Системското уништување не е од денес и не е од вчера!
Да не навлегувам во политика(има други теми за тоа), од 91’ наваму ниту една капитална инвестиција во енергетиката не е направена!
ХЕЦ Козјак не го рачунам затоа што е направен со друга примарна цел, а не производство на струја!
У овие 30 и една-две години веќе, само на избори слушавме:нуклеарки, Чебрени ,Галишта… и ред остали глупости!
Нормално дека народот(Ние) сме си сами криви! Ни американците, ни русите не ни се криви што стасавме до ова дереџе!
За криви ги сметам и моите наставници (посебно по географија) што 12г ме лажеа како државава ни е богата со водни ресурси! Сега знам и подобро… сам си научив!
РЕК Битола е посебна приказна ради која генерации и генерации на политичари/бизнисмени/директори и остали криминалци се збогатија за 10 генерации во иднина! Што и да кажам малку ќе биде.
Во целово ова ср@ње што ни се случува,
@tzlatko е во право кога вели дека ова е една од ретките добри одлуки! И така е! Скроз е во право човекот!
Цената на струја од увоз е таа, и ние и на глава да застанеме не можеме ништо. А до сега и ја третираа како социјална помош во бедново државиче! Нема више! Брат за брат, сирење за пари.
На истата таа “социјална струја” до сега се шлепаа и милионери и копачи на крипто валути! Трошеа илјадници кв/х по броило!
Додека некој копаше и правеше пари, буџетот се празнеше, а тие пари се пак наши. Фактички ние ги субвенциониравме копачите како земја со најефтина струја во цела европа!
Кога може доктор во приватна ординација да плаќа изгор сметки зошто го рачунаат за комерцијална фирма?!? (А дава здравствени услуги!). Тогаш зошто да тој 1% од населението што се богати на ефтина струја да биде субвенциониран??
Мора ова да се направи!
П.С. отвори пазар3 или реклама5 да видиш само колку ригови има на продажба

А тек ќе ги има!