Здраво дечки.
Деновиве си го средував точакот, до некаде е направен. Фалат уште неколку ситници да се додадат и тоа е тоа.
Подолу ќе ве прашам неколку работи, ќе ми требаат совети и од каде да најдам.
Прво за ново ѕвонче, ќе си земам од пазар. Тоа не ми е проблем.
Имам на велосипедот едно мало апаратче за мерење на брзина. Е сега проблемот е што тој магнетот кој што беше заштрафен на железата ми има испаднато. Да не купувам сосема нов мерач, знаете ли каде може да се најде таков магнет со штраф? Каде да барам? Ако знае некој во Аеродром ако има, уште подобро.
Другата работа, сакам да земам и држач за телефонот. Но не некаков си обичен држач, туку држач за телефон со светло испод него. Предно светло немам, а тоа за ноќна вожња не е баш најбезбедно.
Гледав вакви нешто:
Немора баш такви, нешто поедноставно.
Најважно ми е да може да ми го собере телефонот од 6,4 инчи (Samsung Galaxy A50), да го држи цврсто, и да има светло од доле. Друго ништо посебно во врска со тоа не ми треба.
Ако знаете каде има вакво нешто по продавниците овде, пишете каде па ќе отидам да побарам. Ако има и на пазарче, уште подобро. Таму и така ќе одам за ново ѕвонче.
Друго што ми преостанува, можам една торбичка да земам да ја ставам во долниот дел на точакот, ама тоа можеби нема да ми треба толку сега, бидејки не ни одам надвор од градот со велосипед. Можеби во иднина.
Задно светло имам едно црвено, на тоа само треба да му се смени батерии.
И друго горе доле се е океј со точакот.
Ако знаете каде ги има тие работи, пишете.
Edit:
Или пак, да земам ваква торбичка:
Па на неа и телефонот да го наместам, и само предно светло да си ставам? Која би била подобра варијанта? Генерално точакот на кеј го возам, а телефонот го користам за мерење преку Samsung Health, или ако некој ми се јави. Знаете такви торбички каде има во градот?
Edit 2:
Еве за каков магнет станува збор
Најдов на интернет од некои Македонски сајтови, ама кога ќе ги отворам ми отвара AliExpess, а нејќам ништо од интернет да нарачувам сега.
Тој магнет што го имав јас беше обичен, со еден штраф. Дури и беше малку рѓосан штрафот. Можеби заради тоа и беше испаднал тој магнет. Уредот за мерење на брзина го земав од Стокомак пред едно 4 години ако не се грешам. Се најде, за едно 250д. ми заврши доста работа. Иако знам дека не е прецизно, важно за чисто информативно, да видам на пример колку е часот е доста корисно. Брзините што ги мери тој апарат и тие што ги добивам од Samsung Health се секако различни. Ама не е да се каже бескорисно.
Гледав за неколку делови во nomad, ама таму со цените се изгор. Не ми се дава 1000 денари за обично предно светло, или торбичка за држач на телефон...