@STEALTH @Uli Hoeneß без да мислите дека ве провоцирам, стварно ме занима што се дешава што се вака наапани едни на други овие?
Нит прв нит последен што ќе сака да си оди од клуб, најдобар напаѓач на сите времиња на Баерн е веројатно, толку е страшно да го испоштуваат и да му дадат да си продолжи некаде?
Еве јас ќе ти одговорам во повеќе точки. И те молам игнорирај го ботов ФК Купи-Продај кој сигурно ќе ми реплицира на пишаново, дечкото пишува само срања и шири невистини контра Баерн пошто... комплекси.
- Левандовски сам си го зема умрениот Пини Захави како агент со една цел: да исфорсира трансфер кога-тогаш, не да продолжува договор со Баерн. Ако тоа му беше крајната цел, сам ќе си преговараше за нов договор. Ова беше дискутирано уште кога го отпушти стариот агент на еден форум за Баерн каде одамна сум член. Ова сега што се дешава се добро планирани потези од нивна страна со месеци.
- Делумна кривица во ситуацијава моментална има и управата на Баерн што ПОРАНО не седнаа да се договорат - или продолжувај со нас или да те продаваме летово за соодветна сума.
- Тука доаѓаме до тоа што си пишал:
толку е страшно да го испоштуваат и да му дадат да си продолжи некаде?
Како да го испоштуваат, да го продадат пак за кикирики како Тиаго во Ливерпул и остали?
Сигурно си имаат Баерн ставено цена за него интерно (40m+) и таа цена цигански клуб како Барса им е прескапа да ја плати. Па види го твитот погоре дека немале пари да продолжуваат дури и нивни играчи. Нивната финансиска ситуација има и улога во ова плакање на Левандовски и Захави по медиуми.
Јас да сум Кан - денес би му кажал на Левандовски дека со секоја наредно јавно кукање - цената за трансфер му се зголемува за 5 милиони.
Мислам дека оваа сага ќе биде breaking point во самиот Баерн и ќе увидат дека доста беше да продаваат евтино првотимци, само затоа што изразиле желба да си одат и ајде сега ќе им удоволуваме како некоја си взаемна почит.
Убаво кажа Кан вчера - почитта не е еднонасочна улица и Левандовски има потпишан договор уште една година. Јас сум убеден дека ќе го продадат за 40 и кусур милиони, ова е само куропецање и испитување на терен и од двете страни, исто како што сум убеден дека он и агентот прават притисок на самиот Баерн заради тоа што од Барселона им имаат кажано да издејствуваат помала трансфер сума за да му дадат добра плата. Едното е зависно од другото.
Чекај бато, си потпишал договор и ние те цениме толку и толку доколку сакаш да го раскинеш договорот. Донеси ни соодветна понуда од друг клуб и да ја разгледаме.
Да не заборавиме дека Роберт Левандовски беше буквално ограбен за две Ballon d'Or награди последователно, без разлика колку години има моментално.
Еве ќе ти илустрирам што сака да направи Левандовски со еден прост пример:
- Имаш потпишан договор со банка за кредит и ти останало уште 5000 евра да ги исплатиш за 12 месеци. Ти им носиш 2500 евра од тоа и им викаш: Епа доста беше, сакам да го раскинам договорот, не ми се допаѓате веќе како банка.
Ќе ти прифатат или не? Има да те измаршираат сместа.
Буквално изјавата вчера на Левандовски беше во тој стил: Веќе не ми се допаѓате како клуб, продајте ме за било која цена.
Мене не би ме зачудило дури и да остане (мада не верувам) уште една година доколку стварно се циганчи Барса или кој и да е.
Како што пишав и погоре - сега им е шансата на Баерн да прекинат со таа традиција на „почитување“ и продавање првотимци за кикирики, само затоа што имале уште една година договор. Доколку сега попуштат и го продадат за мала сума - ќе отворат врата и за многу идни исти случаи.
Во контекст на напишаново и дека се спремни да го продадат за соодветна сума (и доколку Барса го продаде Де Јонг):