Вака глаголаш бидејќи не разбираш дека математиката е исто наука и уметност. ТИ не разбираш дека јас како Телемит сум магичар, а Магика е што?
По дефениција од
„Магика без солзи“ каде што има збир од писма на Кроули до аспиранти, се вели:
Магиката е Наука и Уметност за предизвикување Промени во согласност со Волјата.
Не, не знаеш како ќе одговорам, бидејќи не постои ѕвезда и систем кој може да стои на исто место од иста перспектива да ги гледа работите како другиот систем - и тоа е Нуит
Јас не сум никаков авторитет ниту сакам да сум бидејќи тоа носи со себе голема одговорност, посебно не сакам да сум авторитет на форумов (што авторитет е тоа?) ... авторитет се постигнува на друг фронт, на други начини, во поголеми размери.
Тоа што ти сакаш да за тебе некој изгледа вака или онака за да ти е убаво на душата, не мора да значи дека е реалноста...
Не разбираш по се изгледа дека јас и ти егзистираме во хармонија (не во иднина „можеме“, туку сега егзистираме во хармонија), не гледам ништо нехармонично во нашите дискусии иако имаме спротивни ставови и со страст дискутираме за нештата кои ни се драги или дел од нас, јас немам ништо нехармонично во однос на тебе и било кој друг што зборува тука... не знам зошто мислите дека ако некој размислува и зборува спротивно од вашите размисли тука, дека не е во хармонија со вас или дека ви е непријател.
Прекинете со таквите идеи за непријателство!
На овој подфорум сите дискутираме за религиите, а сите религии (заедно со сите секти кои произлегуваат) се дијаметрално спротивни едни на други или изменуваат до одреден степен од догмите, и треба да си навистина незапознаен со религиите и нивните доктрини (зборувам за старите религии христијанство, ислам, јудаизам) за да не увиди човек дека тие зборуваат негативно за секоја друга религија, се негираат.
Зборуваат за љубов но само кон своите, бидејќи христијанинот вели дека Мухамед е лажен пророк, дека тројството е реалноста, а не Аллах и едноста, муслиманите велат дека Иса или Исус не е син на бог туку еден од пророците исто како Муса (Мојсеј) и со тоа го негираат христијанството, јудаизмот се држи до она дека месијата и спасителот на Израел не е дојден, не се исполнети пророштавата итн итн...
И постојат истите без да се испоубијат едни со други заради нивните религии и тоа само заради еден „причинител непознат“, нешто што стои зад овие симболи и учења, нешто прастаро кое не може да биде откриено пред луѓето, превез од разни симболи и учења се испреплетуваат и го кријат ликот на сета таа бесконечност која ја имаме и во себе си, но тешко ја разоткриваме од различни причини - како индивидуи.
Умот на човекот со сета ограниченост не може да го опфати бесконечното, но може да го насети, со пракса.