Пресвртница за Украина

Дали ја оправдувате воената агресија на Русија над Украина?

  • Вкупно гласачи
    732
Член од
15 ноември 2013
Мислења
1.529
Поени од реакции
2.626
Backslide имаат доживеано во времето на СССР, не само после падот на СССР.
Да но би рекол во подоцжните години, најголем број од научните достигнувања им се во периодот на СССР, а и општо биле сериозен политички глобален ривал на САД, денеска ни едно од двете не се.
 
Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.858
Поени од реакции
8.418
Околу русофобијава јас не ги разбирам некои од нашиве што се отидени во западниве земји, поголеми и погласни русофоби се и од некои западњаци.

Ме тера да помислам дека го прават тоа за да се оправдаат дека се лојални на западните вредности, затоа што осеќаат вина дека се словени.
Од јаничар полошо нема!
 
Член од
15 ноември 2013
Мислења
1.529
Поени од реакции
2.626
И уште една работа. Кои се цивилизациските придобивки од Скандинавските држави?
Кога пишуваш за нечиј пост, културно е да го цитираш или барем тагираш. Прво заборавив да спомнам, кога јас пишувам Скандинавија, сосем погрешно знам, не мислам на Данците. За мене Скандинавија се Шведска, Норвешка и Финска. Тоа едно, друго, кога ја спомнав Скандинавија, не се однесуваше тоа на нивниот современ придонес кон науката или техниката, кој е директно условен со материјалната состојба во државите, туку нивниот историски придонес кон цивилизацијата. Никогаш да не постоеле тие држави, ништо немаше човештвото да изгуби. Буквално ништо. Немаат НИТУ еден вистински значаен уметник, филозоф, писател, ништо, нула. Кјеркогор е Данец, и релативно периферна фигура во филозофијата.

Русија не била Европа, а Русија ги има Достоевски и Толстој. Па ништо друго Достоевски да не напишеше настрана од Браќа Карамазови, ќе го оправдаше целокупното многувековно постоење на Русија. Да не зборуваме за Љермонтов, Тургењев, Гогољ (кој е Украинец по потекло, но Русин по творештво) писатели со кои не може да се пофали ниту една друга земја на светот. Земи било која листа на најдобри романи на сите времиња, секогаш во првите пет книги се две на Достоевски и две на Толстој. Рускиот балет и ден денес е поим, руските изведувачи на класична музика скоро секогаш се меѓу најдобрите. Ама Русите биле варвари и не припаѓале во Европа.
Ќе бидам малку адвокат на ѓаолот, пошто погоре викаш за цивилизациски и историски напредок, кога сме кај тоа вбројуваш уметници или писатели, па ајде да прашам како ја напреднале цивилизацијата Толстој или Достоевски? На долг рок, јачината на државата не ја прават уметниците и филозофите, туку научници, претприемачи, нови технологии и сл, кои што ги имаат во изобилство Скандинавските држави. Не дека уметниците и филозофите се небитни, туку веќе кога се дискутира за ова други се параметрите што се бараат и споредуваат. Атоналната музика на Шенберг нема да ти ја направи државата попродуктивна и животот полесен(барем физички не).

И пак како што пишав погоре, далеку од тоа дека Русија е сиромашна со паметни луѓе, туку потенцијалот на тие луѓе за жал не е искористен барем последниве 40-50 години.

Факт е тоа дека Русија е европска, колку и да се чувствуваат како неевропјани, или колку европејците да не ги сметаат за такви, културолошки спаѓаат во Европа. Тоа Русија како дел од економскиот и културен свет на Азија е повеќе ставот на тупинофилите тука а и на политичката елита во Русија.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.498
Поени од реакции
27.316
Да но би рекол во подоцжните години, најголем број од научните достигнувања им се во периодот на СССР, а и општо биле сериозен политички глобален ривал на САД, денеска ни едно од двете не се.
Имаат создадено неколку синтетички хемиски елементи попут Flerovium, Livemorium, Nihonium, Moscovium, Tennessine, Oganesson. Уствари последните 6 елементи внесени во периодниот се Руски. Значи збориме за доминација на Руските научници во Хемијата.

За вселенска технологија... Лансери од море и подморница, натамошен развој на Ракетна вселенска технологија, која нема конкуренција на западот (спејс икс која е пак базирана на Руска технологија, ако може да се каже дека е конкуренција), Спектр линија на вселенски телескопи...

Сопствени микрочипови, масовно производство на портабл нуклеарна централа, Хетеротранзистор, најголемиот нуклеарен кршач на мраз, Најголемиот цевковод на течен Гас (северен поток)

Да не збориме за Кинжал, Авангард и Посејдон, оружја на кои американците немаат одговор сега за сега.

Притоа тука не ги спомињаме Русите кои се образовани во Русија и кои работат како научници на западот и не ретко имаат заслуги за иновациите во западните земји.

Ова е онака што ми текна само да нафрлам ...

Сериозно мислиш дека Модерна Русија нема научни достигнувања? Ако мислиш така, скаран си со модерната наука пријател или си мислиш дека либтард догмата е наука...
 
Последно уредено:
Член од
15 ноември 2013
Мислења
1.529
Поени од реакции
2.626
Имаат создадено неколку синтетички хемиски елементи попут Flerovium, Livemorium, Nihonium, Moscovium, Tennessine, Oganesson

За вселенска технологија... Лансери од море и подморница, натамошен развој на Ракетна вселенска технологија, која нема конкуренција на западот (спејс икс која е пак базирана на Руска технологија, ако може да се каже дека е конкуренција), Спектр линија на вселенски телескопи...

Сопствени микрочипови, масовно производство на портабл нуклеарна централа, Хетеротранзистор, најголемиот нуклеарен кршач на мраз, Најголемиот цевковод на течен Гас (северен поток)

Да не збориме за Кинжал, Авангард и Посејдон, оружја на кои американците немаат одговор сега за сега.

Притоа тука не ги спомињаме на Русите кои се обучени во Русија и кои работат како научници на западот.

Сериозно мислиш дека Русите немаат научни достигнувања? Ако мислиш така, скаран си со модерната наука пријател или си мислиш дека либтард догмата е наука...
Кај виде во постот дека велам дека Русите немаат научни достигнувања?

Иначе тагни ме слободно кога ќе излезе новиот револуционерен микрочип или новата TSMC/AMD/Intel/Nvidia од Русија.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.498
Поени од реакции
27.316
На долг рок, јачината на државата не ја прават уметниците и филозофите, туку научници, претприемачи, нови технологии и сл, кои што ги имаат во изобилство Скандинавските држави.
Кои се тие нови технологии од Скандинавските земји?

Русија денеска е силна држава токму поради научните достигнувања искористени во областа на воената индустрија. Јас не мислам дека Шведска, Финска и Норвешка се силни. САД е силна држава, Израел е силна држава. Скандинавските држави се мачји кашаљ, само се економски јаки за да платат рекет на САД.

Кај виде во постот дека велам дека Русите немаат научни достигнувања?

Иначе тагни ме слободно кога ќе излезе новиот револуционерен микрочип или новата TSMC/AMD/Intel/Nvidia од Русија.
Ок, сериозно мислиш дека немаат потенцијал да го направат тоа?

Тоа што нема комерцијализација на нивните изуми, не значи дека изумите не постојат. Додека на САД и се брои како изум ајпадот ајфонот, киндл и јутјуб кои како такви немаат ама баш никаква научна тежина без AI кој се билда на аутсорсирање на Руски експерти. Но сега со ситуацијава оутсорцирањето драстично се намали, па ќе ги видиме како овие компании ќе најдат замена.

Русија одкако се осамостали немала никаков застој во областа на науката. Секогаш биле и се на светскиот врв и по иновации и по научни пронајдоци и по квалитет на образование. Во таа уништена држава после распадот на Советскиот Сојуз, единствено нешто што успешно функционираше беспрекорно е токму науката.

А за микрочипот, кој може да им парира на западните, ќе дојде време и за тоа. Како што во 2014 викаа дека Русите ќе умираат од глад, а сега се во светскиот врв по производство на храна, така ќе е и со микрочиповите, ќе почнат да ги комерцијализираат пронајдоците. Сум имал можност да ги споредам Руските студенти дипломци од областа на AI со нивните западни колеги и можам да кажам дека западот е најмалку два чекори позади Руското образование. Тоа е све што треба да знам, за да знам чија иднина е светла.
 
Последно уредено:

kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
13.473
Поени од реакции
24.694
Зголемување на територија е битно само за олигарсите. Обичниот Русин не добива никаков бенефит од тоа. Обичниот Русин исто така сака западни продукти. Не сакаат независност од нив.

Путин го предаде руското население.
Автоматски споено мислење:

Да не се спомне што треба децата да им гинат за да ги добијат тие „бенефити“.
ne.

na rusija ne i treba aljaska ili finska... izlez i pristap na topli morinja im e bitno. sochi e popularna destinacija i skap grad za nekretnina co ru tokmu zatoa sto narod saka da zivee na more. odesa ke bide uste popoularna.

obicen rusin moze saka zapadni produkti ama tie se losi za drzavata. sega otkako licemerniot zapad im gi zabrani ke bide polesno da se smeni fokusot i da se baraat i proizveduvaat alternativi so vreme.

odlucile deka vredi zrtvata. ova im e bitno.
 
Ingvar

MONAD
Член од
28 март 2020
Мислења
4.053
Поени од реакции
9.429
ќе почнат да ги комерцијализираат пронајдоците
Ова е најголем проблем кај русите.....од моментот кога ќе почнат пронајдоците кои ги чуваат како строго класифицирани да ги комерцијализираат ќе се оправат. На долг рок ако гледаме најголем просперитет имаат русите, западов е сјебан со овој неолиберализам, освен наркомани и буљаши друг потенцијал во иднина слабо. Кина мислам го достигна врвот, кога ќе почнат кинезите да се бунат и да барат слободи ќе доживеат пад. Индија има огромен човечки потенцијал, ама она циганското у нив ги уназадува.
Путин еднаш рече, кој ќе направи најголем продор во АИ ќе владее во иднина со светот, и мислам дека ќе биде така.
Она што е очигледно веќе е дека западот се посра, и штампање пари е веќе непродуктивна работа.
 
Член од
19 ноември 2020
Мислења
2.524
Поени од реакции
9.405

Освен што нема толку забегано со woke срања и шекспири по Русија и те како има таму наркомани и буљаши. Види само колку болни од сида имаат, повеќето се од дрогирање заразени. Малку превише ги морализирате, а ако не сменат нешто на краток рок проценките им се 2 милиони заразени со хив. На долг рок не е сјајно.
 
Они уште излегуваат од тешка депресија, ако не наркомани пијаници сигурно има. Не го гледаме тоа, гледаме државата кој правец го земала и сите проекции се базираат врз основа на тоа. Државите со сите механизми кои и се на достап како стимулација, обликување на јавно мислење преку медиуми и сл. ги обликува луѓето. Кај нив се забележува позитивен тренд, а со тоа што се негуваат горе доле прави системи на вредности сигурно ќе одат напред. Нормално се тоа немало да биде можно без топењето на ледот, односно богатствата на Сибир и доаѓањето на Путин.
Иначе за дрога да не правиме муабет, младава популација по метрополите на западот си еба матер одамна, затоа и се појавија овие шекспировци.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.837
Поени од реакции
36.874
Украинците најавуваат можно повлекување од неколку градови. Тука пред се мислат на Северодонецк и Лисичанск.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.837
Поени од реакции
36.874
Почнаа искри и меѓу себе да фрлаат. Ова не чини ич.

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.023
Поени од реакции
83.446
Ќе бидам малку адвокат на ѓаолот, пошто погоре викаш за цивилизациски и историски напредок, кога сме кај тоа вбројуваш уметници или писатели, па ајде да прашам како ја напреднале цивилизацијата Толстој или Достоевски? На долг рок, јачината на државата не ја прават уметниците и филозофите, туку научници, претприемачи, нови технологии и сл, кои што ги имаат во изобилство Скандинавските држави. Не дека уметниците и филозофите се небитни, туку веќе кога се дискутира за ова други се параметрите што се бараат и споредуваат. Атоналната музика на Шенберг нема да ти ја направи државата попродуктивна и животот полесен(барем физички не).
Ако така гледаш, тогаш ја немам ни уметници, ни претприемачи, ама имам нуклеарни боеви глави и затоа ти ќе ми даваш дел од тоа што го создале твоите претприемачи.
 
W

wicked_1

Гостин
News: The Biden admin is preparing to send Ukraine advanced, long-range rocket systems—known as MLRS and HIMARS

BREAKING: The U.S. plans to send an advanced long-range rocket system to Ukraine as early as next week

@Klinton што би требало да биде ова?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom