Фудбалски/трансфер дискусии

Член од
23 август 2010
Мислења
39.476
Поени од реакции
114.366
Интер е во пол позиција овде зашо играчот сака назад, а верувам на Челзи не му одговара да седи 120м играч на клупа со огромна плата. Ако доаѓа сигурно ќе биде позајмица со право на откуп од 50тина милиони, или можда што вика Марио ќе убацат и играч у дилот, односно Де Фрај пошо на Челзи им треба штопер. Така да Интер може комотно да не прифати евентуални 70м кои би ги барал Челзи. Ако напиња цигото мислам ќе најдат заеднички јазик, ама познавајќи го Бепе нема шанса тоа да не е некоја луда и најповолна позајмица.
 
Член од
8 мај 2022
Мислења
551
Поени од реакции
1.617
WTF happened ?!

шТо се задесе со Барса ? :unsure:
Ги потрошија сите пари на трансферот на Халанд, па сега се во криза. Нема гајле, Лапорта ќе ја среди ситуацијата и проектот на Чави ќе продолжи.
 

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.664
Поени од реакции
14.539
@STEALTH @Uli Hoeneß без да мислите дека ве провоцирам, стварно ме занима што се дешава што се вака наапани едни на други овие?
Нит прв нит последен што ќе сака да си оди од клуб, најдобар напаѓач на сите времиња на Баерн е веројатно, толку е страшно да го испоштуваат и да му дадат да си продолжи некаде?
Еве јас ќе ти одговорам во повеќе точки. И те молам игнорирај го ботов ФК Купи-Продај кој сигурно ќе ми реплицира на пишаново, дечкото пишува само срања и шири невистини контра Баерн пошто... комплекси.

- Левандовски сам си го зема умрениот Пини Захави како агент со една цел: да исфорсира трансфер кога-тогаш, не да продолжува договор со Баерн. Ако тоа му беше крајната цел, сам ќе си преговараше за нов договор. Ова беше дискутирано уште кога го отпушти стариот агент на еден форум за Баерн каде одамна сум член. Ова сега што се дешава се добро планирани потези од нивна страна со месеци.
- Делумна кривица во ситуацијава моментална има и управата на Баерн што ПОРАНО не седнаа да се договорат - или продолжувај со нас или да те продаваме летово за соодветна сума.
- Тука доаѓаме до тоа што си пишал:

толку е страшно да го испоштуваат и да му дадат да си продолжи некаде?
Како да го испоштуваат, да го продадат пак за кикирики како Тиаго во Ливерпул и остали?
Сигурно си имаат Баерн ставено цена за него интерно (40m+) и таа цена цигански клуб како Барса им е прескапа да ја плати. Па види го твитот погоре дека немале пари да продолжуваат дури и нивни играчи. Нивната финансиска ситуација има и улога во ова плакање на Левандовски и Захави по медиуми.
Јас да сум Кан - денес би му кажал на Левандовски дека со секоја наредно јавно кукање - цената за трансфер му се зголемува за 5 милиони.

Мислам дека оваа сага ќе биде breaking point во самиот Баерн и ќе увидат дека доста беше да продаваат евтино првотимци, само затоа што изразиле желба да си одат и ајде сега ќе им удоволуваме како некоја си взаемна почит.
Убаво кажа Кан вчера - почитта не е еднонасочна улица и Левандовски има потпишан договор уште една година. Јас сум убеден дека ќе го продадат за 40 и кусур милиони, ова е само куропецање и испитување на терен и од двете страни, исто како што сум убеден дека он и агентот прават притисок на самиот Баерн заради тоа што од Барселона им имаат кажано да издејствуваат помала трансфер сума за да му дадат добра плата. Едното е зависно од другото.
Чекај бато, си потпишал договор и ние те цениме толку и толку доколку сакаш да го раскинеш договорот. Донеси ни соодветна понуда од друг клуб и да ја разгледаме.
Да не заборавиме дека Роберт Левандовски беше буквално ограбен за две Ballon d'Or награди последователно, без разлика колку години има моментално.

Еве ќе ти илустрирам што сака да направи Левандовски со еден прост пример:
- Имаш потпишан договор со банка за кредит и ти останало уште 5000 евра да ги исплатиш за 12 месеци. Ти им носиш 2500 евра од тоа и им викаш: Епа доста беше, сакам да го раскинам договорот, не ми се допаѓате веќе како банка.
Ќе ти прифатат или не? Има да те измаршираат сместа.
Буквално изјавата вчера на Левандовски беше во тој стил: Веќе не ми се допаѓате како клуб, продајте ме за било која цена.

Мене не би ме зачудило дури и да остане (мада не верувам) уште една година доколку стварно се циганчи Барса или кој и да е.
Како што пишав и погоре - сега им е шансата на Баерн да прекинат со таа традиција на „почитување“ и продавање првотимци за кикирики, само затоа што имале уште една година договор. Доколку сега попуштат и го продадат за мала сума - ќе отворат врата и за многу идни исти случаи.

Во контекст на напишаново и дека се спремни да го продадат за соодветна сума (и доколку Барса го продаде Де Јонг):

 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.742
Поени од реакции
52.694
Чекај бато, си потпишал договор и ние те цениме толку и толку доколку сакаш да го раскинеш договорот. Донеси ни соодветна понуда од друг клуб и да ја разгледаме.
Различно е ова да ти го побара некој што е две години во клубот и легенда. Кога ќе побара легенда да си оди, посебно на крајот на кариерата, обично сите излагаат во пресрет и го пуштаат за нешто ептен ситно, па дури и без оштета, како благодарност за се што има направено за клубот.

Само што тоа требало приватно меѓу нив да го средат. Сега кога се во јавна војна, ништо чудно двете страни да се инаетат до крај. Иако, мислам дека колку подолго се развлекува ова, толку полошо ќе изгледа за Баерн, а не за Левандовски.
 
Член од
8 мај 2022
Мислења
551
Поени од реакции
1.617
Барселона продолжува со циганската тактика на убедување на играчите кои сакаат да ги купат да прават притисоци во клубот. Така правеа и со Дембеле, па го извлекоа подебелиот крај. Се надевам дека повторно ќе ги снајде истото. Баерн за Барселона е господски клуб. Мислам дека во случајот не му е толку дојдено на Баерн за оштета за Левандовски, колку што ги има фатено инает за Барселона. Никогаш не би им го пуштил за без пари, и следниот пат во ЛШ би им натоварил 10+ голови на овие циганите.
 

ob1

Член од
7 март 2010
Мислења
9.116
Поени од реакции
25.178
Различно е ова да ти го побара некој што е две години во клубот и легенда. Кога ќе побара легенда да си оди, посебно на крајот на кариерата, обично сите излагаат во пресрет и го пуштаат за нешто ептен ситно, па дури и без оштета, како благодарност за се што има направено за клубот.

Само што тоа требало приватно меѓу нив да го средат. Сега кога се во јавна војна, ништо чудно двете страни да се инаетат до крај. Иако, мислам дека колку подолго се развлекува ова, толку полошо ќе изгледа за Баерн, а не за Левандовски.
Како што Челзи го пушти Хазард за ситно а? :D
 

Riken

the power of imagination makes us infinite
Член од
9 декември 2008
Мислења
12.811
Поени од реакции
30.691
Каква циганска курва е овој Лукаку :tapp:
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.742
Поени од реакции
52.694
Како што Челзи го пушти Хазард за ситно а? :D
Пишав на крај на кариерата. Он си отиде во прајмот, после индивидуално најдобрата сезона во Челзи.
 

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.664
Поени од реакции
14.539
Различно е ова да ти го побара некој што е две години во клубот и легенда. Кога ќе побара легенда да си оди, посебно на крајот на кариерата, обично сите излагаат во пресрет и го пуштаат за нешто ептен ситно, па дури и без оштета, како благодарност за се што има направено за клубот.
Интересно како си цитирал тоа што ти одговара како аргумент, а не си ја цитирал реченицата веднаш после тоa:

Да не заборавиме дека Роберт Левандовски беше буквално ограбен за две Ballon d'Or награди последователно, без разлика колку години има моментално.
Не знам зошто ФК Баерн Минхен би изигравал Мајка Тереза по 1000 пат, посебно за светски напаѓач како Левандовски (во врвна форма и без повреди), без разлика дали е 25 или 33 години.
Пишав и три пати погоре - доста е благодарности и почит од Баерн. Имаат мал милион случаеви како што си напишал дека „треба да биде“ каде еден куп играчи си отидоа за шака сончоглед заради "взаемна почит или почитување на желбата на играчот", сепак доста е.
Нека си дадат отказ цела управа ако му попуштат нему или на Барселона.

Или нека си најде друг клуб кој е спремен да плати, на крај краева. Beggars cant be choosers.
А не жена му да пушта сториња на Инстаграм пред некој месец од вилата во Мајорка и како почнала да учи шпански. Убаво потенцирав дека ова е смислено сценарио со месеци, сега нека сам си доплати од она што го нудат Барселона или нека ќути до јуни 2023-та.
 
Последно уредено:

Jankoff

Run that, pass that.
Член од
4 септември 2019
Мислења
1.730
Поени од реакции
2.823
Баерн донесе сосема одличен играч у средина, Гравенберч е ВРВ !
сега читам, Романо пишал и Лајмер ќе го зимале.. ДОБРО БЕ ИМА ЛИ ДРУГИ КЛУБОВИ У СВЕТ ОСВЕН ОД РИВАЛИ ДА ЗИМААТ аман хахахаха цел Лајпциг го донесоа, пола Дортмунд и ете ти тим.
 

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.664
Поени од реакции
14.539
Истото се дешава и со Гнабри моментално, само што овој не плаче во јавност. Или нема понуда од конкретен клуб како Левандовски, па затоа ќути.
Му понудија топ плата за продолжување на договор, сеуште се „мислел“.




Се надевам дека му имаат ставено краен рок до 30.06 да се одлучи или да го продаваат.
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
За Лаутаро вчера имаше пишано Сајмон Џонсон од The Athletic. Имало интерес од Англија, Конте и Тухел. Овие акаунти само пренесуваат, не се некои ITK.

Еве ти денес и Романо пишал дека ќе има средба на адвокатот на Лукаку и Интер. Да видиме што ќе се случи.
Имаме муабет со Италијанците генерално, верувам ќе средат нешто.
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.490
Поени од реакции
87.376
Во каков ПМС период е Лукаку, ништо чудно зимава пак да почне да плаче за враќање назад во Челзи.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom