Архипелагот Гулаг и Еден ден во животот на Иван Денисович се околу 60-65 години стари, АГ започната 1958 а завршена тек 1968 поради објективни околности, па и Пастернак или Др.Живаго. Не би го коментирал Набоков, не верувам дека имаш позитивно мислење за него
Онака ставена временска рамка од половина век, т.е. за време на твојот и мојот живот, сигурен сум дека си слушал Крафтверк, Фалко, А-ха, Инексес и секаква популарна музика од рандом земји,но ништо нема од Русија.
Не сум сигурен дека Архипелагот би била во мојата листа на топ10 иако се работи за капитално дело кое пред светот обзнанува дека царот е гол, настрана тоа имал и практично дејство во тоа што спречил илјадници студенти да забегаат во групи како РАФ или Бригате Росе. Гулагот бил голем шамар за западната крајна левица која гледала во СССР како на работничко-крестјански рај.
Точно е тоа дека во рамката на половина век 20 години се во СССР а 30 како РФ но треба да се знае дека во СССР русите биле најпривилегиран народ, насекаде се вршеле колонизации, плански во секоја од републиките морало да се насели одреден процент руски мужици. И како и на многу места по светот, колонизациите не донеле ништо добро.
Сите империи го имаат правено тоа, не е тоа нешто специфично за СССР или Русија, во рамки насвои краткорочни или долгорочни интереси се случувале колонизации.
Скандинавија последни 50 години не можам да набројам во поглед на уметност, се согласувам,но за подолг период бидејќи го споеман Достоевски,има што да се наброи започнувајќи од Кјеркегор, Мунк, Ибзен, Сибелиус па се до Бергман. Нокиа и Ериксен како поим за телефонија особено при првичната глобална пенетрација на тие уреди, понекој добар филм и серија и можеби пред се, владеат во популарната музика, Данска примерима сосема солидна кинемтографија,пред се висок животен стандард за жителите. АББА?
Волво и СААБ се поим за квалитетен автомобил, Банг и Олафсен ихаа...Малкумина знаат за огромната воена индустрија на Шведска на чело со Бофорс, Лансдсверк, Норма и Карл Густаф. Овие NLAW ПТ проектили се развиени од СААБ за да потоа Британија купи лиценца. Истите кои прават зулуми на руски оклоп па и софт скин возила како цистерни.
Америте изнајмија шведски подморници да ги проучуваат бидејќи на маневри им се пришуњале на доволна далечина да лансираат spread од торпеда што беше блам за америте. И тоа дизел-електични, не се тоа атомски, но со прворазреден систем независен од површинск воздух.
Сите наредни амерички броови ќе го носат шведскиот бродски топ од 57мм од Бофорс за кој купија лиценца.
Авионот од 4-та генерација Ј-39 Грипен беше во светски врв со појавата на стелт 5*та генерација, но сеуште е причино јак систем. Не можам да потенцирам колкав подвиг е Ј-39 за една земја од 10 милиона луѓе, па коа се појави на сцена, Кина немаше ништо поквалитетно,нит пак Индија.
Најоригоналниот тенк евер С-103 кој беше без купола, со широки гасеници, голема брзина и предвиден специфично за тамошниот рељеф бил чудо на техниката.
Освен елетроника тука се и Хускварна кои освен мотоцикли прави и феноменални алати и земјоделски употребни предмети
Освен Норвешка, остали нордијци немаат ресурси, популацијата им е смешна па една Шведска има одвај 10 милиона, Норвешка, Данска и Финска по 5,5 милиони, Исланд 360К.
Икеа не споменувам
ниту спектакуларни инфраструктурни проекти.
За земји со занемарлив број на население и не се така лоши, а има уште да се пишува, има тука неколку лица на форумов кои емигрирале бо Шведска па ако ја читаат темава нека кажат нешто повеќе.
Се извинувам за рефератот