Ништо не е смешно, не оди тоа така.
Не не, никаде не споредив на геополитички план екс-ју војните со оваа. На тактичко и оперативно ниво и тоа како Мариупољ наликува на Вуковар. Па дури и на пропаганден план, и тогаш имавме фашисти и усташи кои се бранат и "ослободители" кои ќе го вратат древниот србијански град во рамките на мајка Србија.
Да, се интересирам за вотра светска но позната ми е воената историја од повеќе епохи. Постојат битки каде што одбраната на еден град се решава пред физичко влегување на непријателот во дотичниот град, најдобар пример е битката за Варшава 1920 кога полските бранители ги понижиле агресорските москаљски орди. Ништо ново или невидено во Историјата. Па дури ја имаш и славната битка за Виена 1683 кога отоманите пробале да се пробијат на запад. Битката не се одвивала во самата Виена туку на прилазите кон градот.
Чак поради логистичкиот кошмар градеа цевовод во правец на Киев кој ќе ги снабдува со гориво жедните оклопни бештии, до таа мера беше "decoy", сега по свадба тапани лесно е.
И тоа како имаше напад врз Киев, беше гранатиран и ракетиран постојано, дури и некои предградија беа заземени од страна на опричњиците. Тоа, заедно со потопувањето на гордоста на руската флота се само пар примери за спектакуларни украјински победи.
Грешиш ако сметаш дека Русија е нешто фактор на било кое поле во светот или Европа. Русија не е Европа веќе подолго време, повеќе наликува на централноазиските сатрапии, нема цивилизациска моќ за претставничка демократија, сеуште царот и бољарите владеат над кулаците и мужиците.
Ајде да видиме еден филм, една песна, еден роман, еден компјутер, еден оперативен систем, еден програмски јазик кој настанал во Русија во последниве половина век.
Одговорот е едно големо зјапечко ништо. Русија била некогаш Европа, но од поодамна е Азија.
Освен бидување бензинска пумпа за Германија и Кина, Русија има нула значење во светот. Утре да исчезне Русија и она што го направиле последните 50 години светот нема ни да трепне.
Останува да видиме каков ќе биде развојот на настаните, лично бев затекнат од нивото на отпор од старана на украјинците, не очекував вакво нешто, но после првичниот шок увидов дека пост 2014 нивните воени сили сериозно се припремале во очекување на едно вакво сценарио за кое мислев дека нема да ескалира во агресија и етничко чистење.
Иако омразата кон русите ја имаше и во 2017-18 кога бев во Лвив неколку пријатели украјинци отворено зборуваа со омраза за москаљите.
Не е ствар на перцепција contested airspace не ми се верува колку лошо се координирани руските сили па имаше видеа во кои цел батаљон тенкови е оставен без пешадиска поткрепа и без авијациона поддршка.
Кога делуваат руските авиони и хеликоптери тоа е без координација со силите на земја, чисто напади врз цивилни цели и понекој редок удар врз украјинските бранители.
Живи били па видели, дали ќе бидат 4 недели, дали бранителите ќе се распаднат, дали ленд лизот ќе има влијание и колку санкциите ќе направат штета.
Можеме само да шпекулираме засега врз основа на малкуте реалистички извори на инфо.
Video was made in cooperation with the Estonian Defence Forces.Show your support for the Ukrainian people.Music and lyrics - Artur RehiBass, drums - Kaur Tei...
www.youtube.com
Инаку настрана од ова, има еден сајт кој ги документрира загубите на обете страни и тоа ги регистрира само оние случаи каде постои фото или видео евиденција. Нормално ниту оддалеку сите уништени возила не се снимени или сликани, но не можам да најдам подобар извор на инфо, ако некој знае нека сподели.
Според уништените, напуштени и заробени возила, има буквално над 2500 руски оклопни борбени возила од секаков тип кои се уништени досега што е стравична цифра.
Иако украјинските загуби се сериозни, далеку се од агресорските.
Како што споменав во претходни постови, западните ПО системи се значителен force multiplier во една ваква ситуација.
Инаку интересно но вистинито,
Бачето го ископа овој сајт, но тврдеше дека биле кратени фрејмови и биле сликани тенкови од различни агли
Руската оператива и тактика е иста со советската, т.е. маса тенкови во врвот на нападот кои поддржувани од мото-механизирана пешадија зад тенковите и со поддршка на авиони и јуришни хеликоптери газат све пред себе, Седум дена до Рајна и тој муабет.
Но сега на тој пристап се испречија полу-обучени тероторијалци со западни ОТ и ПА системи за кои не треба логистика а може да ракува со нив и шимпанзо после пола саат обука.
www.oryxspioenkop.com