Кога пишуваш за нечиј пост, културно е да го цитираш или барем тагираш. Прво заборавив да спомнам, кога јас пишувам Скандинавија, сосем погрешно знам, не мислам на Данците. За мене Скандинавија се Шведска, Норвешка и Финска. Тоа едно, друго, кога ја спомнав Скандинавија, не се однесуваше тоа на нивниот современ придонес кон науката или техниката, кој е директно условен со материјалната состојба во државите, туку нивниот историски придонес кон цивилизацијата. Никогаш да не постоеле тие држави, ништо немаше човештвото да изгуби. Буквално ништо. Немаат НИТУ еден вистински значаен уметник, филозоф, писател, ништо, нула. Кјеркогор е Данец, и релативно периферна фигура во филозофијата.
Русија не била Европа, а Русија ги има Достоевски и Толстој. Па ништо друго Достоевски да не напишеше настрана од Браќа Карамазови, ќе го оправдаше целокупното многувековно постоење на Русија. Да не зборуваме за Љермонтов, Тургењев, Гогољ (кој е Украинец по потекло, но Русин по творештво) писатели со кои не може да се пофали ниту една друга земја на светот. Земи било која листа на најдобри романи на сите времиња, секогаш во првите пет книги се две на Достоевски и две на Толстој. Рускиот балет и ден денес е поим, руските изведувачи на класична музика скоро секогаш се меѓу најдобрите. Ама Русите биле варвари и не припаѓале во Европа.