Со оглед на ситуацијава мислам дека редно време е да почнеме да даваме шанси на младинциве што ни се по позајмици, не дека можат да бидат многу полоши од Гаљардини на пример.
Пинамонти за напред
Како и да е ни фали 9ка у тимов.
Џеко (фала му за се) ама веќе е многу стар, Санчез мора да иде аут, Кореа ваљда ќе успее да крене форма. Дури и со носење на Дибала нема да биде лошо ако остане во тимов и Пинамонти. Да имаме добар избор за ротација -Лаутаро - Дибала и Пинамонти - Кореа + Џеко за од клупа.
Зињо и/или Пирола за ротација позади.
Пирола го немам гледано, викаат дека има потенцијал дечкото, во Зињо има доста фудбал, би можел да е топ за ротација, да добие шанса на некој небитни натпревари или од клупа чисто да осети терен.
Нормално,идеално би било Де Фрај out - Бремер In. а младиве да служат само за од клупа или како замена во ептен згуснат распоред. И така и така само Ранокија ни е класичен Халф моментално во тим, Дамбо и Ди Марко не се класични халфови, а и Ди марко може да се игра повеќе како замена за Госенс. Пак ќе кажам, и пак ќе изедам хејт, Ди Марко може да се проба и како везњак во краен случај, може таму многу боље да се снајде, ако позади него има 3 играчи што ќе ги чистат „грешките“. Едноставно да има поголема слобода.
Агоуме за во средниот ред.
Што кој кур, и така и така со Гаљардини и Весино сме како замени, неколку пати го иам глеано и не делува лошо во франција.
За ротација зашто да не се задржи. И така и така не верувам дека ќе лупаат нашиве голем кеш за ротација.
Во секој случај, не би било лошо да го освежиме тимот со фаци како Пинамонти, Зињо и Агуме за ротација. Секако немаме некоја јака клупа, вака барем ќе се надеваме на некое чудо некој од младиве да се повампири.
Нормално, покрај Онана и Госенс да ги земеме уште Дибала и Бремер и пуна куќа.
И најбитното, за Гери и Шики не смее ни да се разгледува понуда не пак да се дискутира продажба!