Петржалка и Ренова нема да осетат salary cap, исто ко 95% од останатите клубови. Со salary cap послабите клубови профитираат, се внесува повеќе баланс во спортот. Пример, од утре се воведува salary cap 100 милиони за плата годишно максимум по клуб, во комбинација со финансиска одговорност (да не им се дозволи на непрофитабилни клубови да земаат заеми за плати па за 2 сезони да одат стечај). Арапите пак ќе пумпаат пари во ПСЖ, ама со salary cap-от ќе има граница и ќе се ограничи влијанието на тие пари. Пред ПСЖ, Сити, Челзи, Барса, Реал да му понудат 40 милиони по сезона на Мбапе, ќе се замислат дали им е попаметно да потрошат 40% од буџетот за плати на 1 играч или на 4.
Lakers, Knicks, Bulls се најпопуларни/највредни/најпрофитабилни НБА тимови. Не освојуваат секоја сезона, или? Да немаше salary cap ќе беше друга ситуацијата, наместо тимовите да инвестираат во скаути, стручњаци итн., ќе лупнеа плати до плафон и иди гледај НБА со Knicks и Lakers шампион секоја година.
Сите клубови во Европа, дали се 10, 30 или 30.000, од Словачка до Англија се дел од УЕФА и се придржуваат кон нејзините правила. Не гледам проблем во имплементацијата. Еве да биде наједноставно, додај граница за плати на постоечкиот ФФП, ништо повеќе.