До и Од модераторот на подфорум Религија

Член од
17 декември 2021
Мислења
23
Поени од реакции
11
Сарказам и се останато - е бесцелност. Откачи се од мене, уживај во форумот (има бесконечно теми, подфоруми) - не мора да дискутираме и да се расправаме за било што меѓу себе (сигурно си некој стар член со ново корисничко име - тоа е забрането со правилата на форумов)... бесцелно е тоа уште повеќе.
Во ред еве уште еднаш се извинувам.
Нема повеќе да пишувам на темите за религија(телема).
Ветувам дека ќе го следам телемитскиот кодекс.
93 93/93
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.169
Поени од реакции
12.153
Во ред еве уште еднаш се извинувам.
Нема повеќе да пишувам на темите за религија(телема).
Ветувам дека ќе го следам телемитскиот кодекс.
93 93/93
Може каде сакаш да пишуваш, да даваш свои мисли - намали да се заморуваш со мене.
Ако си имал проблем некој со мене на форумов, да сум те навредил нешто или слично - не било намерно, сигурно ме занела дискусијата... се прават грешки.

Така да, уживај во подфорумов, пишувај и гледај да не одиш офтопик, без навреди и тоа е тоа :)

П.С. Ако си Телемит, следи го „Телемитскиот кодекс“, никој не ти го бара тоа од тебе директно. Правилата на форумот се битни тука, не ги заборавајте
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.169
Поени од реакции
12.153
После купишта дупли и тродуплни кориснички имиња кои упорно доаѓаат наваму со истите навреди, истите напнати муабети можам само ова да кажам:

1644684544788.png

Останаа многу малку што немаат банирани акаунти од дамнина :)
Чувајте се во ова време на невреме.​
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.169
Поени од реакции
12.153
И пред да ја отвориш темата си можел да пролисташ дали има иста или слична тема.
Еве теми каде си можел да поставиш прашање..
Превод и толкување на Библиски цитати

@Хептаграм XI работиш уште како модератор?
Да уште туркам, сега е средено со темата.

Чекав засегнатите форумџии за кои библијата е сеуште де факто света книга која нуди надминување да напишат дали да ја спојам или ок е темава, да не биде работам сам како ми е ќејф

Споена е засегнатата тема со постоечка.
 

alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.595
Поени од реакции
1.138
Вака како што е сега , е изгубен редоследот на темата "толкување цитати од било која духовна книга" почетокот си го префрлил во Превод и толкување на библиски цитати.

Би можел од двете теми се што е во врска со библијата да ставиш во една тема, а толкување духовни книги кој не се од библијата да биде посебно т.с темата за било која духовна книга.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.169
Поени од реакции
12.153
Вака како што е сега , е изгубен редоследот на темата "толкување цитати од било која духовна книга" почетокот си го префрлил во Превод и толкување на библиски цитати.

Би можел од двете теми се што е во врска со библијата да ставиш во една тема, а толкување духовни книги кој не се од библијата да биде посебно т.с темата за било која духовна книга.
Ненамерна грешка, од тел. средував и сум промашил.
Ќе пробам да средам вечер или деновиве...

Колку толку да се има бар почеток на темата Толкување било која света книга...
Автоматски споено мислење:

Мислам дека се среди со темите, се измешале некои постови од една во друга тема...

Сега оваа темата која „обработува“ толкување од било која света книга ќе замине во заборав.
 
Последно уредено:

alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.595
Поени од реакции
1.138
Мислам дека се среди со темите, се измешале некои постови од една во друга тема...
Да, сега има некој редослед во темите.

Сега оваа темата која „обработува“ толкување од било која света книга ќе замине во заборав.
Не мора да значи, може ќе се најде некој да толкува алхемиски книги , митологии или симболи од одредени друштва.:)
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.169
Поени од реакции
12.153
Не мора да значи, може ќе се најде некој да толкува алхемиски книги , митологии или симболи од одредени друштва.:)
Времето ќе покаже, тука сме :)

Но ако се анализира историјата на форумов, а и тоа дека поголемиот дел од форумџиите се привлечени кон христијанството (свесно или несвесно) и кое го имаат во семејството, на работа, во друштво итн итн - сепак повеќе ќе имаме секакви толкувања на христијанската света книга отколку толкување на нешто друго...
Македонецот ја чувстува христијанската света книга наречена Библија како нешто свое, наследно, кое го дефинира во светот, во ова моментално постоење како човек на Земјата - и тука не се може ништо, ниту може да се земе тоа како зло...

Некои од петни жили сакаат да ја извадат од христијанските цркви и да ја престават како нешто посебно, надвор од сето тоа - залудни обиди би рекол јас...

Битно е да се коментираат стиховите од светите книги :coffee:

П.С. Толкувањето на симболи не е исто како и толкување свети книги... ќе треба да оди во друг подфорум, или мистерии или наука/психологија, во стилот на Јунг и неговата „Алхемија и Психологија“.
Алхемија и митологија и симболи се премногу loosly поврзани со религија.
 

Ne-misli

Жив ѓавол
Член од
2 август 2016
Мислења
353
Поени од реакции
641
ha ha ha...dobar si dobar....si se naucil da ne pagas vednas na provokacii....
Tenki vi se diskusiite, nema dlabocina, se povrsni stvari...
A i resiv moeto znaenje da ne go davam na sekakvi slepci...
terajte si magareto...
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.169
Поени од реакции
12.153
ha ha ha...dobar si dobar....si se naucil da ne pagas vednas na provokacii....
Tenki vi se diskusiite, nema dlabocina, se povrsni stvari...
A i resiv moeto znaenje da ne go davam na sekakvi slepci...
terajte si magareto...
Твоето знаење е бесцелно бидејќи не знаеш да дискутираш, немаш култура. Така да, бесцелно фалење по форумов колку сте полни со „знаење“ за религиите :)

Но, како ти е волја, така нека ти биде. Нема знаење во религиите на стариот еон, така да - мудро е што не дискутираш, терај си магарето... :coffee:
 
Член од
30 август 2021
Мислења
1.243
Поени од реакции
2.629
Хепта ти се обраќам во соодветнава тема, имам нешто да ти кажам. Порано мислев дека и ти имаш сумљива фаца, форум е не се гледаме и мислев дека твоите мотиви да го преинсталираш ова поднебје идат од некое мрачно место. Со тек на време увидов дека ти си Хепта академик, имаш неверојатно богата ризница на знаење како ретко кој, може да ти позавидат многу доктори на науки. Но тоа со себе носи и академско его и потреба за валидација на твојот труд, знаење и посебност, признание дека сега ти си афторитетот. Заебанцијата е што доколку сакаш да почнеш да сликаш треба да се ресетираш и исчистиш од атачментите на тоа што го знаеш, кога еден ден ќе успееш да се ослободиш од атачментот и за Телема тогаш вистински ќе може да сликаш. Но "јас" и "ти" може да егзистираме во хармонија како и многу пред нас ако секој си го прави своето, ти ја отвориш мојата изложба и напишеш осврт за моите дела и ја приближиш кон оние кои не се во уметноста. А доколку сакаш да научиш да сликаш. побарај совет од сликарот за какви платна, бои. Знам како ќе одговориш на ова но побитно ми е да знаеш дека те валидирам.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.169
Поени од реакции
12.153
Вака глаголаш бидејќи не разбираш дека математиката е исто наука и уметност. ТИ не разбираш дека јас како Телемит сум магичар, а Магика е што?
По дефениција од „Магика без солзи“ каде што има збир од писма на Кроули до аспиранти, се вели:

Магиката е Наука и Уметност за предизвикување Промени во согласност со Волјата.
Не, не знаеш како ќе одговорам, бидејќи не постои ѕвезда и систем кој може да стои на исто место од иста перспектива да ги гледа работите како другиот систем - и тоа е Нуит :love:

Јас не сум никаков авторитет ниту сакам да сум бидејќи тоа носи со себе голема одговорност, посебно не сакам да сум авторитет на форумов (што авторитет е тоа?) ... авторитет се постигнува на друг фронт, на други начини, во поголеми размери.

Тоа што ти сакаш да за тебе некој изгледа вака или онака за да ти е убаво на душата, не мора да значи дека е реалноста... :love:

Не разбираш по се изгледа дека јас и ти егзистираме во хармонија (не во иднина „можеме“, туку сега егзистираме во хармонија), не гледам ништо нехармонично во нашите дискусии иако имаме спротивни ставови и со страст дискутираме за нештата кои ни се драги или дел од нас, јас немам ништо нехармонично во однос на тебе и било кој друг што зборува тука... не знам зошто мислите дека ако некој размислува и зборува спротивно од вашите размисли тука, дека не е во хармонија со вас или дека ви е непријател.
Прекинете со таквите идеи за непријателство!

На овој подфорум сите дискутираме за религиите, а сите религии (заедно со сите секти кои произлегуваат) се дијаметрално спротивни едни на други или изменуваат до одреден степен од догмите, и треба да си навистина незапознаен со религиите и нивните доктрини (зборувам за старите религии христијанство, ислам, јудаизам) за да не увиди човек дека тие зборуваат негативно за секоја друга религија, се негираат.

Зборуваат за љубов но само кон своите, бидејќи христијанинот вели дека Мухамед е лажен пророк, дека тројството е реалноста, а не Аллах и едноста, муслиманите велат дека Иса или Исус не е син на бог туку еден од пророците исто како Муса (Мојсеј) и со тоа го негираат христијанството, јудаизмот се држи до она дека месијата и спасителот на Израел не е дојден, не се исполнети пророштавата итн итн...

И постојат истите без да се испоубијат едни со други заради нивните религии и тоа само заради еден „причинител непознат“, нешто што стои зад овие симболи и учења, нешто прастаро кое не може да биде откриено пред луѓето, превез од разни симболи и учења се испреплетуваат и го кријат ликот на сета таа бесконечност која ја имаме и во себе си, но тешко ја разоткриваме од различни причини - како индивидуи.

Умот на човекот со сета ограниченост не може да го опфати бесконечното, но може да го насети, со пракса. :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom