолиза, алкохолна цироза на црниот дроб...
кога димензијата на камењата е помала од 3 сантиметри, тие обично не создаваат проблеми и тие се следат со промена на начинот на исхрана т.е. режим на исхрана со мала застапеност на масти, а доволно јагленохидрати, а постепено се вклучуваат и протеини, треба да се јаде почесто, но во мали количини или ако веќе погрешивме и сме мавнале поголем оброк добро е да се лежи барем половина час, а на предниот жолчен меур да се стави топла облога !
... инаку жолчен напад може да се предизвика со се што предивикува претерано движење на жолчната кеса трчање, возење или при јаки напори при голема нужда. или што зголемува лачење на жолчка т.е. храната - масти, јајца, квасец, сладолед, ладни газирани пијалоци, но и чест фактор за напад на жолчка е и преголемото возбудување, нервоза и стрес...